Мајки, на почеток дали бебето спиеше со вас во кревет? Не сака да спие во креветче навечер, плаче ако го оставиме, и одма се буди, а со нас на спална си спие, може е многу рано за некаков ред, не знам, ама и ние укочени спиеме од што сме на штрек со спиењево.
Не сме, малку се потсмири му фатив некоја тактика го нишкам а му се придпие го легнувам и со цуцлата се успиваме. Е некогаш и не пали, ама не сум се решила за тренинг да му правам сеуште. Дури и пишав на Dr goodnight ама не ми кажа дали има нешто за да се оправиме така да незнам ни дали вреди да плаќам. Само нерви билдам
Моето од сам старт е во креветче. Кога ќе го ставаш, седи до него подолго, збори, гали, дај цуце, па земи го дај му цице па пробај пак.. Изберете една вечер кај што ќе бидете спремни повеќе саати да останете без сон, исто како што направи за цицањето.
Јас и големата и ова сега од сам старт ги ставав во креветче и немавме проблем,таму си спие навечер.Ободувај се повеќе пати,ќе се научи.
Спиеше до 4ти месец со нас и еден ден решив даго префрлам во креветче да си спие и немаше ни драми ни циркузи баш напротив како едвај да чекал да спие таму
И мојава, од почеток во креветче, ниту се жали, ниту ништо. Ја зедов пред некој ден меѓу нас во спална, да си поиграеме малку, не сака да стои, кренка. Креветчето си го сака
Моето на мене сакаше да спие, таман спушти го во креветче очите ќе ги отвореше ко вампирче, пак ќе го земев на мене ќе заспиеше се такааа 10 пати ќе пробував. Мене ми беше страв со нас да спие малечко беше да не го задушиме.
Да, и мене ми е страв, ама штом го легнам во креветче, за 1 минута отвара очи, и кенка. Ќе пробам некоја вечер да го ставам таму цело време, па ќе видиме како ќе биде.
Пробај да му ја стоплиш постелата пред да го легниш и уклучи бели звуци...ние заспиваме повиени, со цуцла в уста и ни свират или бели звуци или крај краева фен
Е да, со рачињата прета и мрда, се плаши и во сон, ги крева нагоре и така се буди, а не сака да ми ги покриваш, се нервира со покриеми раце, и прета за да ги открие. Ќе пробам вака со фен обавезно.
Читај моро рефлекс, ние го имавме 2 и пол месеци. Тоа ги буди да, мислат дека паѓаат. Пробај да го повиеш.
Исто...премногу се будеше баш од Моро рефлексот, си се плашеше сам...и почнав да го повивам и многу поубаво спие...на почеток ќе се бунтова, ќе пробува да ги вади рацете, ќе плачи ама биди упорна
Педијатрите велат 19 20 степени дека е идеална, јас го оставам панелот вклучен на 2 ка 3 ка, довага до 21 22степена,(кога беа минусни тем гррв повише и идешемдо 24 степена) , мојто бебе мн се открива и страв ми е воопшто да не ја греам собата
Моето несакаше така да спие во креветче, му го ставив гнездото и отогаш си спие во креветче, се осека по сигурно во гнездото, онаака во креветче повише се будеше и се плашеше не осека сигурност, пробај со гнездо ако имаш
Ние спиевме заедно сигурно 2 и повеќе месеци, сама во креветче беше невозможно. И еден ден решив да пробам преку ден бар (неколку дена пред да направи 6 месеци) зашто веќе беше неизводливо заедничко спиење и следуваше чудо. И се спиеше доста, препознав знаци, ја оставив во креветче, пуштив звуци, се сврте на страна сама, ја гушкав и заспа. Мислев дека ќе е само ттогаш ама еве успешно веќе 3 недели спиеме така, а од пред 3 дена спојува скоро цела вечер без циццање (цица во 20часот, заспива и станува во 4 или 5 пак). Е сега, битно е да препознаеш кога му се спие, да не се премори, значи 2 часа будно ако е сигурно ќе му се приспие, со тоа што мојата ги зголеми дремките, спие по 1.5час до 2. Биди трпелива, секое дете е различно, мојата спиеше само кај мене во раце па еве ја сеа ужива во креветче. Знам дека те фрустрира, ама си бара блискост, пробај како јас. Легни го, дај цуцла, гушкај, бакнувај, пушти звук и може ќе заспие, нормално некогаш одма некогаш за 15мин. Ако го заспиваш во раце, и јас така правам некогаш, кога ќе го спуштиш, ако сака сврти го на страна и гали го, да знае дека си тука, и да не е скроз заспан кога го оставаш. И најбитно, не го оставај будно повеќе од 2.5 часа, пробувај да заспиете и не го претоплувај, мојата со ништо не сака да биде покриена, спие без кебе. Трпение мајка само.
Исти сме, додека е во раце е кома, само што го спуштам а пазам како го спуштам обравчето да е потпрено, малце на страна, јас врз него му дишам значи сите ритуали гк правам и одма отвара очи па го доближувам креветчето до спална седнувам и почнувам да го галам по лице, и кога ќе го фати нервоза дека неможе да заспие ја ставам раката под газе и го клатам додека да заспие ама со овие ритуали ме фаќа над еден час за да заспие пак. Нервно попуштам секоја вечер И заборавив да кажам пробав да не го легнувам директно на чаршавче туку имам стаено тенко кебенце од оние плишаните, поларните како и да се викаат и веројатно топличко му доаѓа па некад ми успева одма да си продолжи со спиење откако ќе го спуштам, изгледа ладно му доаѓало од чаршавот и се будеше скроз
И јас влегов во темава за истово да го прашам и ние сме 4++. Моментално има 4 дремки но се мислам дали се многу. Спрема сите табели од 4ти месец почнуваат да имаат по 3 дремки наместо по 4. Следи го деновиве ако ти се успива потешко значи време е да е будно повеќе од 2 часа измеѓу дремки. Кај нас изгледа деновиве ќе почне по 3 да има, тешко се успиваме. Нека кажат и поускусните Еве табела
Мојот е 7+ пред една недела почна да има 3 дремки пред тоа немаше шанси сам си покажа кога е спремен. Ако е добро на бебето со 4 не мора да се форсира за намалување само затоа што така пишувало на интернет.