@kukla21 обично пуштам бели звуци и додека траат грчевите,успева понекогаш.Но маката е одпосле,од шо е преморена неможе да заспа и похистерично плаче.Не фаќа и града,ептен мачно.Сношти пробав во релаксатор,некако успеав.Преку ден немам толку мака,бара да цица ама права фати пушти ќе се потегне ќе ја занишам и заспа.Ама ноќе после грчевите е хаос.И ноќните подои ги скока,и тоа ме загрижува Со првото ваква мака немав..
Пробај бели звуци, бебе на кревет и цице. Темно нека е со мало пригушено светло. Максимум 90 мин будно бебе.
Сум пробала на кревет и цице..и да и се цица никако не фаќа.Бара да цице додека ја нишкам,ја ставам на града плаче,се тегне.Ептен мачно тоа...
Колку време трае оваа фаза,кај грчеви па и оваа.Чудно ми е,ако фати малку ке повлече и ако и дојде млекце се тргне.Тоа е оти не и се цица или?И кај вас ли вака беше?
Се осеќам како феил кога ја читам темава. Јас и машкиот сме ноќни птици, ќе средиме биоритам и пак го поебуваме. Како да воспоставиме ред на бебе кога и нас не ни се знае крајот? Малиов спиеше по цел ден, ноќе full power, нит нас не оставал да спиеме, а и ние него сме го хајпнувале среде ноќ. Сега од петни жили се трудам да воспоставам ред и за мене и за него. Спиеше од 4 попладне до сега, со будење за доење, па пак презаспа. Ќе пробам попосле да го разбудам и да го држам буден барем два часа.
Како успеавте малите да заспиваат сами, син ми е 4 месеци и само со нишкање стоејќи и шшкање или пеење заспива, веќе е многу тежок не можам да го држам се живо ме боли, секое успивање е такво по цели денови и ноќи, цркнав веќе
Сосема си во право за ова Обично кога гледам дека трие очи го земам во раце и го ставам во креветче и го нишкам по газето додека да склопи скроз очи не се тргам и овие три дена ми спаси кичма тоа али кога има некогаш грчеви раце си се раце а богами тешки се веќе
Јас пак ќе ти пишам извини Ми остана во мисла со постот во Доење абе да не е гладно бебчето? Многу чудно ми го опиша доењето? И сега пак пиша дека не спие и плаче цело време. Интезивното плачење неспиење може да упатува на глад. Ако цица само дење а ноќе скока многу е мало бебчето еве може грешам ама да пробаш измолзено да дадеш да видиш разлика? Или бар да одиш на педијатар да те видат со цицањето и со килажата. Извини стварно не сакам вака да коментирам ти си го знаеш бебчето ама во мисла ми остана
Вака,ај подетално ќе пишам. Преку ден:не плаче,само кога ќе и се приспие,ако е била подолго време будна,почнува да се протега,прво понудува града,некогаш ја фаќа смука и кога ќе надојде млекце се тргнува.Ја занишувам,пуштам бели звуци,она пак бара да цица,ја ставам се тегне или повлече неколку пати и пак пушта.И со нишање,малку кенкање и плачење ќе заспа.После станува и си цица.Некогаш спие пола саат,некогаш еден,најмногу два ама ееептен ретко. Е сега дојде ли 10-11ч почнуваат грчеви.Тука почнува хоророт.Откако не се искака и испушта гасови си црвенее,плаче.Во меѓувреме од грчевите се преморува,и се пријадува.Пробам да ја ставам на града,нема шанси,се тегне плаче.Незнам како и јас успеваме да ја заспиеме некак,одма се буде за 10 мин.ќе цица ќе се искака и морам да ја соблечам.Тука се расонува и ела да те видам после,никако да ја заспиеме. Родена е 3100,не пуштија со 3000 На 40 дена мерење имаше качено кило 500-600 бидејќи со алишта ја мереа,ладно беше.Според вас,зошто така прави? Се надевам детално опишав се
@Milkiway да се надоврзам,кога цица,секогаш ми тече од другата града,а она обавезно се засркнува кога надоаѓа млекце повеќе( рефлексот на опуштање)
Ајде вака бидејќи не дојам ќе ги тагнам @Izzy_0504 @Lovebug01 @Alishan30 а можеш и на Каетана ЛП да и пишеш со се ова она знам одговара на пораки ако треба помош Девојкиве дојат мислам најточно ќе ти кажат ја со ад со малиот до сега сум немала некој ваков проблем Сега ти е 2, 5 месеци го немаш бебето носено на мерење? Имаш млеко тоа сигурно само ме замисли малку со тоа дека почнува па се трга, па пак плаче и те гледам одговори бараш ама еве се надевам некој поточно ќе ти помогне ако не за да си бидеш сигурна оди неделава на педијатар.
И кај мене се случува да се трга, да плаче на града, но не и е дојдено време за цицање и не форсирам. По половина час пробувам пак, тогаш фаќа. Ако не фати, никому ништо, за 1 час пробувам пак. По ова што кажуваш сватив дека имаш млеко, а плачењето може да е од грчеви бидејќи и ќерка ми имаше. Иако не ги слушавме гласно, плачеше од нив, кога и се смируваа и таа е полузаспана, цицаше без проблем. За спиењето не менувај веднаш пелена, не е страшно и покасно да се смени, таман пред следното цицање ќе се оромени и нема да ја расониш. Јас така правам.
Што ти рекоа,доволно е500,600 гр,за скоро месец ипол? Си полни ли пелени убаво,изметот жолт ли е? Пробај да се измолзуваш,па да му даваш молзено,може само период му е,или малку измолзи пред да му дадеш да цица,да не не сака да цица од многу млаз што му надоаѓа? Или пробај смени му положба на доење. Мало е твоето сеуште,таму околу 4 скок,малиот вака ми правеше со цицање,и сакаше да цица легнат како за цицање од лева,а да цица на десната или обратно.