Кога ќе стане од спиење на пр. првата дремка погледни во часовникот и запамти го времето кога станал. Кога ќе почне да трие очиња ќе го успиеш и наредно погледни пак во часовникот и ќе знаеш колку време бил точно буден од едната до другата дремка. На пример може да буде буден 1 и пол саат,тоа е случај кај нас. Штом видам фека поминало времето одма го успивам и немам проблем, нема плачки ко порано. Бебињата се ко швајцарски часовник за дневните дремки, освен ако не е некој скок во прашање. Можно е да плаче бидејќи е изморено(незаспано навреме).
Како се успивате со бебињава... Ние сме у 4ти скок веќе 4та недела абе се со плачки по 40 мин како со ѕвер да се борам,жива вода станам се препотам... Сакам некако да го научам сам да заспива...ама не сакам да е со плачење да го оставам сам да се смири не можам срце не ме држи но веќе и грб и раце немам тежок е да е жив и здрав
Јас моето на перница и на нозете го нишкам, па ако не сака така го земам седиштето за во кола (транспортерот) и така го заспивам со нежно нишкање. Во раце нема шанси да го Заспивам повеќе, 6 недели утре 6 кила е Иначе преку ден тешко ми спие, ќе заспие пола сат и се буди. Ама ноќе супер е сега за сега.. И некако сега е нервозен ако го држам во раце ме удира со раката ме греба катастрофа, не знам како успева 6 недели бебче тоа да го прави. Јас па не искусна понекогаш не знам зошто плаче и си плачам со него заедно и од умор и од тоа што не можам да му помогнам.
И моето се буди некогаш 5 пати навечер цица, јас знам дека треба да преспива ама што да му правам ај да го оставам Јасно ми е ама не е до тоа, пробав така на саат ипол а почне да зева и да изгледа уморно, и уморен е ама пак 1 саат се буни додека да заспие вреска се тегне нејќе да спие и ќе се премори така. Пробав и на 2 саати кога веќе гледам ептен е изморен пак е со плачки ни едно заспивање не поминало без плачки, и секока дневна дремка и навечер успивање е со плачки.Ова вака е последниве 10 дена негде претходно немав ваква мака, ама ме полуди.
Дали некој од вас ја има користено програмата за спиење на др. Гуднајт, и ако да може ли да сподели искуство и дали се задоволни од нивната услуга?
Мајки, бебе е 3 ипол месеци. Има некаков ред по 3 денски дремки, и ноќно спиење со едно будење. Проблемот е што секое заспивање е во раце, при што веднаш заспува, значи не треба многу шетање по соба и друмкање ...5 мин и бебе веќе спие цврсто, тело олабавено. Е моментот кога треба да ја спуштам на кревет, дали на спална или во нејзино креветче, или во дневна, она се разбудува како воопшто да не е била заспана. И пак ја зимам, и пак исто и во круг дур не се умори и заспие. Навечер почнуваме од 7, 7 ипол...последен обид за спушање во креветче е во 10. Останувам без раце и грб. Дали некој имал ваков случај...и доколку Да, како да го решам проблемот со спуштање во креветче. Се извинувам на долгиот пост и однапред ви благодарам.
Одма ја спушташ во креветче? Чекај 20тина минути па пробај. Тогаш треба да е во длабок сон. Исто пазам прво газето па главата да се спушти. Исто трик што често успева е да ја оттргнеш од тебе, подржи ја така неколку секунди па спушти ја. За жал нема начин што секогаш успева ако заспива во раце. Ако се разбуди одма може да пробаш да ставиш ракана гради да осети тежина. Се надевам нешто ќе помогне.
Истиот проблем го имам со креветчето. Ете сега заспа на перница на нозете мои со нишкање по малце. Се мислам цело време како да го преместам да не почне да се буди оти готово и јас си барам одмор не можам поќе.
Исто и мене ми прави последниве неколку дена. Кога бевме во втор скок ми правеше така, во трет убаво си спиеше, го поминавме баш пред неколку дена. Дури и по цели ноќи преспиваше. Има ли некоја регресија, што ли е не знам. Ни денски не преспива во креветче, освен кај мене во раце. И тоа се по 15-20 мин од дремка. Навечер никако не заспива, ја земам до мене на спална, јас пред неа заспивам. Тоа јасно ми е од премор е. Кога се тие регресиите во спиење?
Мајки помош...Бебе е 5ипол месеци. На страна од тоа што не е по спиењето, несака сама да заспие за жива глава ниту пак да лежи а јас до неа, исклучиво само во раце, иако не сакав така да се научи. Иако брзо заспива во раце, сепак сакам да направам некој ред сама да заспива во креветче или барем со нишкање, галење...ПОМОШ зошто веќе кичма немам
Зависно од тоа како го спушташ бебето дали пазиш пополека или наеднаш набрзина. Кога го спуштав пополека повеќе ми се будеше и почнав како што е во раце одма го спуштам со едната рака главата му ја држам со другата газето и на страна одма му ги фаќам рачето и за газето го нишкам неколку секунди прво раката од рачето ја тргам за да видам дали заспал ако не ми ја помрдне престанувам со нишкање по газе само префрлам ќебенце врз него до половина и толку.Ако ти се буди пак види да не му е топло,до каде го покриваш,моето не смеам погоре од половина во секундасе буди,а пак раце ако покријам боже сачувај е тоа Навечер само заспива во креветче оградицата ни е со облачиња па им гуга на нив али не го легнувам ако не видам дека стварно е уморен и тука се тие плачки со тљање очи за спиење.Можеш да пробаш да видиш така кога е уморно бебе па да млекце и само ќе си заспие.Ако не е уморно можеш и 5 саати да го нишкаш тебе кичма ќе ти откаже,а на крајот пак ќе ти плаче
Јас навечер чочнав да го учам сам да заспива имаме ритуал пола чад пред спиење па може и 45 мин се гаси се само придушена светлина и lullabies музика само без пеење. Му давам млеко пола час пред спиење, менувам пелена го пресоблекувсм во пижами и го носаѓ во спална во лреветче пуштам бела врева и вртелешката на креветчето прета прета прета ја плука цувлата му ја давам зошто ако не почнува да плаче тука дум во соба до него се кријам да не ме гледа баш дури ни кога му ја враќам цуцлата и најчесто заспива по максимум пола час ако го оставам сам така а да го земам во раце веднаш заспива, но де надевсм дека ќе се научии скроз сам тоа со цуцла та ме зезнува што ја плука и чека да му ја дадеш . Почнав и преку ден да пробувам кога заспие кога не па го зимам и во секундата заспива и така. Ама дефинитивно подолго се успива кога треба сам xD
И моето бебе така правеше, додека го држиш во раце му е топло, а кога ќе го спуштиш наеднаш ладно, пробај да ставиш ќебенце кај што го легнуваш, мене ми успеа.
Јас да прашам за будење како. Се мршти кенка како да е измегу сон и будност. Секако пробав , со музика со пеење со галење. Дете кога ке отвори очи плаче 15 мин..неможам да го спуштам од раце да сменам пелена. Само во раце е мирен. Ова е почесто преку денските дремки. Ноќе и полузаспан го дојам.
Загреан е во тебе а го оставаш на ладно, мене така ми се будеше почнав да го греам креветчето кај што лежи со фен пред да го спуштам и се среди
@Pacient srna ти благодарам од ♡ за споделениот линк. Кај мене почна да функционора тренингот на спиење на MonikaZec во комбинација со загревањето на креветчето според принципот на @merina.93 Ви благодарам мајки, јас сум пресреќна , и топло препорачувам ❤