Мајки бебе е скоро два месеци. Навечер си спие супер сам во кревет без никаков проблем, меѓутоа преку ден дремките се само ако лежи на мене чим го спуштам станува. Мене ми е преубаво дур он спие на мене и уживам ама пак од друга страна не можам ниту да направам за јадење ниту до тоалет да отидам. Како да успеам барем некоја од дремките да го заспијам без да ми се разбуди кога ќе го тргнам од мене?
На 100неста го пишав ова досадна си станав ама ај пак ќе споделам Денски го оставам во креветче и палам фен или усисивач и усисувам од звукот заспива а после тоа на јутуб пуштам бели звуци и тера кога ќњ заспие цврсто гасам се Ова само за денските ноќе ми заспива без проблем Или истово само бо количка го возам ако е премногу кенкав Вака имам 2 дремки една 9-10 цел саат тера и втората 14-15 саат или два. Ноќе од 18ч до 1 па после од 1 до 5-6
Мене 2-3 дена вака деноноќно ми правеше дури и премногу малку спиеше. Ни фенови ни усисивачи ни бели звуци, ништо не помагаше. Затоа сега надокнадува само спие. Ако се разбуди кога ја ставам во креветче, и ставам цуцла и ја галам по главчето, така заспива.
Мајка и јас се пробав и џабе؛ Навечер топ спие преку ден ништо, еве овие 2 ден по 15мин во креветче и со се буди؛ дури и педијатар прашував и фаза им е сакаат близина и сигурност؛ Тоа е би требало да се смени понатака؛ Чекам да почне и заврши 4 скок па мозда ќе се среди и тоа
дури многу спие ние 100 дремки по 15мин ама затоа цел ден пееме песнички, се смееме, си играме, цртан гледаме и во 22часот кома сме сите
Епа така правеше и мојот по 10 15 мин и дома што попрво Па почна некако да врзува сам во кревет се заигруа ќе заспие Бар можам ручек и да средам а за пеење он со татко му кога ќе дојде со мене поише вежбаме на стомак, читаме приказни
Мојата и на мене не сврзува, секогаш се презаспиваме Ама се случува и кога ја оставам да сврзе некогаш. Чекам 20мин да е длабоко заспана па ја оставам и додека ја спуштам го држам телото на неа, вака и кога е веќе спуштена останувам неколку секунди. Ако се размрда и го држам рацете малку и така Ама Мојот проблем не е како да ја спуштам бидејќи таа и сама заспива кога ја оставам сонлива. Ама не сврзува
И мене ме интересира каква е таа регресија? Читав ама моево распизнава веќе ден и ноќ не знам дали е можно да е помината таа регресија?
Спие цела ноќ и сврзува може заради тоа денски не спие. Колку време ноќе спие? Кај мене уште се буди ноќе ама затпа дење 2 пати по 1 саат врзува без проблем и тоа сам заспива првиот пат вториот пат со нишкање
Мајки бебево мое утре прави месец дена, меѓутоа воопшто неспие преку ден дали е нормално? Ќе заспие и за 5 мин почнува да плаче и се буди од сон и сака само во раце да спие
Леле различно секој ден само со ноќите е исто 8-9 часа. Еве вчера имаше дремка од 1.5 часа и потоа јадеше и веднаш пак заспа уште 1.5. ова утро од 8 до 10 спиеше(стана 6:45) Потоа 2 дремки од 30-40мин и еве сега спиеше од 16:30-19:00 ама ја презаспивам дека се буди а гледам дека и се спие уште Пбично ми се изморува после 1.5 часа па може сега ќе ја заспијам уште пола час и ќе тераме рутината за вечер. Легнува секоја вечер 22:00-22:20 твоето мислам спиеше нонстоп со паузи за јадење од 18:00 до сабајле?
Ова и кај мене се случува, ама последниве два дена, еве денес 3 ден. Има 5 недели малата. Само што ја спуштам во креветче се буди за 5-10 минути. Ич не сум убаво спиена и јас деновиве. Не сакам да ми спие во раце ама па ми е жал да ја оставам да приплачува и да ја гледам ненаспана. Спие цврсто или до мене на спална или легната на мене. Пробав повивање, задржување на рака кај неа на телото, дури и цуцла лажалка пробав и не бива. И еве си нишкам.
Да така е ама веќе му фатив точен ред за спиење Сабајле 10-11 дремка од 1ч и писле 15-16 втора знае и пократка да биде и после од 18ч тера до 5 во 5 до 6ипол знае да се разигра ама во кревет си седи си гуга се смее и ќе се измори па си дремнува и веќе до 8ипол сме станати Не знам вака многу дали му е ама ако скокне спиење е многу нервозен
На таа возраст имаат скок во развој и се покенкави од обично. Прочитај во темата скок во развој. Само гушкање и трпение, за неколки дена ќе имаш ново бебе Вкупно треба да има околу 16ч спиење дневно, мада и ова не е правило.
Супер ти е редот браво штом си тера до сабајле Ние само навечер сме исти. Денски уште не, баш се мислам дали треба порано да ја легнувам ама вака тера до 7 без јадење. Велат дремките се дтабилизирале повеќе накај 5ти месец И мојата е нервозна ако не и доволно спиење. Рачунам и се фаќа да спие по 14 саата во 24 часа некаде.
Тука се негде Па ја баш прашав која е таа регресија за спуење нели во 4ти месец кај што се будат на секој час ноќе и ако не грешам после тоа почнуваат да преспиваат. Еве нашиве знаат ден-ноќ и спијат Јас на твоето не би му менувала ако спие без да се буди супер е тоа така да тера ама не сфатив дали ти се буди цо сред ноќ за млеко?или ги врзува. Ако не го врзува тогаш пробај воведи уште една дремка дење
Не е нормално,значи многу е мало, нормално дека сака топлина. Во рацете му е топло и е обвиено како во мешето. До вчера што се вика ти било во утробата. Гушкај го штом така спие, имаш време за ред. треба што се вика нонстоп да ти спие. На таа возраст треба да се будни околу 45-70мин макс пред да се преморст и потоа е потешко да го заспиеш. изгуглај awake times 1 month old. многу ми помогна да разберам колку треба да бидат будни Многу е важно за развојот, ако само во раце ти спие, пробувај дс го спушташ заспано откако е длабоко заспано