Ние сме 14 ипол месеци и претходно имав голем проблем се будеше често додека си спиеше во креветче а сега си спие заедно со мене и искрено како да се родив повторно се осеќам конечно сум одморена..
Дај боже мојот е живец невиден спиење денски ми е копнеж најголем, ноќно е ок ама заспивањето хорор преку една вечер плачам од што тешко заспива, односно заспива во раце ама откако ќе го спуштам во креветче уште минимум цел саат се заспиваме и на крај со плачки пак во раце ми завршува
@kukla21 исто затоа се смеам @crazylady зависи до дете, мојата е многу активна и упте побетер беше и коа прооди и еве уште е
Ќе спие откако ќе прооди, додека не почне некој заб опасно да го мачи, па ќе приплаче 2 3 пати, ама ништо страшно..
Мајки да ве прашам нешто, од кога почнавте да ги ставате вашите малечки,новороденчиња во релаксатор? Синчето има полни 4 недели, и мака мачиме со дневните дремки, и вчера и денес го ставам во релаксатор, и заспива,преска го остаив еден саат спиеше, пред малку пак ми заспа во релаксатор, и го земав после 20 мин и го ставив на кревет успешно без да се разбуди. Муабетот ми е да не емногу мал за во релаксатор????
Фала ти,пошо шубе ми е да не му направам нешто. А по колку пати во денот можам да го оставам да си дремне во релаксаторот, и по колку време на една дремка?
Јас од 2 недели ја ставав. Не треба да е повеќе од 2 часа во таа положба, дали релаксатор или транспортер.. Мојава денес три пати ми заспива во количка. Предходно се на цице заспиваше, сега ја дојам, ќе си погугаме, пуштам бели звуци и ја нишкам во количка. Што не кажете дека ова бил раатот
мајки кога бебнцата почнуваат ноќе да сврзуваат повеќе часа, моите се 2++ и се како навиени сатчиња, точно на 2 и пол часа стануваат
Многу е индиводуално ова. Моето почна да врзува 7 саати нез цицање пред да наполни еден месец. Првиот пат се шокирав кога се разбудив во 5 а она уште спие, мака нема. Ја носев на мерења, консултирав педијатри, сите ми викаа ОК е а мене ми беше страв дека мала... Ама ете, сега за сега е спанка. Може твоите имаат некоја мака како грчеви а може и едноставно сакаат мама и млекце.
Јас пред некој ден кога го извадив прв пат надвор во количка, заспа и ми спиеше 4 саати без престан, и јас се шокирав, и после викам чркај и наредниот иста фора да направам, јок бе бате, не спие очите 5 банки отворени
Што е финтава со будење после пола саат од ноќно успивање и протест за повторно заспивање ?! Обавезно,мора после половина саат или 40мин да се разбуди и после заспива дури во 11, па некогаш (како синоќа) и покасно,12-12:30.. Немам сила овие денови дури .. Претходно правеше така ама до 10 беше заспана, сега не бре,очи отворени не сака да цица пошо одма повраќа,прејадена е.. и плаче, уморна е а не спие .. Дајте чаре, ќе припаднам веќе.
2 месеци и 10 дена.. Намерно ја држам будна повеќе, последните две дремки не се подолги од 15мин и џабе ми е. Рутината е таа иста, бањање,цицање,спиење, ама будењево ме нервира крајно. Вечерва прв пат со нишкање на нозе ја заспав, не знам дали ќе презаспие на истиов начин сега кога ќе се разбуди Поголемата само на цице заспиваше,ич ич неќам повторно иста грешка да правам.