Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.748
    Допаѓања:
    11.331
    Пол:
    Женски
    А како бебе би се разбудило без да даде знак? Не капирам. Било која возраст да е, или ќе плаче или ќе скока. Како може да зјае така и да ќути?! :^)
    И уморно бебе се гледа преку денот, се нервира лесно, не совладува лесно вештини, поспано, тешко заспива на дремки.
    По твојов коментар испаѓа дека сугерирам строг тренинг во кој го ставаш бебето во креветче и излегуваш и те нема цела ноќ.
    Што да знае дека никој нема да му помогне, кога има со него некој дури да заспие.

    За бебето мое досега можам да кажам дека си е одморено, посвежо, лесно спие на дремките и навечер. Другите како сакаат нека прават. Ако им е убаво на секој пола час 9 10месечно бебе да се буди, без да се наспие, веќе го доживуваат тоа, јас споделив дека има начин, а некои и очајно го бараат.
     
    На Sexybaby86, BY<3, Brpbrp и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Моето бебе 3м заспива денски после 20 мин се буди си седи се заигрува и пак презаспива. Сигурно не си мисли еј нема кој да ми помогне да не плачам безвезе...некои бебиња се такви едноставно. Со заспивање во овие 3м многу ретко сум имала проблем не ќе трчам на секое отварање очи во раце да го грабам со плач ќе си каже ако нешто не му е по ќеиф...
     
    На Brpbrp и Pacient srna им се допаѓа ова.
  3. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Ах камо мојата после тие 20мин да си е среќна :D нервозна што сака уште да спие, а се разбудила
     
    На Fatalnata и Milkiway им се допаѓа ова.
  4. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Колкаво е бебето
     
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Знае да е нервозно ако го земам. Некогаш мислам толку се наспал и ќе го земам во дневна и почнуваат плачките. Затоа го оставам давам цуцла ѕиркам пуштам музика класична си свири и бели звуци си се вртка си гледа во една точка и презаспива. Претходно сум грешела ми спиеше по 20мин сега вака по 1ч врзува затоа и успеав тоа што зборевме заспива во 19ч тераме до сабајле до 6 со будење секако
     
    На Fatalnata, Brpbrp, Katerina94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.413
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Nerodeno:D:D
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.281
    Пол:
    Женски
    Види вака. Под тренинг се подразбира да се научи бебето само да презаспива. Значи без помош од родителот. И кога тоа ќе се постигне се мисли дека бебето спие цела ноќ.
    Е сега, тоа обично се постигнува со слушање на плачки. Па имаш, на пример, ако плаче го потапкуваш да види дека си тука и пак излегуваш. Или со строгите тренинзи не влегуваш за само да се смири. Го тренираш нели. А бебето секако дека се буди зашто е бебе, зашто му е инстинкт за преживување, или можеби само му треба допир. Само што со тренинг се учи дека џабе плаче, едноставно никој нема да дојде, а и да дојде ќе биде џабе, па си седи така будно додека не презаспие.
    Обично се мисли, најадено е, пресоблечено е, сите потреби му се намирени, тогаш плаче од досада, од бес, разгалено е, нема потреба да му се угодува. А го заборавме допирот кој им е премногу важен за развојот. И да сака да се гушне, да види дека родителите му се тука должни сме тоа да им го дадеме зашто нели, сами сме сакале бебе, не ни паднало од небо.
    Ова тренингов е измислица од поново време зашто родителите немаат нерви, време, трпение, морат да станат за работа и да се наспани. Плус, еве вака кога се шират приказни, аааа моето бебе да видиш како спие по цела ноќ, како сум го научила, па другите родители ненаспани се фаќаат во истата замка.

    Инаку, пробување на тоа бебето како би заспало не е баш тренинг, не е тренинг додека си тука со него.Сите сме пробувале работи за како да заспие или презаспие, ама ако не пали и плаче тогаш се прекинува, тоа е разликата.
    За ова што да се каже дури, не знам, немам зборови. Колку е погрешен концептов е крајност.
    Разликата е што сме тука и ги тешиме, знаат дека не се сами, за разлика од ноќе да се остават да плачат сами или кога не можат да презаспијат, па да плачат додека не презаспијат. И зборуваме за бебиа кои не можат ни да ги кажат што ги мачи.
     
