ДВЕ Две дооооолги непроспиени ноќи. Уште од почетокот си читав и се си се тешев,до 3 месеци,па до 6,па до 9,па до годинка и никако спиењето не се среди. Ај грчеви на почетокот,па скокови,па регресии,па заби,па не знам уште што не..... До година,година ипол,се будеше по 6,7 пати,некогаш повеќе,некогаш помалку,ама на саат или саат ипол. Некогаш само цицаше,некогаш колку да го земам во раце,некогаш така дремеше буден.... Уште цица,и точно 2 години е,пак се буди 3 или 4 пати ноќе. Цицнува и заспива . Не го одбив зошто читав искуства од мајки дека и после одбивање,ништо не се подобрило,па не сакав да му скратам цицање за ништо. Можеби ако го одбиев порано ќе престанеше со будење,а можеби и не. Како и да е детево ми наплати со спиењево како за 3 деца
Ајде те влечам за нос Да второво ноќе си спие,јас не си станувам со првото. Исто барам совет како да не станува и да не шета низ соби во 3 4 сабајле
Засега од мое искуство, само тренинг за спиење. Побарај ја др Гуднајт. Ете се покажува дека има бебиња што не знаат да спијат. Додуша можда никое не знае да спие правилно, еве читам дека некои во 23 некои по полноќ заспиваат и тоа на 4 5 месеци. До кај 3 месеци ок е да меша ден со ноќ, ама тоа е тоа, не се занемаруваат и многу фактори за лош сон. Јас сфатив дека бебе треба да се научи да спие и заспива само. Кога гледав емисии за доење порано си велев охоо ќе цица колку сака навечер и кога сака. Хах ме зафркна, вистина цицаше и презаспиваше одреден период, а подоцна почна да ми се буди по цицање и да не може да презаспие, баш во оние ситни саати пред будење, кога се троши хормонот за спиење. Е реков батали ти доење, дај види како детево да спие, зашто во скок потешко ќе е. Си консултирав тренер за спиење и пу пу пу сега си спие многу подолго, да не го заречам аман, многу се живцирав, ослабев и немав волја за ништо. Се расприкажав, ама поентата ми е да промениш нешто дефинитивно. Одвикни го од некои навики и понуди му нови. Кога и тоа ќе почне да спие и да преспива, како ќе биде поинаку.
Роднина оди кај др Гуднајт има ист проблем со 1,5 бебе до доењето е се буди од навика за цицка Нема друго и да одиш кај неа истото ќе ти го каже се додека не се решиш да го одбиеш со плачки 2 3 ноќи и после ќе спие Бебево мое 3м има и преспива со 1 будење на ноќ, твоево е дете веќе големо може без проблем 8ч да ги спие...сега твоја си е одлуката
Ноќеска успеавме кај 19ч заспа стана кај 00:30 за млеко и тераше до 5ипол сабајлево па пак дремна и сега еве го буден Вечер со бањање ќе му оддложам пак па ќе видиме до кај ќе стигнеме него сега е супер во право беше не е нервозен, наспан е, не е прегладнет да вришти
Мојата комшика го имала овој проблем(постара е сега) вели како цуцла ме користеше на секој пола час и ми пукна филмот кога имаше 9 месеци, маж ми трета смена, јас го наранив убаво пред спиење, му дадов да цица и после кога се разбуди за цицка после пола час, го оставив до сабајле. Вели плачи тој, плачам и јас Комшиите прашувале што му било таа ноќ, плачел до сабајле ама вели од тогаш спиел по цела вечер
Кратко и јасно, тоа е решението за вакви случаи. Да сум цуцла на секој пол сат или да изигравам заспивалка на батерии, хааа не можам веќе. Ќе си поплачи вечер-две и раат после.
Точно откако ја одбив престана да се буди навечер, 22 месеци беше тогаш, еве 8 месеци поминаа како не цица, не станува ниту еднаш навечер. Ни вода ни нишкање ни ништо. Едино коа тргнавме памперс па за мочкање ме будеше,инаку ја преспива цела ноќ, 10–12 саати без проблем. Инаку беше ко бебе некое, мораше да цицне за да презаспие.. Ужасно напорно ми беше. Барем отспав овие месеци.
Сакам да прашам, што кога ќе се одбие малото од цицање скроз навечер? Што се случува следната вечер? Магично ја преспива ноќта и тоа е тоа? Или и тоа е процес долг на плачки?
Вечер-две сигурно имаш плачки. Во просек се вели кај 3 4 ноќ се намалуваат плачките и потоа почнува да преспива. Инаку, да, чудно е ама така се случува, бурно плачење може да има, драматично и следна ноќ штама цела вечер. Магија. Само да се издржи првите ноќи, после е лесно. Најдобро е да следиш насоки и да се водиш по нив. Јас и сама импровизирав ама дека неупатена, па многу бев нервозна и со прашалници што како да правам. После на гуднајт се обратив и убаво ми објасна.
Незнам дали е нормално бебе 40 дена да не спие по цели ноќи значи ни пола саат да не преспие од 00:00 до сабајле до 7 будни и си плачеме не цело време ама плачка си е да ја шетам низ цела куќа си ќути мирна е. А преку ден глас не и се слуша си спие па има еден период будна најнормално. Веќе немам сила
Исти сме 42 дена, син неспијач прва класа, плачлив, само во раце... Нели да поминат 40 дена и нови деца ќе бидат Се надевам дека ќе смени раце ми паднаа Битно знај не си сама
Јас имав индивидуална консултација, 2000 денари. Има и посебна програма, таква се прави според тоа какви се навиките на заспивање кај бебето. Сѐ е индивидуално и треба да се договорите со нив. Тие ќе ви кажат што ви е потребно, откако ќе одговорите на прашалник.
Мешањето на ден и ноќ е сосема нормално до 2ри, некаде и до 3ти месец. Не е убаво толку да биде буден бидејќи е многу мало и дефинитивно е преморен. на таа возраст додека јади, менеш пелена, малку се гушкате и треба да се успие. Изгуглај awake times за таа возраст. преку ден ќе го нараниш, играјте си малку и успивај го, секогаш со светлина, кога е буден да има звуци, ако дозволува времето изнеси го. Навечер имајте рутина пред спиење, пример бањање, масажа, песна, млеко и спиење. Кога ќе ти се буди навечер, нека е темно со минимална светлина колку да видиш, не му збори, нека биде тивко. вака учат разлика од ден и ноќ, колку побрзо примениш, побрзо ќе научи.
Нормално е бебето да се буди, инстинкт ѕа преживување е тоа. Стварно се чудам за мали бебиња што мислите дека е нормално да спијат по цела ноќ, или требало да спијат цела ноќ. Па тоа е проблем кој мора да оди да се решава и да се плаќаат пари за некој да ви каже да го оставите бебето да плаче. Извинете, ама страшен револт ова ми создава зашто се работи за едно мало, беспомошно суштество кое целосно, ама баш целосно и во секој поглед, зависи од вас за да преживее. Нема бебе што не знае да спие, не е тоа нешто што треба да го научи, па да му дадеме еден тест. Има бебиња на кои едноставно им е потребна поголема утеха. Наше е да им направиме рутина, да направиме да се чувствуваат секогаш сигурно, да сме секогаш тука за нив, ваљда и затоа сме ги родиле, а не зашто уште сакаме да си спиеме по 12 саати и никој да не ни го ремети редот и мирот.