@RainBow, ме интересира од кога го стави бебето да спие со вас? Мојата е два и пол месеца, првиот месец спиеше во креветче,а сега само два саата спие во креветче, после кенка, прета и се буди плачејќи. И сега ја ставам со нас. Ама ми викаат дека не дај боже може да се потисне бебето кога е мало. А знам многу бебиња што спијат на спалната со родителите.
И моево спие со нас. Пораат сум вака. И големиот спиеше со нас додека го доев, па после во креветче. Често знаеше да се префрли на спална самиот, ама кога почна од пет години да спие сам во соба е супер. Малово исто ќе си го чувам ноќе до мене, кога ќе прекинеме со доење ќе си спие во креветче. Не му бега тоа.
А ако спие до нас во спалната и така се навикне, па после да не сака да спие во креветче? Уф, премногу мислам пред време.
Спие со нас уште од раѓање ми се чини, неколку ноќи се мачевме со креветче, не спиеше ич таму, цела ноќ плачеше, кенкаше, па само бдеевме над креветчето и ја нишавме. Кога ја ставивме до нас беше многу помирна. Јас се будев и се уште се будам, на секое нејзино отворање на очиња. На почетокот на смени спиевме, еден гледаше другиот да не се сврти лошо, па кога видовме дека сме океј се опуштивме, накај вториот месец можеби беше. Јас увидов дека нема шанси да се свртам лошо, а за доењето беше многу полесно бидејќи не се будеше и да плаче додека да ја чујам, туку се размрдува и веднаш цицка и давам и си продолжува. И се мисли пред време, убаво правиш. Ние мајките обично се на пораѓај се сконцентрираме, па после не знаеме на кај тераме. Затоа види си, најважно е бебе наспано и мирно и ти исто, па кога ќе дојде моментот ќе знаеш како да правиш штом веќе си прочитала. Ако спие со вас треба да имате тврд душек, да нема околу него ништо, да не пиете и пушите и да го доиш. Има истражувања доста на оваа тема. Мене лично не ми е воопшто страшно што спие со нас, ќе спие некое време, па после години пак сами ќе спиеме. Затоа уживам максимално сега.
Јас ја имав таа опција да креветчето на бебе да е залепено до спалната. Лесно и за доење и за близина меѓу нас. Спиев припиена до него и го држев за раче. Тоа траеше до 8 месеци. од тогаш се нечка, кенка, плаче дур не го земам со мене и спие тотално упикан во мене. Од една страна сум среќна што ете барем пркна па почна да го прави тоа (помал ризик да го повредам) а од друга сум скроз вкочанета секое утро ама и убаво ми е па така...
Ние денес купивме душече, тврдичко е, со јога ефект мислам дека е, во спалната е многу помек душекот. Продавачката ми кажа дека подобро е тврд душек, јас не знаев. Не знам дали ќе ја доам, ќе видеме за некој ден кога ќе излезе. Едвај чекам, нека излезе па после ќе видеме како ќе се склопат коцките И да спие со нас, ќе се навикнеме, ќе ја паземе, она секако ќе биде мало џивџи.
Тврд душек се препорачува за да не дојде до тоа да го вдишува повторно истиот воздух, што може да се случи на мек душек, малку пропаднат. Не можат да го свртат главчето и вдишувањето на истиот воздух може да биде фатално. Затоа треба да спијат на тврд душек со ништо околу за да не им се загрози просторот за дишење. Човек кога нема нешто зацртано строго дека мора така да биде помалку стрес има кога ќе се смени планот. А овие планови неминовно се менуваат.
А оградички на креветчето да ставам ли? Што мислиш. Имам читано дека не треба да се ставаат. За 3 страни имам оградици.
Не знам баш, немам ич искуство со креветчиња. Јас монтажно земав, ама така стои, за играње го користам. Може друга членка поискусна ќе ти даде одговор.
@forumce Да , оградички земи си обавезно. Кога ќе почне да се врти , ако е дрвено креветчето ке се удира од страната. Тие се меки и заштитуваат.
Од медијапан е, не е монтажно. Имам оградички, ќе ги ставам тогаш. Читав нешто на нет, па затоа се мислев.
@forumce остави една или две страни отворени дури е помало барем, да кружи воздухот. Нема ризик од удирање дури не се толку активни. Ние сме ист случај како кај вас @RainBow, и нашето монтажно служи за играње. Спие се уште со нас и не можам да замислам сега да е во креветче, за понатаму ќе видиме.
Двете поголеми страни се со решетки, а помалите без. Едната поголема страна секако ќе е без оградица, да има воздух. Додека е помало мислам нема ни да треба да ги ставам, ама за после обавезно ќе треба, ќе се удира. Фала ви за одговорите на сите
Мамички ние сме стари 58дена малиот во последниве нефела дена ќе цицне по малце и спие по 4-5сати ноќе а денски по 3-4 сати од што може да биде така?
чути и трај и уживај во тоа нема поубаво од бебе ноќе што спие ти си наспана и одморена мајка та и преку ден тоа премија секоја ќе ти завидува уживај немај гајле беба ред си фатило се му е погодено и си нане .. и кај мене ноќе си спие од старт еднаш дал се буди до два пати е така ама па денски експресно спие
Же буни тоа што малце цица а многу спие вчера во 10 вечерта заспа а во 3 сабајлето јас го разбудив не верувам толку да му држи млекцето и тоа само од десната цицаше 1 сат ама цицни прекини праеше
Мајки ве молам за совет. Моето бебе има 3 и пол. И по совет ос пржедијатат од 1+ ( кога сам почна да ја држи главата) го стабам на стомаче да вежба вратни мускули. И по некое време почна да се врти од стомак на грб не му беше многу убаво ќе закенкаше малку но сепак си се вртеше. Пред 2 дена прв пат самостојно се сврте од грб на стомак. Од тогаш цело време го прави тоа како игра му е. Цело време око не тргам од него. Но назад од стомак на грб сега не сака иако пред тоа го правеше. Ноќеска се свртел бо сон и ѕака спиеше ама со главата надоле многу се уплашив. Ве молам да ми дадете некаков совет. Како да го спречам ... или што да направам. Ве молам искуства. Извинете на предолгиот пост
ништо не е како си расте помалце ќе цица навечер и кај мене е така шо викам ја колку да ме помириса и спие и го затвара муцето силно дури мо цуца несака некоаш има па си цица поеќе .. и не го буди нека го освен ако несакаш белја да му раскршиш сонче тоа само ќе си стане нема да е така мирно ако е гладно .. знајш има бебчиња што ке цицнат кај 10 и дури наутро кај 6 пак сакаат .. и мене ми се има десено на 2 3 паѕи ова .. нека си го ти уживај си
Нормално е тоа мајче. Нема спречување. На почетокот будна седев, набјудував со саати, да се уверам дека и во таа позиција добро дише. Сега и со второво иста песна, така се вртеше. Само јас не реагирав како првиот пат, па како нормално го прифатив.