Мислам дека моето е во таа регресија сега. Од бебе што спиеше преку ноќ, сега станува на пола саат, кенка, чеша очи, плаче...4 дена по ред. Веројатно е тоа тоа.
Кога почнаа да ви создаваат ред на спиење малите? Ние сме скоро 3 месеци ама баш и немаме ред, навечер некогаш полноќ некогаш 1 не фаќа со заспивање и преморено да е и да не е и бањање во исто време ќе го заспијам порано се буди со плачки со грчеви и пак касно не фаќа. За преку ден спие до 11 ќе стане 1 саат и пак заспива од што спие немирно и е изморен... Некако без ред сме а со грчевиве навечер колку и да се трудам ко да неможеме да направиме точно време на заспивање, ни навечер ни денски. Кога почнавте да им создавате некој ред до мене ли е да направам нешто или тешко додека има мака со мешето?
За првото ептен се замарав. Ова кутрото, спие кога ќе се укаже прилика Терај како ти одговара тебе. Помапку сум под стрес вака, него ли со првата ќерка.
Малце тешко со грчеви ако има ептен...али моево заспива во 9-10 сега со скокот...гледај ако преку ден ти спие ептен скрати му ги дремките и да легне порано ама ако е во скок тешко малце тогаш неред имаат само
Не спие ни денски многу, а и да заспие до кај 10 за 1 саат се буди па врескање нишање пак 1 некогаш и 2 не фаќа. Но и преку ден некако сме без ред на 2, 2 ипол саати заспива некогаш спие пола саат некогаш саат некогаш 15 мин ништо не му се знае. Иако е мал и грчеви има ме интересираше дали веќе треба да почне ред да има или рано е
Се зависи од дете до дете некои имаат ред некои не јас едвај го оправив да не седиме до 3 сабајле... прати го детето како се однесува гледај да не се преморува и затоа да не може да заспие. Кога се преморени не се поднесуваат на глава ќе ти се качат или пак ако не е активно толку нормално нема да спие некоја средина да му најдеш кога јаде па да се успивате. Ние стануваме во 8 за јадење и буден е два саати па спие и така во круг се до вечер кога треба да спие цела ноќ
И моето е 3 месеци и исто е како ти што си напишала. Касно легнува во 1,2...преку ден дремнува само по 20 минути во раце ако го оставам се буди одма плаче... Го презаспивам и го држам да се отспие ништо не можам работа да потерам...
И моето е 3 месеци. 21 го носам во спална гасиме се, цица тапкам по газе и заспива без нишкање. Последната дремка му е во 18:30 после тоа не му давам да заспие. Преку ден не спие во исто време ама гледам да го ставам во приближно исто време горе долу пол сат, саат разлика. Доколку бебето не спие преку ден, нема да спие ни навечер. Пробајте со некоја рутина пред спиење, дали масажа, бањање...или нешто деуго, за неколку дена ќе се навикнат. Бебињата сакаат рутина.
Имаме рутина пробав и исто време бањање цицање светло гасиме, дури и лежам до него и мижам и јас ко забегана ако отвори очи божем разбира нешто џабе може да заспие 1 саат и се буди и до 2 журки или пак ич нема да заспие одма почнува со плачки
@ni.na и јас прашував за ова во Совети ама не добив одговор... Никако пред 12,1 не заспива. Бебе е 2 месеци. Еве синоќа си легнавме во разумно време после бањање, а поголемиот дел од денот беше активна и весела со 2 дремки од по 1 час. Од синоќа од 10 часот спие ко топ! Ја будев во 1 за да цица, после сама се разбуди во 4 и 30, 6:30, 8:30, 10:30 цица и заспива кома и уште спие По апликација пишува во втор скок дека е, можно ли е од скокот волку да спие?
3 месеци, Немаме некој денски ред, гледам да е будна 1саат и нешто и кога ќе почне да кенка или да се прозева 2-3 пати ја успивам. 4 дремки на ден. Мислам не е можно во исто време да дремнува поради тоа што секој ден дремките и се различни. Еве ако некој има со добар денски ред нека каже Бањање во 9и нешто, млеко и до 10 најкасно е заспана. На два месеци беше 10и 30 некаде ама пробувам порано. Кога заспиваше 10:30, се будеше измеѓу 6:30-7:30 без јадење, тогаш беше со 5 дремки Сега јаде накај 5 и продочжува до 8 Напрајте рутина пред секое вечерно легнување Кај нас е бањање, масажа, бел звук, млеко и кревет
Се сум пробала и не успева секогаш заспива после 1 часот... После бањање се научи дремне малку и пак седи до 2,ајде и бањањето порано почнавме и тоа не помогна... Еве вчера заспа во 3... Не знам како ќе ка оправиме уште малку 4ти месецполни
Денски како стоите со дремките? Тоа е многу важно мислам дека за 3-4 месеци возраст треба од прилика да спијат 4 часа дневно Кога станува сабајле кога заспива толку касно?
Денски дремнува често но кратко претежно во раце онака се буди и плаче цело време, сабајле станува во 10 поседува малку и кај 12 пак заспива
Одприлика вака би изгледало спиењето нормално и ти да спиеш до 10 сабајле ќе си легнеш во 8 вечер или во 12 или 1 не викам дека баш мора да е вака али одприлика
Кај мене е вака само што трета дремка нема фаќа заспивање од 16-17 го будиме во 21 да го бањаме и после тера до 4 Или идеално ми е заспива од 18ч го будам накај 11ипол пие млеко и тера до 5 ама кога како не знам како да го држам до покасно Морам да го будам иначе таман сум легнала станал за млеко
Кога почнуваат бебињата да имаат некој ваков ред на спиење? Претпоставувам пред да помине првиот месец не може да се очекува да се има некаков ред, освен нели доколку спие да се буди за јадење?
Моето бебе спие но јас не спијам. Значи има периоди си спие многу убвао стснува еднаш саамо за јадење и продолжува. А има к периоди кога цел аноќ на два три часа се буде не з ајадење незнам зошто и морам да станувам го земам веднаш презаспива, до кога вака. Скоро 5 месеци е.