јас имам користено консултација. Прво јави се за консултација, па ќе ти каже Сања дали треба програма
Пак јас Сменивме веке цела недела е на една дремка. Од 13:00-15:00 ако имам срека да спои 2 саата, или од 13:00-14:30 , толку почнав да ја бањам порано ,во 20:00, меѓутоа пак е иста проказна со задпивањето , трае минимум саат време, што значи заспива во 21:30 едвај . Истото рипање скокање по кревети саат време секоја ноќ. Синоќа направи драма и 2 ипол саата рипаше по перници и заспа со плачење едвај во 22:30, и стана сабајле во 7:30, ужас. Што да правам веке со ова заспивање навечер не знам.. по некоја логика ако е станата од 14:30 треба да е мртва уморна во 20:00 и треба одма да заспие а не да се мачи?
Исто е и мојата. Едноставно не сака да спие, се друго и е интересно. Само ако спомнам спиење почнува да плаче и да вика неќам. Такво си е детето, нема многу што да се праве.
Таман си заспива на време она. Порано и не може да заспие , освен ако дневна дремка и е помалце од саат време. Не ја форсирај за спиење. Еве од вечерва пробај тогаш кога и е време. Ако станала денеска во 14:30, рачунај 6-7 саати будна ..тоа му иде 20:30 или 21:30. Не и викај ништо, остави ја и види што ќе прави. Они даваат знаци кога им се спие, се бутаат со главата, тријат очи,и се ќенкави. Земи некоја минута пред 21:00, соблечи ја , среди ја за во кревет, и легни ја. Тогаш ќе видиш колку време ќе скока по кревети. Шеќери навечер и давате ли ?
Не ги мачете децата за спиење Едноставно се такви не сакаат да спијат. Синко беше шампион во неспиење, саати заспивање за неколку минути да врзи. Сега да сум ќе го оставам. Исто како на @Amelie1708 навечер од 8 до 10-11 се заспивавме. Ноќе милиони пати се будеше, па во 3:00-4:00 станувавме утрински( се смеам затоа чекав 14 год за второ амнезија да ме фати) И мене ми велеа навечер не шеќери, капење, рутина.. . Ништо не помогна. На 4 год почна цела ноќ да ја преспива денски пак од бебе 2-3 месеци не спиеше. Ова е спанка. Побрзо ни во филм бебе не заспива. Само цица, ако е јадена брзо само цуцлето го зема и веднаш заспива. Сто пати имам спомнато спие 2х2 часа Ако стане со помалку спиење, тера и 3 дури и 4 дремки додека не ги наполни 4,5 часа. Ноќе сега после скокот се врати во нормала и може 1-2 пати максимум да стани. Сега гледам да не и давам цице, барем ноќе да одвикнеме.
Трља очи, чеша уши , зева и кенка и се бори со мене по саат време секоја ноќ шекери не давам уопште, ако мислиш на чоколади, сок или слично... бисквити лобело само јаде по една две на ден ама тоа е обично накај 6 саат , не пред спиење. Нема што не пробав со спиењево , по се изгледа детево е на мене а толку се надевав дека сум грешка и дека ке е ко татко и. Иста сум била ко мала по 4 саата ме заспиваше мајка ми до 5 години душа и вадев. И генерелно не сум спијач и функционирам одлично со по 5-6 саата спиење иииии тешко заспивам и неможам да заспијам кога сакам така да детево е на мене оооосвен за спиењето навечер- спие ко топ а ја уште се будам на кочење на коли од улица или ако кивне комшијата а спие со отворен прозор Битно се навикна дека спие само еднаш во денот само мислам дека ке е поарно ако ја легнувам од 12:00 до 14:00 или до 13:30, приметувам 2-3 дена поред едвај додржува до 13:00. Од утре ке пробам да ја легнам во 12 па ај да видам дали вечерта пак 2 саата ке се бориме Фала мила на одвоеното време и советите
Абе знаеш дека главата и паѓа, ама не и не. Се е поинтересно од спиење. Инаку и мојата беше спанка (ова ти пишам да не брзаш со заклучоци со малата) Преспиваше по 1ч преку ден ама во 20ч најкасно беше заспана, и спиеше до сабајле до 8ч. Сега како некое друго дете,од се тантруми, за се се луте, да го стра човек да трепне грешно Еве си седиме сега, она насмеана до даска, ако спомнам спиење одма вришти.
Аууу мајки јас готово полудувам. Заспа во 8 ипол денес. Стана во 10, 11 и еве го веќе пола саат се бори со мене, спие и шпарта. Како ќе почнувам на работа не знам. Си газиме регресија.
Мајки совет... Додека сите се борите со неспиење на малите јас пак обратно ме фати страв оти моево многу спие..еве пример последниве 3 дена станува најкасно во 7:30 преку ден има две дремки по 1-1,5 саат и една од 30-40 мин и почна да ми заспива во 18:30 и си спие до сабајле со едно или две будења за млеко го пие и продолжува.. Не е многу спиење ова?? Додека е буден е весел се смее,гуга,писка поминува време на под значи се најнормално си функционира...температура нема ама незнам ова спиењево дали е ок...ноќно време спие по 11-12 часа
Исто спие и моето само што навечер легнува во 19.30-20h и се буди 4-5 пати за цицање. Со оглед на тоа дека твоето е на ад мислам дека не е многу, нели викаат дека тие на ад спијат подолго.
Таман си е, зошто многу? Малиов заспива во 19:30, се буди околу 3 за цицање, спие до 6-7. Потоа во 9-10 спие околу 1 час, па заспива во 12:30-13:00 и спие максимум до кај 16, можеби ќе дремне околу 17:00 некои 20-30 минути. Во 18:30 капење и пак истото.
Какво жалење... Да си ќутиме додека спијат. Кога ќе дојде период да не спијат, ќе го бараме ова спиење
По колку пати ви стануваат за цицање во 10-11часа спиење? И дали истиот ред за спиење го водите секој ден без никакви отстапки?