А го оставате ли преку ден да спијат на стомаче? Само така дремнува, цврсто заспана во раце па на стомак ја оставам. Нормално, во моја присутност ..
До сега еднаш ја имам оставено. Јас ја свртев за да вежба, она се успа, не можев да ја разбудам убаво и така си седев до неа пола саат. Ако ја пазиш цело време, треба да е ок. Мене ова ми го препорача и педијатар додека се мачевме со грчеви.
А страв ми е,ама еве само така може да си поспие мирно. Главата настрана свртена секако. Неќе ич да вежба
Големиот казна му беше ако го легнев на меше . А малово обожава преку ден под мој надзор спиеше. Сега гледам на сред ноќ се буди се врти јас го врајќам тој пак на меше се врти. Но 5+ е па го оставам. Ептен мирно спие со глава на страна. А новороденче убаво му беше заради грчевите.
Син ми е 5ипол месеци кога беше 3 месеци ја преспиваше ноќта со едно будење за цицање, а сега маста ми ја извади цела ноќ станува а цица на 2 ипол до 3 часа... Да каже некој на таа возраст што им е беба како е кај нив, не знам што е проблемот нели кога се поголеми немаат потреба од ноќните подои нели веќе треба да ја преспива ноќта ако не барем да се буди само еднаш за цицање
Исто сме освен што моето е на Ад. Уште пред втор месец сврзуваше 8- 9часа и пред да направи 3 месеци почна со едно будење, сега сме со две.. почна некогаш со едно пак ама поретко. И во меѓувреме знае да се буди.
Исто сме и ние баш пишав пред некој ден, си спиеше навечер со едно станување сега на 2 часа цица дење ноќе, 5 ипол месеци ама мислам дека е период.
Ај и тука да побарам совет. Малиот за некој ден е 9 месеци. Од пред 4 дена наеднаш не сака да спие в креветче, а таму спие од како е роден. Заспива цврсто, го ставаме в креветче и уште не е ни спуштен почнува да плаче. 100 пати пробавме 100 пати е исто. Сака само в раце или в релаксатор. Немаме веќе сила со мм без спиење сме цела недела. Има 4 заби досега, ама не праел вака. Сега горната двојка му е скрос побелена ама никако да пробие, многу се лигави и е нервозен. Не знам дали е до забите или има некоја друга мака. Тие што сте поминале регресија во спиење на 8-9 месеци да не сте имале вакви проблеми?
Ќерка ми е 7 месеци. На неполни 2 месеци спиеше мирно 9 саати. Јас ја будев да цица дека беше многу мала. Од 4,5 месеци наваму ноќните будења постојано се зголемуваат. Во последните 2 недели се буди секој саат со вриштење и само со цицање за 4-5 минути заспива, ама јас додека да заспијам таа пак вреснува. Не сака ни да јаде, само цица. Јадеше 2 оброка убаво и таман да и воведам трет, таа престана да јаде, уста не отвора штом види лажичка, а порано му се радуваше на јадењето. Дали е поради излегување на заби или е период не знам. Некој со слично искуство да даде било каков совет, ептен сум преморена и ненаспана. Како да се вратиме на старото мирно спиење во текот на ноќта?
Мака мачиме со тоа спиење, преку ден по 10/15 мин и се буди, а ја успивам по 1 саат, некни после 3 саати дури заспа. И ќе заспие не смеам да шушнам. Навечер сврзуваше по 5/6 саати повеќњ од недела. Сеа пак иста песна, по 2 најмногу, на саат/ пола саат станува зависи. Скоро 2 месеци е, од првиот ден вака е со спиење.
Може да излегуваат запчиња, има доста деца што не јадат кога им излегуваат запчиња, исто и викањето навечер и често будење може да е од забите. А зачестено будење има и кај нас (7ипол месеци), посебно чести се будењата во неделите со скок на развој, од периоди на будење на секој саат, до периоди на будење на 5-10мин. по цели вечери. И мојата се будеше поретко претходно, а после 5ти месец се почесто. Најчесто се буди од жешко, а после 3ч. навечер заладува, па можеби и е ладно. Се будам и јас, некогаш ми е жешко, некогаш ладно, така и тие си се будат, или сонуваат или се плашат, или вадат заби, или си повторуваат тоа што научиле, или од навика... Само нека се здрави и живи, ние ќе се трудиме да им помогнеме да спијат подобро и подолго, да имаат поквалитетен сон, а ние ќе издржуваме некако со помалку сон за нашите сонценца мали.
Ние како да не излеговме од 5. скок во развој. Постојано се буди уште од тогаш. Убаво кажа ќе се потрудиме да имаат подобар сон, но како? Се пробав пак се буди многу често. Како да поспие подолго да се одмори и таа и јас?
Биди упорна и враќај назад во креветче на секое. И те како може регресијата да поремети и ред и рутина.
Може да има многу причини зошто се будат навечер, скок во развој, жешко, ладно, глад, што јадат или пијат (на пр. дали им прави храната гасови), влажен памперс, светло или темно, несигурност, сакаат нишкање, вадење заби, сонување, навика... Провери навечер што сака дали е гладна, мокра, сака близина, нишкање, цуцла итн. за да видиш што сака. Сега штом не јаде каши, нормално е да се буди почесто за цицање. Мојата пример почна сега во 6ти скок да се буди и да бара шетање низ соба за да презаспие, што порано не барала во претходните 2-3 скока, и протестира за јадење каши, а претходно јадеше со голем апетит цела тегличка наеднаш, некогаш и повеќе, а сега со молење малку по малку. Такви се бебињата, треба да поминат 2-3 години за да се стави некој ред на спиење, јадење...
Моето е 5, претходно немав мака со спуштањето но еве 1 месец веќе зеза, е решение му најдов кога го спуштам го спуштам на страна легнат не на грбче и така не кенка, пробај така. Е сега овој за 5 мин се враќа сам на грбче ако не ќе треба да го свртиш или да го гледаш пошто мене уште ми е страв било како освен на грб да ми спие
Кај нас е проблем што малото има ортопедски помагала за стапалото и ние не можиме да го легниме на страна. Мора на грб. Тој после сам се врти или на страна или на стомак и си спие добро, ама тоа мора сам да се намести. Се надеван дека е период и дека ќе се врати во нормала за брзо
Isti sme i nie 7 meseci i 2 dena sme. Ovie denovi pocna da se budi na vecer i da place do zajduvanje. Isto i po malku mi jade. Veke ima 2 zabcinja. Od sto e ne znam no sum premorena