Само моево дете ли се ежи од спиење, луѓе ми се плаче кога ќе му дојде време за спиење. Се успивавме со нишање а последнава недела ме побудале. Се нишаме и по 1 саат а почнат да му паѓаат очи вреска плаче чиниш го тепаме и тогаш смирување само со цицка. Пробав во креветче рика и по 30 мин не заспива и го галам и бели звуци џабе. Вчера од 2 ипол до 8 вечерта не заспа побудалевме. А навечер си спие убаво од 9 негде до 7 о сабајле но секое успивање мо е хорор. Дајте совет пошто полудев се мислам и на тренер за спиење да одам веќе
Јас па моево го напнав 3 сати дремка да има преку ден, 1 сат било доволно.. И после не ми спие, е па не спие..
И ние сме тешки за заспивање од сам почеток, како што опиша, слично После 4 месец некако се потсреди, за пократок период успева да заспие, но пак со нишкање јбг *кревараменици*. До 3 месец негде се прифаќаа бели шумови, потоа не им придаваше значај. Да не сте во фамозната регресија во спиење можеби? Изгњави го од гушкање, играње, шетање и би требало да си заспие полесно.
Исто бевме и ние и тука се жалев неспиеше и неспиеше, му најдов финта како што пиша @MissBreezy кога е буден максимално му се посветувам со играчки, го закачам, му пеам, во раце играм со него танцувам во релаксатор и капнува за саат максимум саатипол заспива, го ставам во количка кај над ова ми преставува проблем што само во корпа преку ден ми спие ќе го занишкам две минути и кома е, и да на релаксаторот музиката не се гаси таа му е приспивна хахах исто и аспираторот уклучен 24/7, пробувај мораш да му најдеш финта Ние немаме 5 дремки имаме 4, слично како на сликата од @BabyD0ll само што втората и третата дремка се по 1ипол И не го држи буден повеќе од 1ипол после се преморува и нема да ти заспие така јас грешев макар и да не покажува знаци за спиење нишкај го
Ако веруваш се правам, на под со него сум цел ден со играчки на меше па во раце ќе играме и надвор го носам се што сум прочитала. Порано барем надвор заспиваше одма сега и тоа е со плачки во количка не колку дома ама 15 мин кенка па ќе заспие едвај. Ако сме регресија ќе помине се надевам набрзо
Ако веруваш се пробав, пробав на саат ипол не бива, пробав на 2 не бива, пробав и да го преморам не бива дури нема разлика во врескањето кога и да почнеме со ритуали за спиење пак исто завршува со врескање, се е супер и кога ќе почнат да му паѓаат очи одма е лут, а кога ќе се наспие златен е вака ми е жал живо ненаспано и се му е непогодено
И моето имаше период каде врескаше пред денски дремки додека не заспие, како да мора да извади тоа од себе па заспива, после некое време престана, сега пак заспива со плачки, но по малку и не е врескање како порано. Од тоа што читав дека некои бебиња едноставно го прават тоа пред да спијат, а што не пробав- порано, покасно заспивање, сама во креветче, повиена или не, во раце ...
Малата последниве два дена ја преспива цела ноќ без будење и без цицање. Како успева 40 дена бебе да преспие 8 часа без да цица. Полни пелени има.. Има место за паника??
Ако не ти е кажано дека треба да ја будиш за да јаде и ако напредува добро, не. Уживај додека се поспани, после ќе почни да ти се буди
@Jana06 Хахх, навистина не знам дали да бидам загрижена или не.. Досега не сме имале непреспиена ноќ, грчеви нема, баш мирно спие. Ама тоа што не бара да цица ме загрижува Стана околу 9 поцица и еве уште спие..
Штом си полни пелени јас мислам да ја оставиш да си спие. Гладно бебе вришти. Баш убава навика си направила од мала, мака ќе немаш. Ќе видиш на контрола дали качува добро.
Моиве не, ама на деверот детето така имаше. Туку, дали е во ред да спие на страна? Сама се врте, дигне нозете и се сврте на страна.
Синко вака спие, односно така се врти. Спие и на страна и на грб, сам си се врти и во ред е, зошто не би било
Баш вака е кај нас,мислев дека многу цреме е буден пред спиење навечер 2 саати па некогаш и 2 и 15 минути ама еве изгледа нормално е така.. Не ми замерувајте,изгледам штракнато со мерење на саативе цело време ама еве откако почнав да рачунам точно кога заспива и станува ниеднаш ми се нема расплачено за спиење.. Уште ми одѕвонува плачот како новороденче кога беше кога не знаев крајот да му го најдам кога треба да спие... @ni.na можеби ќе ти биде од корист пишаново. Бебе е, ќе менува..До пред 2 недели моето сакаше успивање без да го земам в раце туку само да го галам на главчето и тивко да пеам, сега нема шанси така да заспие мораме барем 2 валцери да изиграме низ соба.
Исто и јас. Како мало мн малку ми спиеше крај не можев да и најдам. Сега на апп на тел и ги забележувам дремките. 2 часа е будна и потоа и се спие, почнува да кенка и веднаш ја заспивам.
Мене ова ме спаси, не знам зошто не ми текна порано кога беше едно месечно да гуглам. Откако ја најдов сликата и моето нема заплачено, некако ред си фативме.