@zemzela91 топло е да ја мотам во ќебенце,плус многу мрда,неможам да ја додржам.Ја спуштам на меко и топло ќебенце и пак не бива. Колку време би требало да трае ваквата регресија?
Не да ја моташ. Јас ставам едно тенко кебенце под него и со се кебе го спиштам в креветче. После како што се изместува му го тргам за да не му е жешко. Ама и ако не го тргнам не е страшно намерно во спална чуваме поладно, така поубаво спие. Инаку како што сум читала и тука што споделија мајките на постарите дечиња, регресијата трае од 2 до 6 недели. Ако продолжи после тоа со такво темпо значи му останало навика на детето. Ако ти е за утеха, кај нас му излегоа и плус два заби, па имам трауми за цел живот од хистерично плачење и неспиење
Постојано сака во раце по цел ден не можам да ја оставам на никој ниту во кревет ни релаксатор ништо. Ајде ја држам и спие некако ама после 6 не се издржува сака да цица ама кога ќе ја ставам се трга и плаче и постојано такаи не сака да заспие. Навечер од кога ќе ја бањав само тогаш спиеше во креветче неколку сати и заспивсше брзо. Сега се заспиваме по 2 часа и цело време се буди не спие воопшто мирно. Има некој вакво искуство што може да биде?
Преморено дете не спие. Друго, седи до бебе околу 40тата минута. Еден циклус е 45 мин. Чим почне да мрда, пробај да ја презаспиеш без да се расони. Ако презаспие, ќе си нана
Ама не е преморено. Денски спие редовно, накај 7 кога ми заспива после 15мин ја будам. Кон 9 ја заспивам, мислам дека е таман саат и пол.. Не делува преморена. Не ми е поентата да ја изморам за да спие навечер, досега само две вечери потешки сме имале да кенка, ама сеуште грчеви има. Инаку си ја преспива ноќта, со едно до две будења за доење. Пред да го прочитам твојот пост истото го направив. Ја заспав во 8 и пол, кон 9 и нешто почна да се буди, со нишкање и цицање презаспа. Еве ја саат време спие и тоа во креветче, ја немогу да верујем Добро,бебе заспивам, јас ептен стресно го доживувам ова изгледа. На silent mode и со дишењево сум стаена, само и само да не се разбуди. Не мрднав од креветчево. Немам искуство со бебе што рано заспива, плус п и во креветче, ова се ту мач импресии за мене
Јас рано легнувам деца и како правило 45 мин по заспивање ми промрдува Ние заспиваме со фен инаку нема шанса. Дада е толку гладна, нема шанса да спие!
Исто и ние, ноќ не сме промашиле без фен. Еве брмчи саат време, а го угасам прета одма. Нека брмчи,само нека нана. Барем малово да го научам рано да легнува, дадата пред 11 тешко да ја натераш. Да ги дојадам соленките,да ја допијам водичката, се нешто има измислици
Мајка , во една прилика ја слушав Сања од Dr.Goodnight....и вика вака - секоја дремка пократка од 30мин. не се рачуна за дремка, исто како детето да не спиело. Затоа ти е преморено, и после кога ја легнуваш тешко заспива, бидејќи последната дремка ти е 15 мин..организмот на дете не ја рачуна таа за дремка. И друго , од последна дремка до ноќно заспивање минимум 2 саати ..односно во завоснпст која возраст е бебе. Наштимај некако да не ја заспиваш во 7 туку во 7 да станува од последна дремка па до 9 да има 2 саати будност со тоа што ритуалот за заспивање нека почне накај 8 ипол.
Одличен совет, ти благодарам многу! Баш сум приметила кога спие по пола саат е нервозна и кенкава и бара уште да спие. А јас смотана,ја кревав во раце и ја расонував а дете поспано. Вчера спиеше еден саат, т.е од 6 до 7, и во 8 и 30 кога ја легнав си спиеше до сабајле до 9. Ми одговара така, само секоја вечер се надевам ќе го темпирам времето за да научи кога е време за спиење.
во литература, дремка од 15 мин ја викаат power nap. Се практикува кога бебе е преморено, не сакаме да му го изместиме редот, а на бебе де спие во нестандардно време. Дремка од 15 мин им дава чувство дека се отспани, ама пак ќе си заспијат во регуларен термин пример. Бебе стане во 5. Не може да доседи до 8, а не е да го дремнеш во 7. Тогаш со дремка од 15мин ќе издржи до 8.
Одлично, уште еден убав совет..ќе затреба во некоја ситуација. Сепак тоа се рачуна како power nap, а не како дремка баш дремка односно ако бебе треба да спие 3 пати во денот...последното спиење да му биде 15 мин.
Ок,ме побркавте сега Ја заспав 5:45, веќе пола саат спие, ако стане во 6:30 значи таман за до 8:30 ќе и се преспие. Бањање во 7:30, облекување, доење и спиење.
Дали бебнца на 1 месец задолжително ги ждригате после подој, иако се заспани и не ждригаат? Жал ми е за бебе, тоа кутрото заспано, јас го тапкам пола саат да ждригне. Па ќе се разбуди, па ајде на ново заспивање.... ми спомнуваат често од страна дека не ги ждригнуваат, ама ми е страв да ја легнам неждригната да не се случи нешто (не ми се смејте, прв пат сум мајка). Баш ме интересира ваше мислење
И кајмене не ждригнува секогаш, ја тапкам по грб и ја држам исправена ама не секогаш подригнува. Јас мислам дека не е страшно. Може само да бљуцне малку додека спие, затоа секогаш на страна и го ставам главчето, макар што ја гледам има рефлекс и сама се врти кога повраќа.