Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Мајки грешка ме разбравте,малата за 40 дена има качено кило и 500-600 а не само 509,600 гр.што е супер
    Полни пелени,кака скоро на секоја пелена,жолта кака
     
    Последна измена: 17 јануари 2021
    На Осе, Fatalnata, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    @Love86 и мене така ми се трга понекогаш, и јас исто како и @Alishan30 не форсирам, нудам после пола саат ако не сака во моментот. Си знае бебе кога е гладно. Ние сме сега во втор скок, спиење преку ден е непознат поим, значи дремнува по 15 мин 3 пати во денот и толку. Навечер спие убаво ама заспива после 2. Пред да почне скоков, неколку дена само спиеше, како новороденче. До пред некој ден невозможно беше и да цица преку ден. Тоа беа плачки, тегнења. Еве ја сега ден-два нормално си цица. Само што виси на цицка по цеел ден:^) Така да, ништо страшно. Не се грижи, секој ден различно ќе биде. Само трпение. Супер сте напреднале за 40 дена.
     
    На Осе, Fatalnata, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.057
    Пол:
    Женски
    Напредокот е одличен, каките се како што треба.
    Како што пиша Алишан, пеленка смени подоцна, не е ништо страшно. Вака таман задремала и се опуштила, ѝ се руши сончето..
    Обично преку ден ако не им се ок дремките и навечер не можат убаво да спијат, најверојатно од премор.
    Исто така може да сте во прв скок кој е 5 недели од термин, па тоа дополнително да влијае на нецицањето.
    Сепак ова се што го пишуваш мене ме асоцира на грчеви. Искуство немам, но можам да советувам следно:
    - загреани тетра пелени (со пегла) на меше на бебуш
    - термофорче на меше
    - масажи - кружно движење со рацете на мешето во насока на стрелките на часовникот
    - масажи со нозете - возење точак
    - ставај ја на меше на тебе да лежи, со тоа ем ја топлиш, ем се истиснуваат гасовите од притисокот
    - ПРАВИЛЕН ФАТ - доколку не е добро наместено бебето да цица, ќе голта воздух и ќе се создаваат гасови и тегоби. За ова види на јутуб, има многу добри видеа
    - пробај некој друг да ја земе во тие моменти. Тебе сигурно те осеќа дека си нервозна и она станува уште повознемирена
    - Издржи го периодов, брзо ќе помине :hug:
     
    На Осе, Fatalnata, Lovebug01 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Леле исто беше, испадна дека е прејадена, не сакаше да и надоаѓа млеко туку како цуцла да ме користи а лажливка никако не фати, пробај обавезно ако ненси пробала со лажливка, неколку различни пробај и бели звуци на најјако па ќе смалуваш, ако се трга од града не форсирај стави ја на перница за доење и на колена лево десно нишкај со се белите звуци, или на рамо нишкај ама големи а спори движења, никако брзо клатење зашто повеќе ќе се вознемири, и ако заспива и ја легнеш продолжи со тапкање по газе исто споро на ист интервал, колку да не се разбуди од промената на место (од рамо на кревет на пример). Бели звуци ми се прва опција секогаш и највеќе ми помагале, имам многу читано дали се штетни и не не се штетни ако не се прегласни, можеби ако цела ноќ подолг период спие со нив ќе се навикне на нив ама верувам дека нема до тоа да дојде
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    @Love86 и уште ова, многу важно за спиењето е рутина! На пример смирена игра, шетање по соба, нешто што ќе и држи внимание ама да не е со кикотење туку смирено, па бањање, сега знам дека не препорачуваат ама јас без да истуширам, или барем да и измијам раце лице и газе не сум ја легнала, мала масажа со лосион и легната со цице и бели звуци, секоја вечер истите работи по ист ррдослед и веќе знаеше што следи не се бунеше на заспивањето
     
  6. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Ааа 1кг сум испуштила
    1.500 е супер тогаш за 2 ипол месњци
     