    На ..barbie.., dunika, Thallia и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Супер штом ти заспива сам. Терај така браво. Јад направив грешка кога имАше грчеви нонстоп во раце. Сега веќе не ја успивам на раце, успеав со легнување до неа на кревет и тапкање. Да ми се навикне на ова па ќе пробам уште еден левел погоре како твоето сама да ја оставам хаха
    Среќа не ми се повтори вечерта од вчера, тераше 9:40-7:45 со две јадења во 2 и 6
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Хаха тогаш супер, јас да знаев некои работи на почеток друго ќе беше
    Следи рутина јадење, малку играње(ова кога е штотуку родено значи само мениш пелена малце му зборуваш и дошло вееме за дремка) па спиење. Кога се толку мали издржуваат 30-50мин будни додела не се преморат. Знаци дека е време за спиење: црвени веѓи, прозевање неколку пати по ред.кога ќе приметиш понуди дремка со твојата рутина
    Кога ќе стани пак истото, на секое станување нека јади за да нема асоцијација на јадење и спиење дека одат заедно секогаш.
    Кога е мало ќе ти заспива на града нормално ама колку можеш следи го тој редослед
    Потоа ако го повиваш, повивај и стави го на креветче поспано ама не заспано, што значи напрај си некоја рутина пример повивање, пееш песничка го лулаш мн малце во раце и го ставааш во креветче така кога скоро му се затвараар очите. Така се учи да заспива само, ако почне да кенка, плачи доколку знаеш дека пелената е сменета, дека не е гладно, ќе го тапкаш по газе или стави ја раката на градите и лилај го малце додека не заспие.
    За навечер имајте си рутина пример со бањање, масажа, јадење и спиење за да знае што следи ќ.
    На почеток мн често ќе цица ама после тоа успивај го пак така со одтавање во креветче
    Денски нека ти е светло, со тв во позадина со збуци, ноќе кога ќе јади, нека е тивко и темно.
     
    На Izzy_0504, Pacient srna и Milkiway им се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    До негде си во право али сепак ние сме тие што ги учиме да јадат ,да фаќаат играчки да се врти и ред други работи се тоа сами не го прват се е со наша помош исто и спиењето кога би бирала бебе да презаспива само навечер и да спие со мене при тоа да мфта со рацете и се бута и не дај боже д го згмечиш или угушиш со то родителот е нервозен би го избрала бебе да презаспива само. Ако бебе е среќно расположено и се тоа значи ништо не му фали има бебиња ашто се зависни од родителот и има што не се. Сепак неспан родител е многу лошо тука спаѓаат нервоза,депресија лоши мисли немање трпение когга бебе плаче и ред други работи. Родител почнува со работа во градинка никој не го гледа нашето дете затоа и гзовите им се потпарени дека ги гледаат ептен тогаш не им влијае тоа на психолошкиот развој? 5 деца да плачат во исто време нема да можат сите од еднаш да ги смират и тогаш што правиме?
     
    На elenaklasik и Milkiway им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.281
    Пол:
    Женски
    Поради ова треба да ги оставиме и за се останато да се снаоѓаат? Ова како оправдување го напиша или?
    И тоа е апсолутно не во ред, се што напиша. Наместо да се гледа да се оправат и тие работи, ние плус да го додадеме и ова другово.
    Со наша помош е едно, а тренингот е без наша помош. Ја гледаш разликата?
     
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Не е никакво оправдување ама кога би можеле сите да се среќни зошто да не никој не го остава бебето да се дупне од плачење без престан. Али не и да се зависни од нас цело време по стресно е од денес за утре да го оствиш такво бебето утре во градинка а може и да не сака кој ќе го чува и како би му помогнале тогаш? Сите сакаме се најдобро за бебињата а не си го гледаме и нашето здравје. Не дај боже од премор утре паднеш што ќе се случи ќе плаче бебе нема кој да го крене истата рутина како ти што ќе му ја воведеш не може друг некој тоа темпо да го држи. Ако гледаме така децата треба цел живот со нас да спијат и д ане се двојат
     
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.748
    Допаѓања:
    11.331
    Пол:
    Женски
    И син ми така, кога ќе му завршеа два циклуса, 90 минути, се будеше и нервозно плачеше. Прво мислев дека со цицање ќе се успие, ама по неколкупати сфатив дека не му успева. Баш плачеше како од нервоза, а со нишкањето уште пред два месеци се поздравивме, стварно немам сила дете од 10 кила да нишкам во раце за да го успијам.
    Ете така кога пробав повеќе нешта, џабе, си сфатив дека треба да го префрлам во креветче и без претходните начини кои ги применував дури беше помал.

