Многу е битен ноќниот сон. Чим бебево не спие навечер, ветојатно е преморено. Ако фати некој ред мајкава на 90тина минути ќе се подобрат работите. Со сила нема заспивање. Мора да се пробуваат различни начини. Мојава почна да одбива во раце да спие. Дур сфатив што сака, неколку дена минавме во нервоза
Ова сме ние сега со дремките, тамн ја одучив од раце, сега не сака ни со тапкање и лежење. Значи нема што не пробав сабајле и пак на раце пробав само за да заспие дека беше веќе преморена, ни тоа не успеа. Маж ми е дома денес, му заспа на гради гледајќи во прозорец Како веќе да пробувам не знам, ја имам оставано сама во креветче да и пеам, тапкам.. само еднаш ми заспа така.
@Izzy_0504 @kukla21 и да ја заспијам порано,грчеви има во тој период некаде од кај 11-12ч до кај 2-3ч.Ако траат до кај 2ипол,се смирува,ќе заспие,ќе цица,ќе се искака менам пелена и после неможе да прзаспие,од шо е преморена. Мислам дека во тие саати се и е насобрано
Да прашам нешто, имам читано за тие циклуси на сон, па го следев неколку дена синко при денските дремки. Штом поминат 40-45мин откако заспал, почнува да ги подотвара очите, да дише повозбудено и забрзано... како да сака да се разбуди, а сеуште му се спие и нема сила. Ќе ја ставам мојата рака врз неговата, или врз градите, така 5мин, и пак ги затвора очите и продклжува можеби уште 45мин до 1час. Ептен ме изненади ова, бидејќи ако не изреагирам, дефинитивно ќе се разбуди ненаспан. Додека ноќе не се случува, барем немам приметено дека и јас спијам, можеби пак тој се буди по малку и презаспива... а стандард за јадење станува на 2,5-3 часа. Значи тој циклус, секогаш ли трае толку, 45минути?
Ја не сум читала не знам за тие циклуси 3м е моето. Прееска така после 40м стана почна да се смее да си игра и ја не го презаспав мислев толку. Одеднаш писна не можеше да се смири го презаспав тераше уште 1ч скоро со спиење ...
Ете на ова мислев. Баш го следев и гледав на саат. На толку време им се прекинува сонот, а се ненаспани.
Толку трае отприлика да, и моево се будеше секогаш обавезно на толку време и после во раце одма презаспива и тера.
Ја претходно поима немав го зимам да играме тој ќе вришти се мислев скок или нешто така тој ненаспан бил
Да, 45 минути е, и мојот на толку се подразбудува некогаш и му помагам да продолжи. Навечер може да спојат и повеќе циклуси или па само два и на секој 1 и пол да се буди и да бара помош да продолжи. Мојот многу се нервираше кога не продолжуваше, а се будеше како под сат, точно во одредено време, значи не си ги поврзуваше циклусите на спиење.
И има чаре за продолжување на циклусите? И моето така се подразбудува и морам да сум до него,за да го гушнам и да продолжи да спие. И преку ден и преку ноќ приметувам дека така се размрдува или буди. *****моето веќе не е бебе,ама читам вие си коментирате,па може ќе најдам решение и јас
И ние мака мачиме со циклусов. Исто читав за него дека лекот е да не се употребуваат лажливки, нишкања, употреба на аспиратор како бел шум и сл. за да почне независно да спие, но на оваа возраст е невозможно самиот да заспие, едноставно не е такво бебе. Задолжително со помош се заспиваме, па макар и неколку минути. Кај нас одеше ептен тешко заспивањето отсекогаш, додека да дојдеме до дремката која треба да трае 45мин. минуваат 15-30мин. (цица на 2 часа) и не се исплати да го оставиш, па си го држиме в раце колку да дремне. Сега како поминува времето не е толку захтевен како порано, но сепак не заспива независно. Е кога наближува 45-тата минута од дневни дремки започнува да цивка, кенка за да му помогнам да презаспие пак, но пак е тоа со лажливка и нишкање/песнички.
Од вчера наваму веќе душа немам...од златно бебе што си заспиваше и само, навечер поврзување минимум 8 часа, стана многу раздразлива никако не можам да ја успијам. Веројатно е до скокот, сабајле стана во 8 како по обичај и од 9.30 до 12ч се успивавме. Ќе задреме во раце ја оставам почнува да плаче. Така во круг. На крај го викнав маж ми дојде порано од работа од што немав душа веќе. Нацицана, пресоблечена, гушкана...ајде исчистивме мрсули, бели звуци, спуштени ролетни...на крај ја завиткав како кога беше новороденче и така некако се успа. Очињата и потекоа од плачење...на крај и јас почнав да плачам од очај. Значи сега прв пат откако е родена осетив што значи проблем со успивање (имаме 3ипол месеци)
Тоа е еден циклус 45 мин. Тренингот значи да научи детето само да спои 2 циклуса. Пишав у претходно, во еден тренинг вика да малку го размрдаш, ама да не се разбуди (кренеш раче, галнеш и сл). Навечер е друго. Од 7 мислам беше до 5 сабајле се лачи мелатонин кој е потребен за сон.
