Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Син ми е 4 месеци, со саати не може да завлече во спиењето, постојано се буди во сон и плаче, некогаш се смири со шшкање а некогаш морам да го разбудам за да се смири.. Зошто ми прави така, имал ли некој вака.. До ниедно време не можиме да си легниме... До 4,5,6 некогаш... Жива ненаспана сум
     
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.748
    Допаѓања:
    11.331
    Пол:
    Женски
    Иако сум мајка по првпат и само 10 месеци, ова го сфатив во моето искуство. Се согласувам со текстот.
    IMG_20210115_064422.jpg IMG_20210115_064618.jpg
     
    На BabyD0ll, ..barbie.., RAK91 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Во булет поинтс го има она што зборевме. Бебињата учат да заспиваат/спијат.
     
  4. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    3 месеци, вчера за прв пат после месеци добро спиење се разбуди 7-8 пати
    И дадов да јаде 3 пати :worried: што се случува
     
  5. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    2.016
    Пол:
    Женски
    Синко 7.5 месеци. Од како наполни 7 месеци сета рутина што ја имавме падна во вода.
    Дали има во овој период регресија во спиење? Навистина незнам што се случува?
     
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.748
    Допаѓања:
    11.331
    Пол:
    Женски
    Токму така. Уште ова и веќе не замарам :)
    IMG_20210115_091810.jpg IMG_20210115_092056.jpg
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Дојдов да ве "утешам"
    14м е ги има сите заби од единици до четворки, има три оброци и две ужинки, јаде солидно.
    Ај сега од почеток до 4м не сврза повеке од два часа и тоа спиење врз мене или татко и од 4м до 8м спиеше убаво само со едно будење за млеко АМА од регресијата во 8ми се се поремети будење на секое тоа траеше до 11м после имаше мирен период до роденденот од роденденот навака е лудило сеуште пие само еднаш АД ама се буди на секое, кенка, оди по креветче, се шета низ соби ако ја земам на спална се пентери по нас,рипа скока, си седи, сето ова проследено со кенкање и некогаш со тантрум.
    Преку ден спие еднаш.
    Фала,сама ке се испратам :hai:
     
    На dunika, Осе, Cherry333 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Јас па мислев стварно ќе не утешиш не приметив наводници :D
     
    На Snowflake97 и haruki им се допаѓа ова.
  9. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    И задоволна од консултацијата?
     
  10. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    За жал со наводници е :D
    Ако има некој со утеха нека се јави ама без коментари од типот брзо растат и слатки маки :D
     
    На elimkd, Katerina94 и Milkiway им се допаѓа ова.
  11. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Што ми вика мајка ми нонстоп
    Деновите се долги, годините се кратки
    Ама ко не си наспан нема утеха ни во тие зборови :D
     
    На elimkd, haruki, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Син ми е 17+ и сеуше се буди во текот на ноќта. Го одбив на година со надеж дека нема да се буди, но залудно :(
    Не пие млеко во текот на ноќта само се буди за да го земам и гушкам, нишкам или да го легнам до нас но и тогаш немирно спие. Дали е некој скок или друго нешто го мачи веќе незнам што да превземам, работам во три смени е ептен ми е напорно... совет, искуство??
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.748
    Допаѓања:
    11.331
    Пол:
    Женски
    Нели на 18 месеци има некој скок, ако добро памтам, мислам дека е 9тиот.
    Јас мислам да му овозможиш сам да заспива, за кога се подразбудува, да не те бара на секое, туку да продолжува сам. Како го заспиваш навечер?
     
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.748
    Допаѓања:
    11.331
    Пол:
    Женски
    Засега, да. Веќе три недели спие во креветче, свесен дека заспива тука, тоа му е местото на спиење. Ние навечер ќе поуживаме во дневна и се комираме. Во текот на скоков да видам како ќе се одвива. Туку, за "тренингот", не е страшен, ти си тука до него првите вечери, само што го оставаш сам да заспие. И нема постепено, понежно ставање во креветче, не постои.
    Директно го префрлив првата вечер, го ставив во него и плачките може да почнат :D
    Поврзува по 7 8 часа, дури и до 10. А кога плаче, му помагам со тапкање малку. Некогаш кемнува и сам продолжува да спие. Цицање има едно, ретко до две.
    Ефект од тренингот - првата недела. Упорност си бара, инаку џабе ако попуштиш.
    А за цицање, без гајле, доволно им е еднаш, повеќе им е вишок. Пелената наутро е доволно полна, со едно цицање, а со две е уште потешка, значи се хидрира.
    Нема да им биде ништо и да не пијат толку многу навечер, ама тоа е, останало така сфаќањето. Плачат по навиката со која ги заспиваме, а не од болка, млекце или пак нешто друго.
     
    На dunika, Snowflake97, Spidy и 3 други им се допаѓа ова.
  15. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Колкаво е бебето?
     
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.748
    Допаѓања:
    11.331
    Пол:
    Женски
    10 месеци и два дена.
     
  17. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.970
    Допаѓања:
    4.857
    Пол:
    Женски
    Значи сепак го оставаш да плаче додека се научи само да заспива ? Ама не е само во собата или ? Добро ли сум разбрала? На која возраст почнавте со тренингот?
     
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.748
    Допаѓања:
    11.331
    Пол:
    Женски
    Плачеше првите ноќи 15 20 минути дури заспа. Јас сум тука за утеха, значи со шшкање, тапкање малку, седам поблиску до креветче, потоа, следните вечери се оддалечувам. Кај нас олеснително до негде беше дека го имав одвикнато од заспивање во раце, го заспивав легнат со тапкање, а потоа и цицањето му го одвоив од заспивањето. Цицаше, му ја тргав градата, ако видам дека само така цуца и потоа ќе поплаче, и си го земаше прстето во уста. Сега веќе сам се трга, од града и го зема прстето.

    Затоа бев со консултација, а инаку ако треба да се работи на менување навики, ќе треба програма.
    За време на тренингот, бебето имаше 9 месеци и една недела.
    Следните вечери сѐ повеќе се одалечував, според упатствата, и потоа само го легнувам и излегувам. Ако кемка, се враќам, го сгавам пак, ако е станат на ограда и излегувам.
    Во текот на тренингот, првите вечери, сред ноќ има пак плачки по малку, ама тоа е, нема друг начин, мора да сфати дека сам заспива.
     
    На Spidy и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  19. monalizicka

    monalizicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Скок во развој, исти бевме .. :sweat:
     
  20. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.970
    Допаѓања:
    4.857
    Пол:
    Женски
    Како го одвикна на која возраст од заспивање во раце? Многу прашувам аама ме интрресира:nod: