Да пробаш рутина да направиш некоја.Пример во 7 саат гасиш светло тивко да е и да пробуваш така да ја успиваш.Или врекичка да земеш со нејзе да ја успиеш и така да ја спуштиш.И во скок да не сте некој
Да,во вториот. Мхм, во 7 да гасам светло и поголемава војна ќе ми објави Гасам кон 8:30 за да во 9:30 заспие Не знам дали ќе ни пали рутината.. да не е многу мала за да ја “запамти” т.е навикне.
Од скокот е џабе ќе и поставуваш рутина кога во скок цела ја изреметуваат па после додека се вратиш во нормала дошол другиот скок
Кажете некој трик како да се успива сама, се испробав, џабе. Во раце ја нишкам веќе тежи. По 2 саата се заспиваме. Секое заспивање со плачки, при крај сум со нерви. Рутина имаме во 8- 9 ја бањаме, ја носам во спална, тивко, замрачено, бели звуци, цица, заспива и кога ќе се најаде се расонува и наново се заспиваме. Ја спуштам во креветче заспана, додека да излезам од соба да дојдам во дневна она се разбудила! Среќа барем преспива по цела ноќ, по 11 саати со 1 будење за цицање, ама денските дремки ни се ужас. Се на се, денски вкупно спие 1.5 часа во 2-3 дремки распределени. Скоро излеговме од 4 скок, значи не е до тоа.
Лелеее само што влеговме во 4ти скок се промена дете, во раце си сака да спие, поинаку кенка. Еве во 6 се разбуди во раце да го држам, ако го спуштам било каде си кенка.
Како да си помогнам,каде грешам кога ја оставам за спиење? Не е можно,во раце е цврсто успана,ја спуштам одма стане,абе уште не спуштена мрда и кенка.На ќебенце меко ја спуштам,бавно прво газенцето,после главичката не бива и не бива.По 5-6 пати ја ставам стане,се препотувам и јас и неа ја потам.Ми се рика 4месеци ( +2 дена)
Исти случај сме ние смд во 8ми и такви сме, и на секои 15мин пола час кенкање и не продолжува без цице. Не знам веќе сила немам а и дење 2 до 3 пати спие по пола час и толку. И ова е од 5ти месец наваму не е до скок
Држењето будна повеќе е огромен проблем. Води до премореност и немирно спиење, често будење. Денски прати прозорци на будност според возраста на бебето и успивај за дремки од прилика според тоа што кажа ако е бебе 2мес треба да е будно околу 1час, 1час и 15-20мин пред да се премори. Држењето будно за да спие нсвечер има огромен контра ефект
Во смисла не и дозволувам повеќе од 15мин да и биде последната дремка пред ноќно заспивање. Или последните двеџ Не ја преморувам,повеќе од 1 и пол саат не ја оставам будна, редовни и се дремките преку ден. Туку после 20мин од заспивање она се буди, заспива после пола саат-40мин..
Леле не ме плаши Ама ќе ја оставам да се изнаплаче и да заспиез стварно не знам како поинаку. Сабајлево 2 саата веќе се мачи да призаспие. Немам сила се ме боли.
Ова го приметив и јас во мојот случај. Ако ја држам со сила будна, ќе рика до 11, ако ја оставам да отспие пола саат-45 минути, ќе си заспие во 9-9:30.
И не сме во 4 ти скок веќе две недели како влеговме во скок навечер никако неможам да ја заспијам , претходно запиваше сама без проблем ќе ја легнам во креветче ќе пуштам светло на вртелешка ќе мрда ќе се врти , ја да сум до неа да ме гледа и си заспива па спие до сабајле , сега сме пред громчето некој едне ден а бе до 12 неможе да заспие ја лулам , пеам млеко давам ништо несака , а преку ден само на цице заспива без мака , не е плачлива ама со заспивање мака голема ....
Синоќа од 12 до 3 ја нишкав да заспие,уствари она цело време си спие во раце,пробам да ја ставам стане.. не се издржува Стане преку ноќ за цице после не презаспивам пак раци пак нишкам
Јасно ми е период е , само ми е жал што се мачи , знам дека и се спие а неможе убаво да заспие , некогаш едвај фаќа да цица ми е страв и да не се одбие
Во 4ти месец е првата регресија на спиење . Истото го поминавме и ние и тогаш денските дремки ги спиеше само в раце а после в релаксатор. Ноќното спиење не ни беше проблем. Ама има регресија и во 8ми до 10ти месец. Истото се случува пак. Преку ноќ се смени детето и не сакаше да спие в креветче воопшто. Две недели со мм го чувавме во раце на смени цела ноќ.Точно на две недели се смени пак на старо и се врати и денските дремки да ги спие во креветче. Пробај да ја заспиеш на некое кебенце па заедно со него да ја спушташ во креветче. Период е и ќе помине, само трпение
Исти случај и ниена крај заспивам со него, легната врз него на кревњтчето и самого доближувам до спална и сум куфер толку
Ние сега го имаме тој проблем, 4+++ сме. Во 4от скок поубаво спиеше и немавме проблем со заспивање ама затоа со цицање беше проблем. Е сеа кога ќе се навратам и во вториот-третиот месец имавме ваков период кога само во раце спиеше и при секое ставање во кррветче се будеше. Само што тогаш беше далеку полесна и не ми беше проблем да ја држам и нишкам во раце, сега веќе стежнува. Мора да најдам некоја тактика да се научи сама да заспива, не бива вака. Се надевам и ова ќе помине @Love86
После цели 10 месеци во саботата и неделата ми спиеше цела вечер,сношти стана 3 пати за да цица и фали доењето преку ден додека не ме гледа.Сама не заспива или на града или ја лулам на пилатес топка
Јас за преку ден се помирив веќе си спие во раце,ама барем ноќта да заспие и да се буди за цицање и да си презаспие пак на цице. Абе ми се лоши ми се повраќа од ненаспиеност.Плус она шо е ненаспиена. Колку време трае таа регресија?