Нема гајле, сѐ што сакаш, прашај. При крај на 7ми месец, забележав дека не сака во раце. Јас го нишкав станата нели класично лево- десно и некако секое нишкање се вртеше, се тегнеше, како да негодува, главчето како што му беше кај раката, како да се виткаше и ептен неугодно изгледаше. Претходно јас ќе го нацицав и нормално, си мислев дека треба да го нишам, така уште од првите месеци почнав. И по секое цицање, си чекаше да го кренам за нишкање, си очекуваше, па и поинаку не знаеше. Е откако решив дека не го земам во раце, по цицањето, го свртев странично и почнав да го тапкам по газе. Почна да се буни, се вртеше на грб на страна, полека му велев шшш нано нано, плачеше нормално и за 15 минути заспа. Мислам дека многу добро беше шо тогаш се одлучив за таков начин. Многу ми помогна за сега. Следната дремка исто, малку се бунеше и за неколку дена виде дека подобро му е така, па се научи на новиов начин. Пробај, малку ќе има плачки, не се нервирај, за некој ден ќе попушти. Лесно се учат на нови нешта.
Пред да почнам со ноќно заспивање во креветче, го оставав во него преку ден, малку за да го научи, бидејќи воопшто немаше спиено во него, т.е ммогги малку. Кога го ставав, скокаше од радост, стани клекни, е супер му беше. За првата ноќ, кога го легнав, прво се исправи и почна да го чепка, нормално, др. Гуднајт ми рече ќе сака да го истражува. И го оставив колку сака. Па почна да плаче зашто му се спиеше и не знаеше како. Го легнав, стана, па пак го легнав кога заплака. И веќе по неколкупати не стануваше, дека уморен, ама продолжи да си плаче. И за 20 минути заспа. Втората вечер мислам дека не стана за да го чепка креветчето, ама пак плачеше и следните денови се подобруваше.
Ти благодарам на одговорот. Мојот некогаш задпива во раци само со држење и си седнувам да ми е удобно се гушка и заспива, некогаш го нишкам нежно некогаш сака да го тапкам по гсзето. А ако спие и се подразбуди некогаш со тапкање по газето се смирува и продолжува. Некогаш заспива во количка. Ама спие во креветчето. Сакам да го научам да си орезаспива сам,не ми е тешко да го заспијам јас но потоа кога се буди пак го бара истото па ќе мора да се учиме сам, ќе почекам уште месец моето е 5 месеци сега мал ми се чини. Ама ќе мора да се учиме. Кога беше бебе некогаш се случуваше сам да заспие но од грчевите малку спиеше и многу плачеше... Се надевам ќе го надминеме овој проблем лесно ако не ќе мора и ние консултации да правиме или програма. Уште еднаш благодарам на споделеното
А ти се будеше ли во тек на ноќта, или кога беше помало? Моето нема проблем со заспивање во креветче ама мноогу мрдаше и сама се будеше доколку не сум до неа да ја осетам, дадам цуцла итн Исто и ние за дремките се презаспиваме често, за д си бидат подолги дремките, но моето е многу мало 3 месеци и една недела
Можеш за некое време, после 6ти месец, да го насочиш кон заспивање само со тапкање, без држење во раце, за ако мора некаква консултација, да ти е полесно. А потоа заспивањето самостојно во креветче не е толку страшно, ќе видиш. Јас мислев дека задоцнив со тн тренинг, ама сега гледам дека таман беше, ок можда мааалце порано можев, ама и вака успеав. Бар засега, сега во скок да видам што глисти ќе изводи, ама сепак со тренингов очекувам поблаги реакции.
Супер,се надевам лесно ќе минете во скокот. Полека полека ќе се оправаме. Па ако не бива ќе бараме стручна помош
Ние сме 4 месеци веќе два дена по ред од сабајле го ставам во креветче дремките му се по 2 часа да знаев порано ќе го легнував и исто како ти што викаш со тапкање по газето
Така си е. А бе каква навика ќе им дадеш, така ќе сакат. Бебињата не се свесни како треба, ние им покажуваме. Ние се потресуваме за нив- леле бебе е, како да спие без мене- и после цицање и нишкање до прво одделение. Е па нека е
Ако постои период кај што човекот најмногу знае што му треба, тоа е кога е бебе. Затоа плачат на се што не им одговара се додека не го добијат тоа што го бараат. Бебињата свесни се како треба, само некогаш не ни одговара на нашиот животен стил па си викаме дека ние знаеме подобро од нив
Кога го спуштам во креветче, колку и да е цврсто заспан, за секунда се исправа и почнува да драми и да плаче заоѓа. За тапкање и шшкање ич муабет да ме правам. Вакво хиперактивно дете ни свети тренинг не го спасува
Хахаха пробај на бајачка Се шалам Пробај задржи ги рацете кога ќе го спуштиш во креветче, пробај на повеќе обиди, трет, четврт обид ќе се измори ќе попушти.
Мајка, дека е цврсто заспан, затоа ти се разбудува. Знаеш како да го научиш во него? Да го ставиш буден или полу-заспан, па да е свесен дека сам ќе заспие. Јас колку и да одбегнував плачење, неизбежно беше, мора да го има. Па добро и преку ден плачат кемкаат, на вакцина плачат, кога ќе се удрат плачат и веќе отрпнуваме, а сега за заспивање да им се тресиме. И за тренинг, од коментари на задоволни родители што читав, кај некои на 15 минути се будело бебето, спиење во раце по цела ноќ, луѓето гроги, мислеле нема чаре за нив. Со тренинг друго бебе. Ама за секое соодветен пристап, затоа најдобро консултација.
Син ми така заспива на 3м ама ја изгледа од што не знам да го успивам и си заспива. Валда ми се погоди. Ќе почне да кенка малце во раце го нишкам гледам нема ефект се откажувам го ставам во креветче и седам до него некое време го држам за раче. После го оставам и само го ѕиркам. Он си кенка додуша мал е не го оставам да плаче, ќе покенка се врти и си заспива. Се случува да стане да се разбуди ќе поигра пак ќе презаспие. Се надевам дека сме на добар пат дека нема да смени.
Супер, сега бебето гроги, ама родителите битно наспани. Што убаво си спијат сега родителите, нема врска што бебето се буди и си лежи така без да плаче, зашто секако знае дека никој нема да му помогне. Успех