Слично е и кај нас؛ Ја будам на 2 ипол саати затоа што ретко сама се буди а според педијатарот мора да цица на толкав интервал؛ Но некогаш ќе се нацица и после не؟спие туку си набљудува а сме 11 дена؛ Значи дека е гладна или?
Како напредува? веројатно сте биле на педијатар. Кај мене од старт беше на АД плус јас не дочекав бебе да будам кај мене не спиеше и имаше многу грчеви до два месеци
Има золтица ама почна да паѓа билирубинот؛ За 3 дена 100гр има плус а и полни пелени؛ Ми е страв да ја остаам без да ја разбудам не знам дали би станала сама
Оваа неспиење целаа ноќ и мрдање со рачиња ноџиња во нормала ли е, толку е возбудено што мислам од креветче ќе излезе, лакомо цица и цело време како да е гладен...никако не се смирува ни во раце, ни на града.
Претпоставив дека веќе сама ќе се буди, ама ти од пусти страв ја следиш. Чим убаво напредува, ќе си се буди и ќе си фатите ред.
Дали вртењето на главчето на лево десно има врска со оформување на главчето или сепак се бабини муабети ? Нашите баби и двете врти го... како да го вртам кога само си се врти на десно обично
Има врска, доктор може да забележи која страна му е омилена На пример на моето првите 2,3м му беше омилена левата страна,на таа се вртеше зошто од таму седевме до него Педијатарот не советуваше да му приоѓаме од десно за да се врти и во таа насока,зошто не му беа исти двете страни на главчето
Си се врти на десно, зашто веројатно ти си му од десна страна и по миризбата си се врти натаму. За да му биде убаво оформено главчето ќе го легнуваш една вечер како вообичаено, следната на местото од главчето-ножињата, на местото од ножињата-главчето. Така ти ќе му бидеш од лева страна и ќе се врти на другата. И така наизменично.
Ова со будењето никогаш не ми било јасно. Кога е гладно, само се буди и бара храна. Логички, како и секое живо суштество. Чим спие, не му се јаде. А ноќта е за спиење и треба да се навикне на тоа, да спие во поголеми интервали, а не да јаде на 15 минути. Моето е ко саат, ретко се случува да зајде во спиење и нормално го оставам да спие. Зошто побогу би го будела.
За колкаво бебе зборуваш? Ако новороденче (како она за кое зборат погоре) има продолжена жолтица таа тера бебе на спиење, па така мора да се буди на секои 2-3 часа за подој, бидејќи со мочкање се исфрла жолтицата, т.е. се отстранува билирубинот од крвта. Исто така преку фототерапија и/или сончање.
Да, ако е на ад. А ако е на доење и уште не научило да фаќа града, не може да се нацица убаво, лактација невоспоставена, паѓа на килажа, жолтица фатило... Тоа првиот месец не знае што е ден, што е ноќ. Не знае ништо. После секнувало млеко, е тоа е.
Ние сме 6 дена, денес втор ден дома. Млеко ми дојде уште во болница, бебе си цица убаво, си спие, мирен е.. Спие само на страна - го вртиме и на лево и на десно, повеќе на десно пошто така ни кажа педијатар. Прашањето ми е дали е ок само на страна да спие? На грб воопшто не сака.. го ставам на грб со свртено главче само, он си се мести на страна цел.. има некој искуство со ова?
@MissBreezy @Jana06 На испумпано ми е, ама нема везе. Првото го доев од града и исто се будеше доста често за цицање па скренав. Се молев да поспие, уште па и да го будам. Си качуваше нормално килажа, дури и повеќе од потребното. Затоа трендов со будењето ми е нејасен. Кога не се буди, очигледно не е гладно.
Каков тренд. Си има причина зошто треба да се будат намерно некои бебиња. Некои се предвремено родени па повеќе спијат. Тренд
Здраво бебе кое инцидентно се успало и не бара храна според мене не треба да се буди. Не жолтица, не предвремено
Епа бебето за кое првично зборуваа членките и за кое ти напиша дека не ти е јасно зошто да го будат, имало жолтица, убаво си пиша мајката.