Јас изгледа имам среќа со мојов спанко и фала богу. Јаде на 4 часа, преку ден после јадење е буден по саат време некогаш два зависи, и одма презаспива, и по цел ден си е така. Навечер си врзува повеќе сон, претходно го будев сама за јадење, ама сега го оставам он сам да се разбуди, кога ќе стане го пресоблекувам му давам си го пие млекцето и одма потерува пак. Убаво ми е и мене вака затоа што конечно сум одморена, а и имам време преку ден да завршам некоја обврска се плашам само сега како ќе расте да не му се изремети се.
ние се будиме нонстоп, а не они. и мојата е вака ама јас не можам да спијам мислам од грчеви на почеток, будење за јадење и сега таа заспива 9.45, јас до 1 се вртам по кревет
Српак мислам дека на Ад е каде каде полесно да се фати ред одколку на цицање особено во скок кога се кога се будат доста често Вие колку направивте по колку мл даваш?
Богами да, кога беше на доење ми беше страшно напорно цело време се будеше некогаш и на пола саат жива не наспана бев, сега сум раат. Два месеца и две недели е, по 120мл уште пие. Мислев дека му е малце и сакав да зголемам ама ми повраќа од повеќе и докторката рече дека му е доволно 120 сам ќе покаже кога ќе му треба повеќе.
Ја не би се обратила кај никаков тренер за спиење, промена е огромна за мене и предизвик што сум мајка и тие фази на исцрпеност се дел од мајчинството и нема да траат со години. Како да ја тренирам оваа мала душа и да ја оставам со плачки? Моето не прави паузи спие по 11-12часа ама се буди да цицне и продолжива, заспива само со цицање и никако поинаку Планирам уште зимава да дотуркам со цицање па напролет да прекиниме. Прашањето ми е што да му правам во тие моменти кога ќе се пробуди а сум решила веќе да не цица?
Две години ќе прави за едно 14 месеци Цуцла не прифаќа, од нишкање во раце уште толку се расонува, возење во количка па ептен му е забавно
Аа може и голема ти е за цуцла таман ќе прифати треба да ја одвикнуваш Ајде ќе видиш од пролет сега цице и е цуцла за успивање поубаво и е
Давам biogaia и колиеф не помага значи барем еден саат да сврзе ќе кажам спие ама ова не. Додека цица само успева да дремне и толку Верувај све сум пробала џабе е. Очигледно пореметено и е ден со ноќ Леле мори мајко. Е ме утеши сега Баш така првото ми е со ад многу полесно ми беше и си спиеше по 3 4 саати. Ова сега 24 мислам на цицка е и не спие
А од која возраст веќе немаат реална потреба за млеко ноќе? Дали кога веќе јадат по 3 оброци? Ова ме буни, потоа ќе се буди за цицање а нема да добие ништо, уфф сигурно се плачки тоа големи јас познавајќи се, не би издржала
Постепено мораш бар јас така правев со син ми, значи прво ги скратив дневните подои, цицаше само ноќе за заспивање и во текот на цела ноќ мислам дека надохнадуваше ноќе за тоа што не цицаше дење. Втора фаза беше каде што го учев да заспива ноќе без цицање и тоа ми успеваше само во количка никако друго,кога успеав го навикнав да заспие така почна да се буди ноќе поретко и една вечер ја преспа цела ноќ и тука реков дека веќе е крај на цицањето, наредните ноќи кога се будеше го нишав пеев и успевав да го презаспиам, за неколку дена почна да не се буди и да си ја преспива ноќта. Иначе син ми беше 16месеци кога го одвикнав.