@elenaklasik ама ова ми е супер откритие за денски не е проблем го подгледнувам и можам да му помогнам да продолжи, а ноќе мислам дека моево од глад се буди на 2,5-3 часа, од заби уште почесто, а ваквите циклуси на будење обично наутро му се случуваат, но за нив маж жи е задолжен да го занишкува да продолжи ти му ги укина ли ноќните подои скроз? Кога се будеше му даваше цуцла за да продолжи? @MissBreezy со цуцла заспива, и тоа јас морам да ја држам со прст затоа што не знае да ја шмука не фати цуцла и не, ама јас дека долго пробував една па друга (само за заспивање) му стана синоним за спиење и сега ја бара. Ама ја џвака, сега пак со запчињата ја кине и гриза инаку white noises пуштав кога имаше грчеви, сега пуштам lullaby за да се смири прво. Сам не заспива ама не ми пречи тоа @kukla21 има логика ова со мелатонинот до кај 5 наутро, тогаш почнува да се размрдува за станување и бара помош да презаспие, обично со вртење на страна и занишкување
Не е многу време до 5 сабајле за лачење мелатонин? Знам дека до кај 12 е подлабокиот сон, а потоа во ситните саати се троши и сонот е полесен. Син ми претходно кога се разбудуваше околу 3 4, бидејќи се намалува мелатонинот, некогаш не продолжуваше да спие или се мачеше да призаспие. Ахх...
Да не е во 4ти скок? Јас последниве 3 дена ја имам таа мака секое успивање ни е по 1 саат врескање незнам што му стана, му се спие а никако да не се заспивало душа ми извади и само чекам да помине
@WonderGuurl , како што расте, ќе продолжува циклуси, повеќе денски, отколку навечер. Има само еден подој, сред ноќ, дали во 3 4, некогаш и дури во 6 сабајле цица и молам да не ми се доразбуди како претходно што правеше, најчесто продолжува да спие, дали сам ќе си продолжи, ако не, јас го тапкам малку и тоа е. Не му давав цуцла, воопшто не ја засака. Му давав да цица, џабе, верувај, за тие минути ќе се смиреше дури цицаше и потоа кога ќе се завртеше да заспие, не успеваше баш. Па барај барај положба, едвај, значи многу се живциравме што сред ноќ на бебето не му годеше цицањето. Баш кога погледнував емисии за доење, кога кажуваа колку се важни ноќните подои и дека последни се прекинуваат, си велев секако дека ќе го дојам колку сака. Интересно, син ми поинаку се покажа, а има деца што си цицаат си продолжуваат со спиење и така подолго време. Ете кај нас, почна дури и да пречи цицањето сред ноќ. Се согласувам со тренерот од др Гуднајт кога рече дека на активни деца/бебиња не им годат ноќните подои и будења. Мојов ако не го легнам навреме, рутината да му ја наштимам, збеснува. Легнува во 20 ч. а уште од 18 и 30 му се смачува и кемнува тек-тук, значи замисли колку се истоштува. А на една другарка синот 9 месеци е, легнува накај 21 22 ч. помирничко е, пред спиење цртани, тв пуштен, не му се замара, а и преку ден е поседечко бебе. Сепак, има врска нешто тука.
Да, тој фамозен 4ти скок...јас се откажав од успивање, само со татко и се успива бргу. Мене само ме душка, сака да цица,а знам дека е нацицана. Ќе и дадам ќе се исповрати, па додека да ждригне...лудило. Ако е цела недела вака, мислам дека ќе се мрднам. Допринесува и тоа што сме по дома сами цело време, ниту има кој да ми помогне за домашните обврски, ниту неа да ја позанимава. Доста активно бебе е, сака цело време да си игра, се превртува, си гуга. Денес ептен ми се собра, ама го истуркавме денот некако. Утре нов ден, нова надеж Досега немавме мака со спиење, си имаше фатено ред. Денски дремки на 2 саати, некогаш пп 20мин, некогаш до 2 саати, навечер заспиваше од 11 до 8 сабајле, ќе стане еднаш или 2 пати за цицање и толку. Се чудев кога мајки се жалеа дека не можат да успијат деца, ама еве се уверив на моја кожа како е Наоѓај некој да ти помага за го истуркаме скокот, после се надевам ќе се вратат на старо.
@elenaklasik и мојата е поседечко бебе,со саати може да си седи и игра сама.Навечер цица во полусон,не ни отвара очи,малце закенкува,и давам да цица(споено ми е креветчето)и за некоја мин си се врти и продолжува да спие. Е сега,заби,скок,регресии прават збрки но никогаш,ама никогаш не плаче,па тоа ми ги олеснува таквите ноќи.Си играме,ке се погушкаме и продолжуваме со спиење. Јас сум помирена дека дури цица нема да преспие ноќ,ке издржам уште некој месец,секако само таа ми е обврска.