Моево е 4м спие по 11 саати навечер со 100 будења, а преку ден 3 пати вкупно 2 ипол саати едвај да спие. А како заспивате? Јас пукнав веќе по 1 саат губам пред секое спиење да се успиеме. Не порано не покасно не зевал, не не почнал да зева, не пеење, не темна просторија, не бели звуци нишање што се не пробав вреска ли не вреска додека не заспие едвај. Ми иде главата од ѕид да си ја мавнам од мака со тоа спиење (си се испожалив sorry)
Претходно многу лесно заспиваше, го ставав на нозе го нишкав и ќе заспиеш, ама сега и јас така де во раце, па во релаксатор, секако се мачам додека заспие. Стварно не знам што се деси со детето преку ноќ се смени.
Да не ти спие денски многу? Доста е дење по 1ч 2 пати да спијат на наша возраст. Читав по нет над 2саати веќе да се буди ја гледам да спие дење 30-60мин ноќе врзува 7ипол-8 саати без будење станува после пие млеко малце со мука ама пак презаспива уште 2 саати
Да не ти е преморено? Вака прават и од премор, колку ти седи будно измеѓу дремки? Моето заспива лесно прво бањање па млеко и кома е ама ова го тераме од први месец сега исто е 4. Инаку и мојата имаше 2 дена се будеше и седеше будна 1 саат накај 2-3 ама престана, може од регресијата да е тоа Инаку денски 3 дремки има вкупно 3ипол до 4 саата и навечер 10-11 (11 сега почна обично е 10)
Неее спие некои 3 пати од кои едната дремка му е некои 40мин другите по пола саат, навечер се буди ради мешето го мачи и брзо презаспива но преку ден и додека се успиеме навечер тоа е хорор
Е преморено ама незнам како да го заспијам порано, пробав преку ден а го видам малку се изморил да го успијам пак а му дојде дремката почнува да вреска, пробав и малку покасно пак исто е. Смирен е се супер и кога ќе види дека веќе очи му паѓаат заспива одма е луто и вреска
Па во 4ти месец ама ова вака ми е 1 месец веќе не ќе да го држи регресијата толку или се поклопиле со скок со се незнам што да кажам
Фалаа тии, имам се живо изгуглано и баш гледам кога ќе почне да кенка да зева да го успијам и баш е тоа негде после 2 саати но џабе дали порано или подоцна успивањето ни е со врескање ко да го мачиш што го тераш да спие се надевам регресија е и дека ќе се среди пошто стварно се пробав цел ден само тоа и читам
И кај нас викање има ама го спуштам во креветче ќе се пожали 5 минути после почнува да гуга и заспива.Кога го заспивам во раце спиењето му е 20-30 минути а кога се успива сам спие саат до два зависи кога како и кога ќе стане ептен е расположен. Е сега некогаш се 5 некогаш 10 зависи колку се изморил за тие два саати али успивање без плачки само во раце и кичма да трпи поинаку не може
Браво како успева да си заспие сам, ќерка ми ако ја оставам во креветче сама да заспива зајдува, ќе добијам некоја тужба од комшиите Строго во раце со нишкање и со цуцлата во уста, цице пред спиење не доаѓа во предвид.
Хахаахахаа и ја се мислев дека ќе ме тужат ама морав да се помирам дека без плачки не е возможно и дека треба да се изборам со тој момент, кога го легнувам му ја давам цуцлата лажливка си гги чешка забите и јас му висам над креветче ако почне да плаче му зборувам со нормален тон и така се подсмирува е сега некогаш во некоја ситуација ако има мака со стомакот со нишкање заспива ама тоа е еднаш до два пати во месец некогаш и од толку што е заморен со млекото заспива
Е овој и во раце плаче, смирен е супер и таман ќе замижи почнува да плаче спие и плаче чудесии е, а пробав и да го оставам во креветче исто е и вака и така плаче може треба да додржам така да го оставам ќе заспие сам, уште тоа не сум пробала
8 полни месеци од вчера. Колку дремки имаат вашите бебуши, колку им траат? Ние последниве денови имаме или две или три. Па незнам како е правилно, и колку пред легнување треба да биде последната дремка
Планирам се спремам психички ама ај реков да поминат вакцините и почнувам, нема друго решение еве 40 мин се нишавме на крај се израздра едвај се смири.
Пробај друго држење. Кога ептен ми вреска (премореност) ја гушкам, ја шетам и ја успивам исправена. Прилепена за мене цела и од гласот вибрации и срцето и топлината многу помирно заспива. Многу е потешко за рацете па го користам само во случаи кога ептен на друг начин не може. Друга опција би било во кенгур.