Обично по 1 година, ама кај некои и по 14 15 месеци. Синко околу 1 година се префрли на една дремка, со тоа што ноќе спие по 10 12 часа а денски 1 до 2 максимум. Кога ке почне втората дремка да трае 30 мин и има натегање, тогаш е време за една. Ама може и само детето да каже кога е спремно. Синко сам се префрли на една, откако е роден сам диктира темпо.
И мојава сама диктира ако сака заспива ако не не ја форсирам. Ноќеска спие но еве ја неколку ноќи спие немирно со превртување, ќе закенка во сон, ќе бара да цица, како бебе вака не се будеше често ...
Нормално е, ако е нацицано, пресоблечено и ако си напредува нема потреба да го будиш на 2 / 3 саати. Кај нас е проблем тоа што кога се буди е успана и цицнува 5 - 10 мин и заспива и за саат/ саат ипол пак се буди зошто е гладна. Пробав да ја пресоблакам за да ја расонам нема врска иста приказна. Веке се помирив дека такво ми е детето иако сите викаат ке смени мала е.
Ќерка ми денски кога ја шетам спие цело време во количка. Може да се случи да се подразбуди и пак си презаспива. Бидејќи долго време се фаќа, седнувам на клупа и давам да цица во спиење. 5 саати да сум надвор толку ќе спие. До кога ќе е вака? Навечер немам проблем со заспивање, спие по цела ноќ, некогаш не ни бара да цица. Попладне кога сме дома ќе дремне уште два пати по пола саат и во 12 навечер заспива, до 9-10 сабајле. Потоа излегуваме шетаме по 3 саата цело време спие.
Бебе заспива само со цицање, и преку ноќ плаче само колку да фати цице и да заспие, не за млеко. Поради тоа спие со мене, ама ми е страв пошо ја наоѓам покриена преку глава со ќебе на два пати Мала е, утре прави месец, како да ја научам да си спие во креветче? Ами со цицо сервис шо праиме?
И моево од раѓање до пред две недели спиеше со мене, па реков дека ќе спие во креветче и крај и без проблем уште првата вечер кога го ставив си спиеше. Тие уште незнаат кај се наоѓаат мислам дека без проблем можеш уште од вечерва да ја ставиш во креветче Нас проблем ни беше само легнувањето, осеќаше кога го спуштам па најдов финта покриен со кебе па така да го спуштам
Мало е за само да и дадеш да цица и да продолжи, ако веќе спие со тебе, седни ти, надој ја па спушти ја на побезбедно растојание, ќебе немој. И јас сум практикувала да спие со мене ама има ризици, прочитај за safty coslepeeng, ограда на креветот треба да има за понатаму, засега гледај да е во вреќичка или ќебе до стомаче (ова некогаш сум го практикувала ама не е совет, и не се препорачува). Cosleeping мене ми даде одмор во многу тешки периоди на умор, ама ако врзува повеќе сон во иднина, префрлај во креветче зашто кога за некој месец ќе почне да се врти ќе биде опасно да е на спална, освен од сите страни да ставиш ограда
Мајки малата за 6 дена ќе прави три месеци.Поради јаки грчеви заспиваше накај 2-3 и сега уште го тера овој ред,заспива накај 12 најрано.Ако заспа накај 10 тоа и е дремка,не продолжува,сум пробала и да ја презаспивам ама не бива.Ако последно цицала накај 12-1 се буди дури сабајле накај 7-8( понекогаш во 5) за цицање па продолжува на два саати до 12часот.Нормално ли е да поврзе сон од 6-7саати. Родена е 3100,од болница 3000,сега некаде е околу 5400. Да ја будам ли ноќе?
Епа математиката испаѓа дека до сега ти качувала по 30 гр на ден у просек што е ОК. Ама мислам дека не е правилно да се смета одеднаш за период од 80 дена грубо земено. Пресметај го просекот од последното мерење до сега (тоа што сте го правеле кога била околу 2 месеци). Ако е барем 20 гр на ден, бебе е ОК. Плус и дали редовно полни пелени. Ако пресметките се ОК, остај ја да си поспие.
Што не се препорачува, ќебето ? Знам дека е мало, ама ете така спие со цицка во уста дури зацврсти, не знам дали воопшто и ја пушта во спиење, здрвена станувам од што сум само на страна свртена Ептен во мене пикната ја наоѓам, пробував во креветче, во гнездо, со белк звуци и поспива само 10минутки..
А цуцла нели фаќа , јас тој пр така го решив цуцле и некогаш со тенко памучно ќебенца од оние најмалите така ќе го замоткам лабаво дури завлече па после ќе го разоткриам ако треба .. Ми правеше и мене така кога го мачеше мешето и сакаше поеќе на града да е , на Нук не а сакаше цуцлата а плукаше цело време мн малку а шмукаше , земав на Авент одма а прифати поубаво
Земав и беби нова, и нук и авент. Ништо живо не сака Само некогаш свеки кога ја чува саат-два цуца цуцла, мене никогаш не ми ја прифатила. И првото ќере така,еве и бебе.. цуцла јок. Ќе спие значи сама таму за 2 години
@Chanell* Кога те читам како себе се гледам . И мојата спие со мене со цице у уста, од лажливка се гади. Шише кога ќе се измолзам фаќа пие, а лажливка јок Ни првото ни она не фатија. Дефинитивно децава што се само на цицање тешко прифаќаат цуцли. Жали боже пари за сите џабе купени цуцли и шишиња.. Па и со име џиџани и имав купено..
Леле моето конечно после 2 месеци седи во релаксатор и заспа тука. Сега проблем е како ќе го префрлам во креветче??
Мојава и од шише баш не знае, се дави.. Еве креветче сум цел саат, цицка во уста 40мин и спиење во раце, не дај Боже сама на кревет или во релаксатор да поспие
Zdravo mamickiii Dali nekoj ima iskustvo da spodeli so trenerot za spienje na bebinja - Sanja Gjorgeva?
ох маки , ја би експериментирала уште Да видиш со Мам ако не ти е пробана , таа е мнoгу прифатена и онаа на томи типи ко мајчина града што е И кај менее e на доење , на Нук се гадеше дури му се накреваше од неа а оваа одма а прифати на Авент , кога прета многу во транспортер ќе го заспијам па после премештај у гнeздо или креветче , има периоди низ денот или ноќта сака потесен простор , ако не плива со раце Е синоќа си преспа со мене
Јао женче,блазеси ќе ти кажам. Ништо бре, веќе ни гнездо сака ни транспортер, денски спие во транспортер на количка монтиран и строго надвор, облечена измотана во ќебе и надвор, дома само на цицка и во раце. Навечер само со мене. Ќе се погушкаме една година вака Доста пари за цуцли давав, не фаќа..
Аа и нас не фаќа лудило ечиме по дома на моменти низ денот не е толку умен сестра му нема да го остае да заспие и фиксно ќе го фате нерва голема на едната дремка него од незаспан и шетај и лулај низ дома , иначе сирена дури заспие Раце клапнати скрос Сама со двете јас Салонот е со сите реквизити наакан , количка , релаксатор , креветче , се е на купче како штафета го преместувам само Некаде ќе упале да леже Помирен е за разлика од сестра му она од старт беше само и само у раце и исправена , ама може да смене и он ,тек сега ќе отворат они , па скок , чуда и ете го
Хаха моите и двете исти испаднаа, во раце и исправени. Да бев сама немаше да биде вака, ама свеки,мама, некој туку улетува и мерак да ја држат, па ете ме зеза мене после Пола ден надвор,пола на цицка и ај уште еден ден поминал. Ќе стане полесно