Ни мене идеално не ми се поклопува, ниту громчето ми било баш бај д бук, ама горе-доле се поклопува. Ако убаво читаш на апликацијата ќе видиш дека за некои работи вика араунд, а некаде вика age related. Отстапување мора да има. Ниту сите деца се исти, ниту се развиваат исто.
Мамички каде може да ги најдам тие скокови кога се случуваат?моево има 2 недели и сега почна да ми плаче во сон и не сака да заспие воопшто со многу напори,нишање и слично.. а штом заспие цело време ми кењка и плаче во сон..
Регресија во спиење скок е или детево ми е такво? Веќе недела ден секое заспивање и денски и ноќе ни е со 40 мин плачки, пробав порано, пробав покасно, пробав сам да се успие, да го галам, пробав со бели звуци, со нишкање, во релаксатор и никако не бива а му дојде време за спиење му се спие зева одма е со плачки врескање и така ќе се умори ќе заспие му се спие а нејќе да спие. Кажувајте што правам погрешно пошто поцркав а дојде време за спиење мене ми се плаче
Ништо период е ќе помине. И моето беше така и сега чат пат знае да прави така. Не правиш ништо погрешно, иста бев кога идеше ред да заспива косат ами се дигаше.
Поверојтно е грчеви да го мачат бебе. И мојата е 2 недели и на иста мака сме Ама моево кенка и плаче само дури не понудам цице,после си спие мирно. Е цуцла сум по цели ноќи, ама научена бев вака да спијам
првиот скок е четврта/петта недела според термин (а не датум на раѓање) - ова ми е инфо од апликацијата веројатно кај вас се грчеви во прашање
Не знам и мене ме јаде тоа. . Веќе 3 недели... Ноќеска се буди де на пола саат де на саат треба да ја презаспивам, ретко да врзе 2, 3 саата, станува во ниедно време и седи со саати нејќе да спие... Пукнав
4ти скок легнува 8:30, јаде накај 1 и накај 5-6 и обично спие до 7,7 и нешто некогаш па пред 7 станува. педијатар вчера ми вика не треба да ти јади ноќе, еднаш МАКС И кажав дека не се смирува со цуцла ама вели многу и било во 4ти месец не требало да јадат многу ноќе. Инаку 4 месеци е точно и има 6.5кг. Родена е 3150 За спиењево во скокот освен некогаш што станува рано немам приметено нешто посебно
Е како бе еднаш? И ние сме во 4скок и почна мн почесто да цица. Гладно и лакомо цица, ај остај и не му дај да цица. И мојот педијатар слично кажа ама неизводливо е тоа, плаче. А вака ќе цица 5 мин и продолжува да спие
Како не многу врска нема 3600 родено 4+++ сме 9кг е и 70цм и воопшто не изгледа дебело напредно е ни гуша нема буквално манекен е го однесов и во Систина на педијатар и матичниот сосема е супер кажаа никој не рече дека е многу храна.Подобро најадено одколку да зајде од плачење и да го гладуваш
Да и така дење со молење ја хранам, ноќе ми јаде добро и не би и скратувала... и боље млеко и назад на спиење отколку плачки во сред ноќ