А на меше си а легнала ло да видиш како ќе спие , обично така помирно спијат . Пробај , биди крај неа за претпазливост оти е мала , издржи ќе помине
Не сака на меше, и будна кога ја ставам се нервира. Синоќа пак сврза неколку саати, ама во раце штом ја ставиме во креветче се буди и ја дежев јас, па мм и дури после 2ипол саати ја ставивме во креветчето и поспа уште 2 саата. Ама ептен мрда со раци, нози се врти.
Ние сме точно 3,5 месеци и денското заспобање ни оди мн тешко, јади оброк на 3 часа АД и меѓу нареден оброк во тие 3 часа и треба да заспие но сака само да следи, да рагледува и кога не можи да издржи наеднаш почнува не да плачи туку вришти, па едвај ја смирувам некогаш во раце се нишкаме, некогаш во количка, но секој пат ми е страшно и мачно. Како најлесно ги заспивате? Во креветче не сака да лежи воопшто. И на вечер сака да гледа во светло така ми заспива дали тоа е нормално ме загрижува?
во транспортер нешто , или да градиш тесен простор у креветче да и направиш , исто затопли го со фен пред да а легниш , така споделиа овде ,крај краева ако не ти е страв со тебе да пробаш да спие , или повивај и ги само рачињата со тетра пелена.
Рутина, бели звуци... одиме во соба, уклучувам бел звук, облекуваме вреќа за спиење, ја легнувам на креветот(до пред некое време на раце ја успивав па легнував на кревет со неа само така спиеше подолго) и ја лулам на нозете и давам цуцла и заспива. Некогаш полесно некогаш со плачки.
жени мака мачам секоја вечер со успивање во раци ми заспие цврсто дојде ред за да го оставам во кревет одма се разбуде, 2саати се успиваме ми се плаче, умотан во кебе несака саклетчија е голем, ве молам за совет, 3 месеца сме...
И јас така го спуштав и ми се будеше и после ми текна да пробам брзо да го спуштам го вртам на страна и по газето го тупкам/нишкам и рачето му го држам и така си спие си тера
На која температура спие вашето бебче навечер? Сега зошто температурите се доста ниски навечер, ние негасиме парно, јас се препотувам, воопшто не ми е пријатно да спијам на топло но незнам на бебе како му е. Не сум мерела колку е температурата навечер но мислам некаде околу 24/ 25 степени е. Јас навечер мењам двапати пижама од што се потам, и спијам по кратки ракави,но мене и од хормони ми е претопло,...па незнам која температура е идеална за ноќно спиење на бебе?
Ние оддржаваме околу 23 степени, ако е многу ладно, степен до два помалку. Ова се водиме според панелката, никако термометар да купиме. Обично спие по боди на кратки и шпихозни, овие неколку дена е со боди на долги. Инаку за потењето во сон, и јас и мм менуваме мајци во тек на ноќ ама мислам не е толку топло во соба колку што допринесува јорганот што упорно го местам. Првите месец сена во сред ноќ го будев мм да ми избрише пот од грб и косата ми беше мокра.
Околу 20, боса на нозете. Во костумче за спиење наменето со дебелина на јорган Провери го на вратот ако му е жешко/ладно ќе покаже таму
20 степени е во соба спие по плишани шпихозни бос и одоздола има боди на прерамки.Ќебе,вреќа или нешто друго ако има на него се нервира или пак ако е топло.Ако ти кенка и се буди навечер на таа температура значи дека му е топло, машките се склетџии не го облекувај премногу
@Bicka77 и јас мислам дека не е претопло, а сигурно се потам ко прасе и од хормони и од тоа што несум навикната да спијам во затоплена просторија....Но еве како што читам треба да ја регулирам температурата на собата околу 20/ 22 степени навечер.
Мајки како ги одвикнавте вашите бебиња да не заспиваат со нишкање во раце? Преку ден имаме по 3 дремки, а навечер најкасно заспива во 8, меѓутоа веќе е тешка почеток на 5ти месец сме..дневните дремки заспива само со нишкање во раце, а навечер со доење. Пробав се, и да лежам до неа, и да ја ставам во креветче да шшшшкам, да пеам , да зборам , да тапкам по газе па ќе вришти па пак ја зимам ја смирувам па полузаспана ја спуштам па пак се буди и се така. Извинете за долгиот пост, ама неможам веќе..8 kg се во прашање..пукнав.
Да прашам мајка , отидовте на тренер за спиење или го решивте некако проблемот. Исто сме, потполно исто, како јас да сум пишала.
Испробано, не сака. Се тегне , се витка на назад. Мора да сум на нога и да друмкам и шетање и шштење и све. И кога ќе заспие спуштање настрана во креветче и си спие. Ама почнува веќе да ми тежи..не се додржува, и јас потам и нејзе ја потам долепена така до мене...ужас. Се надевам со топлово време веќе нема да сака така залепена за мене да биде.
Ние сме со клима и ја местиме на 19-20 степени ноќе, спие со боди на кратки и тенки шпихозни, го покривам со тенко ќебенце и јорганче и супер му е, никогаш не се испотил ниту пак ние.