@elimkd врти сучи малку или повеќе ќе плаче. Сигурно ќе најдете начин како замена - некои даваат водичка, цуцла (макар шо и неа после ќе треба да ја тргнеш), со татко му да заспие. Најдобро е постепено да се намалуваат подои за полесно да му е. Ама засега штом по цицање заспива, одлично. Која е фрустрација е да цица, цица и потоа не продолжува да спие, ами се буди и се нервира, дури стомакот му клокоти од млеко. Со што и да го замениш цицањето, можно е да се буди пак и неизбежно да биде плачењето. @RainBow , за новороденчиња и мали бебиња се согласувам да не се применуваат тренинзи, не ни сум помислувала на тоа никогаш дури беше помал син ми. Периодот подоцна кога цицањето станува мачење и сѐ поинтензивно, а веќе преминуваат во дечиња, тогаш сум за воспоставување ред во спиењето. Тренинг. Да, зашто е исцрпувачки премногу секоја вечер да се слушаат плачки. Му давав да цица по неколку пати и пак се будеше и плачеше и ненаспан. Син ми секако беше плачлив дека му се кршеше сонот, така што кога веќе слушав плачки, бар да има ефект. Не, не ми њ целта јас да спијам пола ден, 6 сати ми се доволни за да не сум зомби и следниот ден да се сакам себеси и другите наоколу. Целта ми беше да спие детето, да се одмори, му е потребен сон. Тоа си го кажувам за нас дома. Јас го сфаќам спиењето кај бебињата како вештина за која треба време да се усвои. И една мајка ќе си процени кога е време детето да спие повеќе, зашто бессони ноќи се толку фрустрирачка работа, а и опасна воедно. Така што на почеток не, ама за подоцна сум ЗА тренинг!
Тренингот на др.гуднајт е без плачење. Повеќето тренинг програми нудат без плачење да се научи детенцето да презаспива т.е. само да се успие/утеши. И да, се учи спиењето @RainBow. Посебно се учи како да спојат 2 циклуса спиење за да може да имаат продолжен сон.
Зависно од бебето од темпераментот и од возраста. Не се стресував на плачките, две вечери беа и тоа не цела ноќ, туку неколку часа. Затоа го спремаш со рутина, го мазиш, му читаш книга или било што друго, значи ти си присутна, и потоа треба да го ставиш во креветче за да се заспие самото, а потоа е полесно.
Прочитај дали е можно само да се утеши, или да се научи да се самоутешува. Психолошки не се развиени за таква вештина зашто нели, бебиња се. За да поврзат циклуси треба се да им е погодено, па да си презаспијат, а некогаш им треба помош, па затоа нели, плачат. И ние ако на пример ни се оди во вц стануваме, а не продолжуваме циклус. Така што не, нема да се научат никако. Кога ќе им дојде времето развојно тогаш ќе спијат. Темава е за бебиња, затоа мислев за бебиња збориш, има друга тема за децата. А твоево повеќе ми личи на одбивање од цицање на пример. И тогаш не се остава да плаче, нормално дека се утешува, искрено не знам како и кога е океј да не одговориш на потреба на бебе, ете и на дете нека е. Бебињата немаат глас да кажат, не можат да се побунат, кој да рече и да се заземе за нив освен родителите?
Моето е 10месечно. Има еден подој кој му е доволен за ноќта. Преку ден цица неколкупати, не го одбив. Секако, тука бев кога му бев потребна, не применав тежок тренинг.
Ние сме само на цицање и бебето спие 8-10 саати ноќе без да се разбуди уште од месец дена. Ниту сум го учела ниту сум го оставала да плаче. Не спие на града, си заспива сам во креветче. Муабетот ми е многу зависи од дете до дете, дали имало грчеви, па повеќе било во раце (моето немаше), и дали се остава да ‘спие’ на града - подој треба да трае колку што ефективно цица бебето, а не да чмата и грицка напразно. Едно е кожа на кожа и гушкање и утеха и мазење, друго е цицка во уста постојано.
Се согласувам. Секое дете е различно. Ама и навика ствараат ако се толку мали. Како сунѓери се се впиваат. Моето е швајцарски саат. Се бањаме, заспива, еднаш за цицање навечер се подразбудува само и сабајле си поспива до кај 8 богами. Од старт само го оставав во креветче и истите термини ги запазуваме. И за заспивање, а и во скоро исто време се буди.
Моето не спиеше на града али грчеви го утепаа 24/7 имаше не е учено во раце птобав и со молзено само кога имаше 2 месеци и нешто да му воведам ред џабе швајцарски саат на два саати јадеше