1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Мојата станува 2-3 пати, првото сонче и е подолго околу 5 часа, после се буди на 2-3 часа. Обично заспива околу полноќ никако порано, а преку ден скоро и немаме ред, цица и спие кога сака (и колку сака)
    Веројатно не сум ти добар пример за она што можеби сакаше да го прочиташ :D
    Инаку беба моја е 3 месеци без некој ден
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Јас со 5 саати години наназад функционирам. Во 1-2:00 легнувам, во 6:00 сум на нозе. Од девојка. Воопшто не сум по спиењето.
    Нормално е.
    Мојава спанка од кога дојдовме од болница до 9 месеци, буквално цела ноќ од 19:30-8:00 ја преспиваше или еднаш ќе станеше во сон за цицање.
    Сега со заби и 8 скок се поремети, стануваше безброј пати, но се враќа во нормала.
    Ќути си и спиј таму, ќе бараш да спие секунди повеќе
     
    На babyboy1 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Откако е родена исти ред имаме со еден час порано/подоцна заради лето/зима.
    Никогаш не гледам саат, таа го диктира, но кога и погледнам во него секој ден во исто време е и јадење, и станување и легнување.
    Така спонтано за ништите не и кршам ред. И многу ми е убаво. Според тоа извршувам обврски по дома, излегуваме, планираме гости итн:
     
    На WonderGuurl и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.437
    Допаѓања:
    35.124
    Пол:
    Женски
    Еднаш станува мојов, околу 2-3. Во скок може да се случи и повеќепати.
    Истиот ред го терам, дури и ако патуваме, темпирам дремките да му се додека се возиме.
    Денските дремки може да се понекогаш разлика пола саат-саат, но во принцип тој ни е редот.
    На пример, откако е роден, ниту еднаш не сме излегле навечер да го шетам, секогаш е легнат навреме. Прошетките ни се наутро кога ќе стане.
     
    На Sreka16, KuklickaSk и WonderGuurl им се допаѓа ова.
  5. WonderGuurl

    WonderGuurl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    2.260
    Пол:
    Женски
    @Thallia @Presrekna @0ли
    Фала за одговорите мајки:) тоа ме интересираше, бидејќи забележувам како расте диктира самото некое темпо, да не речам рутина. И, тоа ми се допаѓа, кога си спие со ред некако поспокојно е бебе.
    Е сега, мое е да воведам некои мини-ритуалчиња кои ќе го потсетуваат на спиење, како што е цуцла (значи ја зема и веднаш затвора очи, инаку кога е буден не ја сака ја плука), песничка, затемнување просторија и слично.

    А, им прилагодувате услови за спиење секогаш, во смисла секогаш ви спијат во спална (без звуци од страна) или ги оставате да преспиваат и во транспортно креветче, релаксатор преку ден, на вклучен телевизор, тропање и сл.?

    Леле извинете за прашањава ама се трудам ептен да го сфатам спиењево на бебе :D
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    До кај 4/5 месеци спиеше кај стигне, количка, спална, релаксатор, у дневна. Ова само за денско спиење, ноќе секогсш спие во негов кревет. Од кај 5 месеци почнав да го ставам во креветче кај него да спие. Темпирам шетање после спиење . Исклучок од ова е кога патуваме, темпирам спиење дур се возиме во седиште и сега кога бевме на одмор првото спиење го спиеше на легната положба во количка (10 месеци има инаку). Кога сме надвор од Скопје на спиење го легнувам во монтажно креветче и за дремки. Не сум му пуштала бели звуци за спиење. Од 7 месеци спие сп мал плишан мајмун и секаде го носиме мајмунот.

    Еве вчера во градинка му беше 4 ден и ми кажа воспитувачката дека заспал така и со мајмунот и спиел таму во креветче. А во градинка е секако галама, така да, добрп е што не е научен на бели звуци или на скроз тишина.
     
    Последна измена: 19 септември 2020
    На 0ли и Presrekna им се допаѓа ова.
  7. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Спиењето е цела наука. Затоа има многу прашања. Јас изгорена со првото анти спијач, сега многу пазев.
    Секогаш вечерно заспивање и е во спална во иста позиција Еве веќе 13 месеци.
    На почетокот нормално цело време висеше на цице многу пати заспиваше, тоа го правевме и во дневна, но сега исклучиво и преку ден во спална заспива и преспива. И тоа во креветче.
    Кога сме излезени нема проблем во седиштето во кола да заспие( поточно редовно заспива) ,или негде во количка, или на плажа.
    Убаво си фатила ред. Продолжи така.
     
  8. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    482
    Мене ме интересира ако се користи некој тренинг за спиење, дали тој трева и за денското спиење да се применува???
     
  9. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.128
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    Прво се работи на ноќното, после денско спиење и заспивање. Според мојот тренинг, на ноќното спиење може од одма да се работи, а на дремките дури над 4 месеца, некогаш и над 6. Тоа не значи дека преку ден се остава бебето што сака да прави, пак треба да оиа некоја рутина, само многу поголема флексибилност има во тренингот.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    482
    Дечкото е 6++, ако добро те сфатив најбитно е ноќното спиење да се подобри, а откако тоа ќе се среди се преминува на денското??