    На Fatalnata и Love86 им се допаѓа ова.
  7. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    Ова се однесува и на каканите пелени?
    Јас менувам пелена после секое јадење или кога ќе приметам дека е какана. А многу често во последно време ми се случува да сменам пелена, ја ставам на цице или заспива со нишкање и дур ја ставам во креветче ќе се покака... :(
    Па ајде одново, менувај пелена, па ќе се расони, па пак нишкај... :whew:
     
  8. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    За 40 дена
    Месец ипол е :)
     
    На Fatalnata и Milkiway им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Дека во доење имаше пишано 2ипол бебе мислев месеци сега те сфаќам дека ти е саат тоа затоа настана забуната :D
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Пробав лажливка на Авент,Канпол бејби,Нук..која друга би ми предложиле..не фаќа никако лажливка
     
  11. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    474
    https://bebesupermarket.mk/product/Tommee-Tippee---breast-like-0-6m-Xx28g

    Пробај оваа. Од 8 цуцли само таа ми ја прифати
     
    На Autumn_ и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  12. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми само овие ги сака, со латексната цуцла, не ги сака силиконските.
    babyworld_bibs_napp_peach_6-12man_36348_1_normal.jpg
     
  13. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.236
    На МАМ како пеперутка
    BF7812C9-E88F-41DE-B970-55D5D97D02FB.png
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    @Alishan30 @Milkiway @Izzy_0504 @kukla21 @Lovebug01 ако испуштив некоја извинете
    Мајки ви благодарам на сите за советите.Синоќа пробав легната да дојам,нема шанси,не сака.На два пати се смируваше со дремка од 10 мин и тогаш само цицаше ама малку.Испушташе гасови,се искака последно накај 3ч и заспа.
    Само незнам што да правам со ноќните подои,кога последно заспива накај 3-3 ипол,а до тогаш како што пишав се тегне не сака да цица,ако успееме да ја заспиеме ке цица накај 2 или 3 часот,и после преморена врзува сон и од 4часа.Ја будам да цице,нема да напредува убаво мислам.Шо убаво си стануваше на 2саати кога го немавме проблемот со заспивањето,кога беа само грчеви
    Некој спомна скок,во петата недела по термин( 10.12 ми беше терминот,а она е родена 04.12 )
    Дали се работи за скок?
     
    Последна измена: 18 јануари 2021
    На Milkiway и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема зошто да ја будиш, кило и пол за 40 дена е супер придадено. Убаво си напредува и јас не би ја будела, ама сепак се консултирај со доктор
     
    На Осе, Autumn_ и Love86 им се допаѓа ова.
  16. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.057
    Пол:
    Женски
    Сега би требало да завршува скокот овие денови. Во скок сте биле последнава недела.
    За заспивањето пробај секој ден по 10-15 минути порано.. па и пола саат. Малку по малку да подранувате, па ќе стигнете до нормално време на спиење. Процес е, мора да се издржи..
    За будењето - јас не би јс будела со ваков напредок. Само и го скратуваш сонот и ја правиш понервозна. Кога е гладна ќе си побара, нема гладна да спие, не се секирај.
     
    На Осе, Lovebug01, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    @Izzy_0504 преку ден да пробувам да ја заспивам порано така? Да не е повеќе од еден час будна
     
  18. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.013
    Пол:
    Женски
    Да, и за какање.
    Не менувам во секундата, за да не ја расонам.
    Кај мене кака еднаш во ден или преку еден ден, затоа и не ми е проблем.
    А мочките гледам на 3-4 часа да ги сменам.
     
    На Fatalnata и kanella им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Тоа ти пишац и вчера. Максимум 90 мин будна!
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.057
    Пол:
    Женски
    Не мислев на ова, мислев на ноќноте спиења - нели во 2-3 ноќе заспива?
    Да, преку ден треба да е не повеќе од 90 мин будна по некое правило, но моето бебе конкретно не секогаш беше вака.. долго спиеше ноќе, па преку ден знаеше и подолго дс е буден, ама не повеќе од 2-2,5 саати на таа возраст. Некогаш ако не му се спие, а пробуваш да го заспиеш ‘на сила’ само ќе се растревожи повеќе.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.