Не форсирам ништо,гледам дека му треба повеќе време за да заспие и се мачи,како расте така се подолг период ќе биде будно. Тоа секако зависи и колку време траат дремките, ако се пократки повеќе ќе има. П.С. Оваа табела е преземена од др. гуднајт-лице специјализирано за спиење на бебе.
Да да секако. Не мислев дека форсираш ти општо пишав дека треба да се следи ритамот на бебето. Да не ме разбереш погрешно.
@firequeenn ние сме ексклузивно на доење, не заспиваме секој ден во исто време, не можиме некој ред асален да фатиме пошо еднаш цица на 2, еднаш на 3 саати.. Еднаш дремнува 4 пати, еднаш 3 пати, еден ден заспива во 10, друг ден во 11... Пробувам рутина да направам ама џабе, кога секоја дремка различно време трае и не е секој ден исто. Единствено се водам по знаци, кога ќе даде знак дека и се спие, одма ја заспивам и само така немам проблем. Ако сме излезени со количка денски, може по 3 сати да спие и после тоа подолго време е будна.
Јас купив од аптека термофор, ама од тие големите за возрасни. Пред да почнеме да се успиваме го полнам со врела вода и го ставам во креветче под ќебе. Пред да ја спуштам порано загревав со фен...ама тоа кабли, па тропнал фенот..па нема после кај да го спуштам....и така со ова супер е, под ќебе прави бања...после го тргам и ја спуштам во креветче на топло. Тоа е се супер, ама никако да се одвикне од заспивање во рање....ни ка кооо
Или му е ладно или топло...на мојата и е топло, бидејќи е креветчето одма до парно, и се буди и плаче, па затоа претходно ја проветрувам просторијата и не ја покривам со ништо.
Kaко ги заспивате децата? Малата има 4 и пол месеци и тешка ми е веќе за во раце а само така заспива..Пробувам полузаспана да ја ставам во креветче, многу полека внимателно, одма се буди уште неспуштена. Башка што сме во скок и заспива многу тешко, по 3 саата буквално се успиваме. Ноќе спие убаво ама денските дремки се крш и навечер тешко заспива. Ќе останам без кичма и нерви, кажувајте чаре.
На 15 месеци уште во раце заспива.. Не знае сам, како расте се средуваат дневните дремки и побрзо заспива подолго спие, но да не те обесхрабрувам, ако е научено во раце да заспива тешко одвикнување. Моево не знам кога ќе почне само да заспива..
Јас во раце исто, ама мало е моето, 5 кг нема, за сега не е страшно. Мм пак ја легнува на кревет и ја гали по косиче или за раче ја држи, ако е возбудена и збори тивко и така двајцата се успиваат па јас после ја префрлам у креветче без проблем.
Пишував пред скоро за ова, најбитно е колку дремки има во текот на денот.За вечерното спиење нека заспива со млеко ако е тоа возможно. Али само бебе да заспива, а да не плаче не е возможно
Денските дремки еден ден ни се супер, еден ден ќе прескокне некоја и толку е после не сака да спие и само кенка. Дали е до скокот вака не знам... Денски цица после спиење, а навечер кога ја легнувам за спиење цица и така заспива ама се буди зошто мора да подригне. Па ајде наново заспивање со нишкање, бели звуци, песнички. Па ја ставам во креветче, она се ококрува и почнува да плаче па ајде наново заспивање во раце. Пробав и да и дадам да цица пред да ја бањам за после да си заспие ама не сака. И кога се јавува регресија во спиење? Тоа со скокот се поклопува или..? И дали во таа регресија се будат често и ноќе или не мора да значи?
Конечно заспа, ме пукна ова утро, стана многу рано и цело време кенка а не сака да спие, нека стане и одам да шетам.
4++ сме. Од утре се враќаме на 4те дневни дремки. Деновиве пробав да имаме 3 наместо 4 ама неуспешно.Рано му е изгледа. Контра ефект постигнав. Да се вратиме на 4 дури не се пореметил цел ред. Не можам да држам бебе будно и да плаче. Сакав да пробам дали може да издржи повеќе од 2 часа буден ама не. До кога ќе има 4 пати спиење денско не знам, мозоков си го оптеретив со пресметки гужва ми е во главава веќе..
Остај да спие бебе, што по одморено тоа подобро.Мојов е 6++ едвај да му направам дремката два саати да му е се по пола саат му се, пред некој ден толку се премори што цел ден имаше спиено 40минути вкупно т.е. 2 дремки по 20 минути тоа беше = на хорор. Не се оптеретувај со дремките само гледај да е добро наспан и весел
Моето има 2 месеци и одвај врзува 2сати спиење исто остатокот од денот е хорор зошто и се спие не е одморена и само плаче а не може да заспие никако..А цело време се прозева
Бебче мое синоќа во 7 јадеше 150мл ад последно, заспа во 7:30 се така до 5 сабајле, бгм се одморив како човек, денес имам енергија цел град да го истрчам.
@BabyD0ll @LucyLu блазеси ви. Јас минимум 5 пати станувам навечер со малиот. Дали за млеко дали за да го занишкам. Ме проверува дали спијам изгледа Да не е маж ми да помогне да поврзам некој саат спиење (спијам од 9 до 2 ноќеска тој дежура) ќе се срушев досега. За 1 недела 5 месеци правиме не знам до кога вака. За дневните дремки за успивање немаме мака. Ништо друго околу бебево не ми паѓа тешко во текот на денот,ама ова станување навечер ми кине живци. Ми наплаќа,знае дека сум спанка.
@BabyD0ll @LucyLu и јас ви се приклучувам на трчање, денес нов рекорд на врзан сон - 11 саати од 21 до 8ч. а јас врзав 9, полна енергија сум.