Шетаме, колку што времето дозволува, кога нема ветер и не врне.... Исто да ве прашам дали ви спијат на грб без перница и после доење ноќеска?
Некои ставаат под душек ама тоа мора педијарар мислам да ти препорача ако има проблем бебето. Нормално здраво бебе спие на грб не му треба перница си бљуцка тоа не може да се задави. И види да не ти е топло многу дома држи 18-20дт кога треба да спие да видиш што убаво ќе се наспие @Krofna* исто и ти види да не ти е жешко дома бар до 18ст намали
2 дена се залам за спиењето ама очигледно било до скокот؛ вчера се врати моето претХодно бебе цела вечер мирно си спие и тоа во креветче, еднаш стана за цицање и спиевме до 10 замислите 11часа наспани, среќно бебе и среќна мама؛
Лел ајде и кај нас скокот треба за 2 дена да заврши валда ќе почне да спие Значи очине ококорени а му се спие и плаче со солзи само со пуштен фен денски заспива Навечер спие ама кенка
Апсолутно скоковите ги деранзираат децава؛ Друго дете имам, насмеано, среќно и бебе што сака само да спие ко да не спиело со денови (не дека не е вистина )
Незнам оваа мојава како не и се спие , јас паѓам она е весела заспива од 21 до 21 и 30 сабајле е станета уште во 6 наспиена и само брбори, денски дремки има три по максимум пола саат
Мислам битно е и како спие, мојов спие од 11 до 11 ама од што се мачи во спиење со грчеви, па да предне да кака и пак ќе стане за 1 саат му се спие од што не е наспан асално... А богами ни јас со него
Луѓе бебево ми е 12 дена воопшто несака да спие преку ден, очи му паѓаат и исклучиво сака во раце, а го спиштам во креветче или на спална секундарно станува Како е кај вас? Дали е нормална оваа реакција на волку мало бебе?
Нормално ли е бебе од месец дена да врзува 6 часа спиење без да побара да цица? Вчера цел ден имаше кратки дремки и беше нервозна кога беше будна, бараше во раце..Последниве 2 дена повеќе спие ноќе, ама еве ја сега 6 саати спие, дури јас се разбудив...