    @RainBow ,во ред, така размислуваш, го почитувам твоето мислење, исто така мислев и јас сѐ додека не осетив како е да не можеш да му помогнеш на бебето да презаспие. Прво беше погрешно местото на спиење, а потоа чести подои. Сите си ги следиме децата, па одговараме на нивните потреби следствено.

    Едно е бебето кога е мало, на 4 5месечна возраст, а друго е веќе по 6 месеци. Јас забележав поголема разлика во спиење откако почна да е активен преку ден многу, по 7 месеци. Преку ден се изморуваше, а навечер не стануваше да ги изводи истите активности, само што се будеше, поради прекинати циклуси, па се нервираше поради тоа. Ако имаш некој ефектен начин без плачки, како си постапувала, сподели да научиме.
    И плус се познава прекинат сон од страв, болка, глад итн.
     
    На BY<3, Brpbrp и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  14. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Од кога имам две деца разбирам дека секое дете си е своја приказна.
    Ноќ нема скоро 2 години постарото преспано.
    Стануваше од навика за цицање,па заби додека излегуваа знаеше силно да врисне,па за млеко и сега незнам за што станува.
    Минимум 3 пати станува во ноќ,со плачење исплашено и вика нееее неее.
    И тоа плачење....
    Спие на спална нема шанса во креветче бидејќи не успевав да го слушнам кога е станат и сакаше да се навалува од креветчето па ми беше страв дека ке скрши глава.
    Незнам дали е буден тогаш кога станува да плачи и низ соби шета или месечари.
    Многу немирно спие.
    Незнам како да постапам ајде ние неспани 2 години ама и он.
    А бебе е друга приказна. 3 месеци е спие само на меше и не станува ноќе. На ад е и последното шише му е во 22 до 7 сабајле
     
    На Осе, dunika, Kate Rina 93 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Пие шишенце млеко, го допива ми го дава и заспава гушкајќи се со мене. Имавме еден прекрасен период кој за жал траеше кратко. Го научив да заспива сам и тоа во периодот додека цицаше, му направив трениг за заспивање и беше успешен, секој ден капење и легнување си заспиваше сам во соба без цице и без никаков контакт, спиеше цела ноќ од 20ч до 08ч без да се разбуди, тоа треаше од 7ми до 9ти месец, почнаа запчиња, температура, плачење во сон и пак се вративме на цице преку ноќ, послем на 12+ го одбив но ден денес се буди, за тренинг да му правам пакк немам нерви да го слушам како плаче а и сега е голем ќе урла ќе скокне од креветче... Дали грешам некаде или е некој периот незнам, се случива да плаче панично во сон и едвај да го смириме со маж ми.
     
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Не е точно. Тоа му се вродени рефлекси на бебето.
     
    На WonderGuurl и elimkd им се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Ако тоа му се вродени рефлекси тогаш и спиењето му е по некоја логика. Вчера за прв пат спиеше во креветче и ниту му требаше вртење,тупкање по газето ништо сам си се вртеше лево десно дури и поубаво и без плачки за разлика со нас кога спиеше :)
     
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Не, не му е рефлекс.
     
  19. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    @Autumn_ овде те тагирав во оваа тема да ми кажеш како го решивте проблемот со тешкото заспивање?
    До кога траеше?
    Оваа е пострашно и од грчевите.Малата е 6 недели
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Бебињата имаат мака да заспијат ако се преморени. Следи ги знаците. Менувај место, начин.
    Си пробала со бели звуци?
     
    На Brpbrp и Love86 им се допаѓа ова.