Да ти пратам видео од моево девојче како ги работи рацете Така го осознаваат светот. Не му придавај мн значење. Колку повеќе му се замараш, толку повеќе го приметуваш.
Женски дај кажете што да правам ? Страв ми е дека ќе се навикне вака ,во раце спие ,спушти ја плаче. Како да се плаши да спие е ...
Мораш да издржиш,друго нема . Период е. Баш после 4 скок сите бебиња така прават,спијат во раце,а на кревет не и многу тешко заспиваат. И моето спиеше се во раце ,кога ќе пробував да го спуштам на кревет,одма се будеше.
Уф.А да пробаш до нејзе да лежиш? Има бебиња што спијат исклучиво со телесен контакт,не цело време ама имаат фази,бар кај нас е така. Спие со ногата качена врз мене,и со едната рака да ме допира. Ако напуштам соба,за 5 мин или одма е будна,ако лежам до неа со саати може да спие,или ке се разбуди,ке ме види и ке продолжи.
Искрено секој ден менува еден ден сака во раце еден ден не сака сам себе не се разбира. Сега и за дремките преку ден го глацкам малце штом видам дека трие очи и кога ќе заспие одма го спуштам на страна и го нишкам по газот и не ми се буди а предходно пополека го супштав додека да го спуштам се разбудил и пак од ново. Денес го ставам во креветче ја до вц он си заспал сам кога како им е погодено
Кога почнаа да ви спијат бебињата во креветче? Дали е подобро дасе учи бебето да си заспива во креветче кога е во скок или после скокот(т.е. како би имало ефект)? Дали заспиваат сами или во раце?
Кај мене од прв ден. Да пробаш да го играш во креветчњ играчки да му поставиш некои да се занимава да не плаче кога ќе го ставаш за спиење. Прво да го осознае креветчето. Бар кај нас е така доста време поминува најбезбеден ми е дури се бањам или оравам ручек ама пуштам пееснички и игра со висечки играчки
Денеска два пати го ставив првиот пат се успа сам додека да отидам до вц. Има играчка се вртат глодалки над него и музика и свети играчката аи огрдицата му е интересна облачиња шарени им гуга и заспива. Преку ден е топ али навечер и на наш кревет не можеш некој денови да го спуштиш, а веќе се скичмивме со мм не иде даго пазиш да не го нагмечиш ај додек аимаше грчеви океј сега коганема веќе време е за во креветче
Преместувај го ноќе откако ќе заспие акп спие цврсто и малце по малце ќе се навикне Или во раце успивај го па спушти го во креветче ...
Моето од прв ден во креветче спие, зависи до денот некогаш го оставам и му правам муабет па заспива, некогаш малце го нишкам во креветчето, некогаш го заспивам во раце па полека го пуштам. За во скок искрено не знам, сега за недела ипол ќе ни биде 3от и не знам како ќе биде, многу сум исплашена што читам цело време за скоковите, да не му се поремети целиот ред сега за сега одличен ред си има фатено и со спиење и со јадење.
Мислам сеуште не, освен лиги. Не сум гледала детално дека не е нервозна како твоето бебе сега. Се надевам ќе помине побрзо кај вас. Подобро ли е денес
Моето спиеше во креветче од прв ден, потоа кога помина она спиењето сонливи нонтоп почна многу да мрда и се будеше често, па ја повивав, па со нозете мрдаше значи многу немирно спиеше Ај од тогаш со мене на кревет и подобро е. Сега спие од 9:45 до 8-8:30. Не е идеално заедно ама барем сите спиеме, вака станувај на пола час и таа нервозна. зависи од бебе, Знае и сама да заспива, не ја нишкам навечер ама не знам зошто сама во креветче толку ми се будеше. На раце ја заспивам денски ама на фотеља што се лула некогаш ја оставам после во креветче, некогаш си одмарам и јас
Од прв ден спиеше во креветчето. Некогаш и сама се успиваше. Сега не знам што е со бебе ама како да се плаши да заспие,пишував погоре ..еве две вечери како спие до мене ,ич не сакам (ради безбедност) ама немам друго чаре ,на рака ако ми заспие цицајки само што ќе ја спуштам вришти. Вака легната таа ,легната јас цицајки заспива и така тераме...се надевам дека е период .
Ќе се сложам со @kukla21 бебиња се тоа мајки, менуваат. Денес само ќе заспие, утре ќе го нишкаш 2 саати. @Осе ме насмеа не се секирај, сигурно не се плаши од спиење. Не за џабе измислиле нова спортска дисциплина "спуштање бебе во креветче, без да се разбуди" И нормално е се', и нишкање да сака, и во раце спиење, близина и допир од мама... Наше е да наоѓаме техники, да го олесниме заспивањето и да им го подобриме сонот. Па, и во раце да поспијат, или на гради наслонети, нека! Зарем има поубаво чувство?! Уживајте во секојдневието со нив Пребрзо растат
Сега гледам дека не сум ти пишала Денес пак истера 1 ч денски и после некој 30мин втора дремка Заспа кај 19ч сигурно ќе стане во 1 па се надевам ќе презаспие бар до 5 и вака да тера ми е супер ај валда ќе поместиме уште малце покасно Само што сега почна до 4 да спие и толку после се буни
Мене ме убиваат денските дремки три пати спие по пола саат, 7 ипол месеци е, пред 5 минути заспа во 5 ипол будна ќе биде и наспиена
Ние си имаме мака навечер преку ден убаво солидно спие една дремка саат една два и две по пола час. Навечер спие по 10-11 часа но често знае да се подразбуди и морам да стснам го земам и веднаш продолжува, значи тој е наспан а јас како дежурна заспиј разбуди се цела ноќ.... Се осеќам мн изморено и ненаспано, кога ли ќе престане да се буди без веза зошто јаде пред спиење и еднаш во 5-6 наутро и продолжува да спие уште два три саати...имаше периоди кога спиеше супер и еве пак проблем... Значи не се буди за јадење не знам зошто се буди ваљда на секој цуклус и не знае да презаспие... 5 месеци прави на 16ти....