И јас баш сакам да знам. Мојава со месеци спие еднаш дневно оклолу час и половина. За втората дремка се молиме и едвај ќе заспие. Еден ден ќе спие па два дена пак не и така. 10++
Мојов спие два пати, првата е два саати, втората саат ипол ама навечер дури во 22h заспива до кај 7-8 сабајле. Пробав неколку пати со една дремка и пак во 22h заспива со тоа што наредниот ден подолго спие преку ден, веројатно уморен од претходно што сум скратила дремка.
Не крати Јана,рано е за една дремка,многу голем ке е тој препорачаниот прозорец на будност,па потешко ке заспие,или немирно. Мојата има две,некогаш 3 ако стане ептен рано. 10-12 часа спие навечер,со 2 будења во просек. Последниов период е многу поактивна,па спие подобро,тоа приметив,дека се уморува.
Моето бебе е скоро 2 м. и ноќва првпат врза 4 саати да спие инаку саат ипол до два и станува за цице. Наспана сум гајле немам
ноќва да ја овековечам како прва кога врза 8ипол часа сон (скоро 6 недели е). напорен ден вчера, со излегување од дома рано наутро за преглед, шетање на убавово време и константно прекинат сон, имаше 5-6 дремки од по 30-45 минути. се комираше во 20:30 после бањање и цицање и јас пред неа се разбудив во 04:30 со едната града пренапумпана. се чудев кај е да се јави до сега, обично околу 1-2 по полноќ се буди ако си легне околу 8-9. едит: ева ја пак заспа. беше будна само еден саат за цицање и пелена. се надевам ќе се повтори ова. да си поуживаме дур дојде време за регресија.
Да се пофалам пукнаа двата горни единици, вчера бебе убаво ми јадеше 3 оброка и 2 ужини 7 саати сон врза, стана цицаше па прпдолжи уште два. Прва вечер да нема плачки и лулање. Кога сме надвор спие саат ипол во количка и две дремки по пола саа дома, а кога не излегуваме три пати по пола саат спие, ретко кога врзува еден саат.
И јас мислам дека е ептен рано за една дремка, мали се уште. После 1 година таму. Еве го ова од Др. Гуднајт Сега спие прва дремка 1 час, втората час и половина, а ноќе околу 11-12 часа. Да си ги реди бели и здрави Така кратки дремки моето имаше кога се префрлаше од три на две дремки.
Мислам дека во 8ми месец има регресија на спиење и тогаш кратат од 3 на 2 дремки т.е им се зголемува прозорот на будност.
Ноќе од 10-11 а преку ден вкупно околу 4 часа ако спиел 10 ноќе денски спие 4-4.5 часа а ако спие 11 еден час помалку . Во 24 часа му доаѓа докај 14.5 часа вкупно сон
Мојот веќе долго е ссо 4 никако да намали ама како му одговара така неможам да го држам на сила буден
Моето е скоро 4 месеци и преку ден сме будни саат и пол измеѓу дремки. Потоа трие очиња и одма го заспивам. Ако не го заспијам одма после почнува да плаче да е нервозен и слично. Го сеќавам кога треба. Навечер во 10 легнува и спие до 7 сабајле со станување за млеко 2 пати. Се водам по табелава,кај да е по 2 саати ќе почне да ми е буден па да знам да избегнам плачки.
Нормално ли е 4 и 5 сати? Мојов легнува во 9 и во 1 се буди, после 5 па 7 Мене најмногу ми се спие во 7 сабајле зш до 1 си седам ама морам да станам. Иначе два месеци ќе сме уште 3 дена.