И мојата некад знае да урла ако ја заспивам, а и се спие и се плаче, и тоа ми го прави ако е нешто активна, возбудена, играме нешто и сл. Но, повеќе од 2 часа не ја оставам будна бидејќи се преморува и после полошо е, така да пуштам на тел звуци, дете бо раце, думкам и ја бакнувам, ставам образ на неа и по некое време ќе се сруши. Муабетот ми е, деца менуваат, некад лесно некад тешко заспиваат, после 4ти скок навистина дневните дремки се подобри, без спиење во раце, туку на кревет сама, но најбитно е дете да не се премори. Ако се премори ем кенкаво цел ден ем немирно спиење навечер. Колку и да е тешко, ако треба и ти до него легни, заспивај го до 2 часа.
Јас после саат ипол од кога е станато пробувам да го заспивам го нишкам му пеам го галам и така е супер едно пола саат, е штом очите почнат да му паѓаат почнува врескањето и тука веќе неможе да се смири му менувам позиција, ај ќе го легнам да го галам да заспие ај бели звуци што ти не пробувам на крај или заспива со цицката што никогаш не сме се успивале со цицање или ќе се премори и ќе папса од викање. Ама тоа трае со саат еве од сабајле од 8 станат до 12 се успивавме, а од 9 ипол почнавме со ритуалите пукнав колку саати врескаше значи мислам ќе полудам кај и да д
Мислев да ти реплицирам, да ме убиеш не можам да се сетам дали ти спомнав или не. И кај мене стана покенкав при заспивање после четвртиот скок, не знам шта му би. Скоро на секое успивање, се успиваме со плачење, а баш како што викаш, се' му е погодено, пелена чиста, температура прилагодена, он преморен или не, плаче!
неполни 2 месеца, ноќеска спиеше врзано 8 саати па пола саат цицаше па веднаш презаспа и спиеше 2ипол саати, од сабајле беше будна за цицање, пелена и tummy time вкупно саат ипол и од тогаш спие веќе 3ипол саати. многу ми е последново за денско спиење... поготово после толку добро ноќно спиење. се мислам да ја будам. а иначе си спие во соба со отворени ролетни и прозор низ кој пука сонце (не директно врз неа нормално). изгледа ѝ прија свежиот воздух.
Срцка мала и се погодила атмосферата. Мојата исто денес, накај 11:30 заспа, пробав после саат време да ја разбудам за tummy time. Она и така си задрема па ја вратив на грб да лежи и еве, чекам да стане за цицање Исто ролетна крената скроз, тв дрнда цело време нешто различно, врата од тераса отворена.. ќе да е до воздухот.
се разбуди нешто пред 2, еве ја сега пак си дремна. ќе видиме вечер како ќе биде. знам дневни дремки дека се добри за ноќниот сон, но не мислам дека важи за волку долги, повеќе логика ми има доколку се повеќе на број и пократки. ама како ѝ е нејзе убаво така.
Да и кај нас е после 4ти скок ваков, да го заспијам само неприметливо да мисли дека не го заспивам и така да заспие треба
Мојот нокеска цела ноќ на еден час кенкаше се вртеше и продолжува, којзнае што го мачи... Око не склопив а еве од како се разбуди супер си е весел си игра
Исти сме, пред 5ти скок. Нз дали е од тоа, дали од заби, а нема ни непца подуени, важно цела ноќ се превртува и во 6ипол наспана, спремна да си игра
Ние излеговме од 5ти скок треба да е мирен период... Хаха не гледам на повидок ни заби ништо нервозен е бесен што види се во уста нервозно гриза прсти стално има во устата ама не гледам нешто посебно промени ... Стварно не знам што му е он си спие ама си кенка се врти ротира во креветчето нема шанси до тебе да го оставиш да спие демек помирно многу мрда и му сметаш ... Дури и во креветчето тесно му е од толку претсње ги качува ноЕте на огрсдата па ќе се сврти на стомак а така не спие не сакаа па пак кенкање додека се сврти
Ние сме 4+ заспиваме и дење и ноќе со нишкање пола саат, и на крај со џудо вештини спуштање во креветче. Еден период ко да фатив ред и се прерадував...ама пак се вративме на старо. И најлошо во моментот е што од бебушка спијачка преку ноќ почна да станува на саат ипол и да бара да цица. Регресија или скок?? Или две во едно. Синоќа заспа во 7 ипол..па стана во 10...па во 1 па во 3 и на крај во 5 ипол бевме на нога. Таа наспана јас ко крокодил со пердуви
Мојов недела и пол вака прави паметот ми го мрдна и тоа кога се буди некогаш и писка на цел глас или во три саат ќе стане наспан си седи си игра
Хххаха леле незнам што ќе се прави, а тек заби коха ќе вадат.... Мојов уште нема ни н аповидок а еве го 6++ па утре и вакцина, што би рекле ваксајн ....
Нормално ли е ова? Ноќе спие 10 часа просечно некогаш докај 10.:30 мин ама ретко. Се буди и по еден ипол час максимум пак кенка за спиење. За една недела 7м ќе полни сеуште сме со 4 дремки од кои една или две се по максимум 30 мин. Подолго од 2ч10 мин не издржува да седи буден а последниве неколку дена едвај по 2ч. Нервозен е, кенка не му се погодува ништо лигсви многу гриза се и сешто негвозно . Нелие. Голем за толку многу дремки мислев веќе треба подолго да издржува буден. Не е во скок. Не гледам заби на повидок. Спанко ли е што ли е,знам секое дете е различно но што знам