    Ние станѕваме кај 6-30 цица па кај 8 има оброк па кај 9 го заспивам, ама пак истиот е со нишање пеење, затоа прашувам дали треба и тука тренинг
     
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.128
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    2ипол саата е доволно будно време на 6 месеца, значи добар циклус имате на спиење-јадење-играње-спиење. Од тебе зависи колку сакаш да се посветиш на денското спиење. Тренинг не треба и не мора, ама ако сакаш да го примениш, колку порано почнеш толку побрзо ќе го прифати.
    Јас лично сум против нишкање за заспивање зошто отвара други маки во иднина. Битно е да има рутина, ако не ти пречи тоа да е со нишкање нема проблем. Јас малата ја ставав во креветче и само за раче ја држев, еве сега на година и 8 месеца сеуште така заспива. Нема нишкање и пеење, си знае дека ако ја легнам во нејзиното креветче време е за спиење.

    Муабетот е дека треба рутина да има во денот, тоа е неопходно, но конкретен тренинг за денски дремки не е потребен. Ако има добра рутина преку ден, полесно се спроведува тренингот ноќе. Но прво се почнува со ноќнто спиење.
     
    На WonderGuurl и Panovic им се допаѓа ова.
  12. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Хахах ќе ме потсетите дека сум се жалела дека многу спие кога нема да сака да спие:rofl::D

    Аии па со заби ко ќе почни е тогаш за кај сме :sweat:
    @0ли
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    3.574
    Пол:
    Женски
    Спие од 20ч до 7ч
    пие млеко еднаш во текот на ноќта но се буди по милион пати си седи, се шета по креветче,си вика си пее...
    прва дремка во 10ч 40мин
    втора дремка во 14ч максимум еден час
    За некој ден 11месеци ке прави
    Баш ни е забавно :drunk:
     
    На Cherry333 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.485
    Допаѓања:
    7.352
    Пол:
    Женски
    Исто сме. Од кога ви е вака? Мојов е 8 ипол месеци, од скоро почна повеќе да прави егзибиции, а иначе од 4 месеци навака повеќе од 2 саати спиење да споил на прсти се брои (мислам на 3 саати, повеќе никогаш, ептен е доследен). И од скоро има 2 дремки само освен кога ќе спие на првата 15 минути и натака ќе има уште една плус зошто не е доспан.
     
  15. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    4.924
    Мајки на 11 месечни бебиња,по колку дневни дремки ви имаат бебињата?
    Ние до скоро пред 1 недела имавме 3 дремки, сега пренинавме на 2. Првата е кај 10-11h трае 1h и втората е кај 15 и некогаш трае 30 минути некогаш 1h.
    Имавме ред фатено легнување во 21h и си спиеше ае будеше еднаш во 5-6 h за млеко и во 7:30h веќе беше буден.
    Сега не сака никако да заспие ниту дење ниту ноќе, водиме борби пробани сите ножни позиции.. А сме во 8 скок, немаме ниту 1 забче незнам дали е до тоа...
    Ноќе сега заспива кај 22h а некогаш ќе не фати и 22:30h
    Сака да е цело време на под да си вози количиња, сме во фаза и на проодување се качуваме секаде вртиме околу маса по кревети комода...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    124.624
    Леле малава е 7 месеци и одамна само две дремки има.
    Едната е 20-30 мин. Другата 2часа,ретко повеќе.
    Заспива 21.30 се буди 4-5 пати и до 7-8 е будна.
    Баш да видам во фаза на вадење заби како ќе спие.
    Едвај чекам да има една дремка.
     
  17. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    3.574
    Пол:
    Женски
    Од денот кога наполни 8м значи точно, не здрма не издрма регресијава скрос :sweat:
    @Adams кај мене има две дремки едвај, иначе исто нема шанси да ја фатиш да ја легниш плус и навечер си станува си игра :drunk: а беше бебе шо заспива само, ја оставам во креветче и толку со едно или ни едно станување, кај мене има 9 заби и знам кога е од болка будењето
     
  18. NORA17

    NORA17 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    да но не ми успеа сепак јас не се жалам на ситуацијата и не ми смета ќе оставам на времето му растат запчиња иако не покажува нервоза од чешкањето на непцата ќе покажам разбирање и ќе му оставам на времето
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    470
    Дали е нормално бебе од 1 месец да не спие од кога стане сабајле од 6-7 часот до попладне до 4-5. Некогаш и воопшто не сака да заспие преку ден, едвај 1 час. Совети како да ја научам да спие? Не можам да функционирам така, ненаспана сум. И вечер касно заспива во 11,12 и на секои 2 часа се буди.
     
  20. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    3.574
    Пол:
    Женски
    допрва ке бидеш ненаспана :D
    шала на страна бебе од 1 месец не се учи да спие, виси цело време на града ако е на ад на секој 3ч пие млеко, премногу е малечко тек и грчеви кога ке почнат бетер ке биде, има време ке си фатите ред.
     
    На Adams му/ѝ се допаѓа ова.