Охооо, јас по ова што го читам моето бебе како да е 3 години а не неполни 8 месеци . Будна е повеќе и од 6 часа, многу малку спие дневно. Се надевам ќе смени и ќе сврзува малку повеќе сон.
Ние сме в втор скок и не знам дали е поврзано ама ај пак да прашам...спие супер навечер, почна по 1 да станува, но спие немирно. Цело време врти со главчето а спие, не се буди и со рачињата мава. Едно време си помислив да не и е ладно, бидејќи не ја облакам многу, тенки шпикозни и боди по кратки, покриена со кебенце ама живееме во стан и стварно е топло. Но, утрово со ладни рачиња беше па затоа помислив така....или до скокот е?
Јас да И моето беше така, спие во креветче или со тебе ? Јас почнав да го повивам, не оноа класично повивање него со нешто памучно само раците лабаво за да не ги мрда, и од тогаш е во ред. Така прават кога се во фаза на заспивање, така заспиваат.
Па се трудам во креветче ама живи ненаспани сме така, затоа што цело време станувам да ја проверам. Ќе ја земам кај мене во кревет некогаш ќе се смири ама знае пак да прави така...ќе пробам и така како што ми викаш, може ќе има ефект.
Прочитај за Non Rem sleep i Moro syndrom кај дбебињата, тоа е нормална појава се губи некаде кај 3 4 месец. И ние сме монентално во втор скок..
Јас веќе не ја будам. Кака, мочка, убаво напредува. Знае да спие од 8 до 3 сабајле и тоа да и е прво будење. Ама јас со градиве не знам што да правам. Камче ми се прават и само паничам. Со првата ќерка знам дека многу побрзо престанаа да се стврднуваат, ова уште трае. Уште ова да се среди и топ сме.
И мене ми се случува истото؛ Цица од едната кога ќе стане кај 4 ама до сабајле кај 7-8 додека стане другата е 3 пати поголема؛ Сигурно треба да се адаптира лактацијата на новото спиење؛
Да не сме близначки ние и децава Многу ми е страв. 2 пати веќе имав проблем со градите. Едната лесно ја решив, ама другата едвај. Кренав тт 41!!! па бруфени пиев, молзење, топло, зелка . Ептен ми е страв.
И јас тука да се пожалам за мојот НЕспијач. Година и четири месеци, нема ноќ да помине да не се буди по 3-4 пати минимум за цицање, а некогаш и се расонува и знае да е и по 2 часа буден, или само да дреме на цице, едно 2 часа и да цица.. ај додека бев дома не ми беше толку проблем, ама сега одам на работа и жива ненаспана сум.. со концентрација сум за никаде.. инаку си тераме, ред, рутина си има, си легнува кај 7 и пол, само ноќното будење веќе станува голем проблем.. Не гледам спас, веќе изгубив надеж дека ќе се смени, се имаме пробано, и порано и покасно легнување, ништо нема ефект. Јас само да си се пожалам тука, да ми олесни.
До сега ја оставав во гнездо или креветче и сама ми заспиваше, не сакаше во раце؛ Овие неколку дена сака да си до неа залепен или во раце легната на гради кај мене ама ако ја оставам одма се буди؛ Навечер морам до неа да легнам и бидеме нос до нос залепени и да заспие؛ Ама мн е кенкава деновиве ептен
И јас веќе почнав да размислувам за одбивање, зошто стварно веќе не се издржува ова темпо.. макар што не сакав да го одбивам зошто оди во градинка, барем зимава сакав да истераме, ама некако тешко засега... како ја одби ти? и тоа ми изгледа дека ќе биде тешка мисија..
@kukla21 @Mila_Skopje И кај мене навечер спие, не се буди за цицање си спие навечер ама мене сега друго ме мачи си мислам супер вака шо си спие и јас одморена сум ама кога ќе дојде скокот, кога нема да цицаат преку ден нели треба тогаш навечер да ги будиме за цицање додека се успани и можно ли е да немам доволно млеко оти нели ќе се регулираат градиве навечер чим не цица ќе нема млеко тој период
Нема да го будиш. Прво не знаеш дали и колку проблем ќе имаш со цицање, а и да се случи тоа на дневите дремки ќе го подлажуваш. Мене само еден ден ми плачење и не сакаше да цица, ама некако пробував со промена на положба на цицање и нешто успеав нешто не. Еве го денес друго бебе, кенка малку ама ќе прифати и цица солидно. Мене не ми се случи да немам млеко туку ми се препунија градите вечерта ама стана еднаш и цицаше. Малче ќе бидеш подуена ама ќе пројде и тоа
Кај мене е сега 8ма недела тој скок и очекував нешто пострашно ама не одбива да цица и навечер почна да ја спие цела ноќ само плаче кога и се спие и неможе да заспие па и треба повеќе време да се задлабочи ама ништо страшно. Ич не ми е проблем ако ми бидат подуени градите само нека си спие