Јас почнав да не го ждригнувам откако ќе се најаде го држам полу исправен, неколку минутки колку да му пропадне храната и го легнувам Иако сме на ад, мислам дека и бебињата што се на цицање можете вака да пробате
А како и го чистиш носето? На два пати имаше секрет и го исчистивме, сега вака не гледам нешто да има во носето.
Од кога престанав да ја ждригнувам не бљуцка ниту повраќа. Пу пу да не ја заречам. Обилно повраќаше, дури и во сон се засркнуваше.. затоа ми е страв сама да ја остаам да спие Засега еве е добра.. бљуцка помала количина ама пак добро е.
Да, кога спие 30 мин па дури и саат пред ноќното спиење многу полесно заспива. Вчера не можеше да заспие ич преку ден, еднаш еден саат и на два пати по 20мин, преморена едвај заспа со сите церемонии во 9. Не и одговараат кратки дремки. А и мало е,му фали сон.. Ама пак 12 часа си ги отспа, од 9 до 9..
Ако е после капење, веднаш со аспиратор бидејќи веќе ѝ се смекнати мрсулчињата, а ако не е после капење со солен раствор по една капка во секоја ноздра, па чекам некоја минута да ѝ смекнат и со аспиратор.
9++ сме и се буди многу.. Кенка се врти дур не го ставам на цицка не презаспива... И не цица 2 3 патичњ тргни и заспан е.. Нз дали е навика.. Како да го одвикнам или само ќе се среди... Во 10заспива.. 7 е буден.. И 4 - 5 пати се буди.. Жива ненаспана сум... Прав ѓавол или зомби..
Читам по нет дека ако сакаме бебе да заспива само во креветче, треба да не го заспиваме в раце или на цице, а кога е во фаза пред заспивање, (а не веќе заспано) да го ставиме во креветчето,па тоа во креветчето да заспие, да си знае дека така е ритуалот за заспивање. Веќе цела недела правам така, ама бебе се расонува, треба цел час да помине за да заспие само, .....да бидам ли упорна, има ли некој искуство, пали ли оваа финта, да не го нишкам в раце, а така да си заспива само во креветчето?
Јас многу сакав да заспива само ама после истражував многу за ова и сфатив дека е биолошки нормално на бебињата да им треба помош пред заспивање. Кога се родат не очекуваме веднаш да знаат да одат, да лазат и слично. Се учат со тек на време. Исто и со спиењето. Минуваат 9 месеци во темна и топла утроба каде се нишкани со нашите движења скоро 24/7 и ние да очекуваме да ги ставиме во креветче и тие да затворат очи и да спијат да има ретки исклучоци, и јас сум била една од нив но без никакво тренирање или учење туку сум била такво бебе Ова модерните тренинзи за спиење(не баш за ова ти што го спомна туку кога ги оставаат да плачат) е пропаганда за пари со кое го учиш бебето дека никој не доаѓа кога плаче. Имаше истражување кое покажа дека тренираните бебиња се будат исто во тек на ноќта само не ги алармираат родителите дека се научени дека никој нема да дојде(бидејќи пример еве др гуднајт пишува како е важно да имале непрекинат сон- но вистината е дека сите ние се будиме само што знаеме да заспиеме пак веднаш)што може понатаму да има последици врз психолошкиот развој. Ова што го пишуваш е многу нормално, тоа не е баш тренинг за спиење чисто спомнав што читав за оваа тема. ако ти имаш живци да го научиш така зошто да не. Имам пријателка која го применуваше ова од многу рано и ми вели со секој скок со секој заб натаму како ништо да не сум правела, пак му треба помош. Но секое е приказна за себе
Јас веќе незнам како да си помогнам...Мислам дека по цел ден сум во спална нишкајќи ја и никако да заспие! А и се спие, трие очи, дури и нервозно прета, таман ќе заспие и ќе се смири, ја спуштам во креветче и одма се буди или ќе заспие само пола саат и толку! Навечер по 2-3 часа се успиваме, немам веќе сила, грбот и рацете ме болат. Ја имам оставено неколку пати сама, плаче вришти, цуцла и ставам, ја вади, не прекинува. Мислев е период ама не. Ова трае веќе цел месец. Два дена ќе е океј и после 5 дена вака. 5 месеци сме. Ништо по дома неможам да сработам, 3 дремки има по пола час, 40 мин максимум, а ноќе спие со 1 будење за цицање. Нервозна сум премногу и мислам дека и нервозата ми ја осеќа и тоа дополнително придонесува за да не заспива... Размислувам за Др Гуднајт..има некој искуства?
Moite se 4+++ stanuvat vo 6 :30 do 7:30 najkasno i vo tekot na na denot ima 4 dremki od po 30 minuti kako programirani 2 casa budni 30 minuti spiat taka terame dolgo vreme a vecer od 19 do 21 veke se zaspani a se budat dva pati za mleko....
Ние сме 4+++ буквално исти 4 дремки долги од по пола саат до 40 мин на секој 2ч. Скроз се смени откако влезе во 4ти скок и мислам дека ептен се програмира што поголемиот дел од дремките му се точно 37 мин и станува ама ова сум сериозна
да пробаш во колица да ја успиваш со вклучен фен? Јас така ја научив. Има периоди кога штрајкува, ама тогаш и давам нешто да држи во рака (купив играчи од окаиди) и тоа го гушка и ја смирува.
Тоа ќе ми биде последна опција ама не би сакала така да се научи..Форсирам да си спие во креветче пошо ако ја ставам ваму-таму после ќе ми биде се потешко да си спие во креветче. Во спална ни е креветчето, пуштам бели звуци и така пробувам ама не секогаш успева...Еве денес имаше 2 дремки од по 15 минути и дури сега заспа. Не знам стварно и грижа на совест имам што знам и да се развикам иако она не е крива и не разбира ама до таму ми оди нервозата
Абе ако не е кенкаво ако си игра и ако брзо заспива не е проблем што дремките траат 40 мин..мислам дека е океј 4 дремки по 40 мин, на оваа возраст обично по 3 имаат...
Потполно те разбирам, и сочуствѕвам да речам со тебе, мене синчето ми има месец ипол, на почетокот дневните дремки му беа по саат,саат ипол, пуста среќна ако врзеше преку ден 2 саати, на мајчино и на АД сме од сам почеток, ајде имаше грчеви,и тоа се среди, дете вришти пишти неможе да заспие, или ќе заспие и се будеше за 15 мин, и сватив дека дете ми е гладно, почнав за жал повеќе да му давам АД, и почна да биде мирен, е сега со дремките, преку ден ми спие 4,до пет пати по пола саат, 40 мин,некогаш саат, буквално неможам ништо да пипнам, и јас бев ко тебе на раб на нервен слом, и се помирив дека е такво детето, а цел ден прета мрда, јас не знам како не се уморува....,се осеќам како немајка што неможам да го успијам да врзе преку ден да спие повеќе....ако ти е за утеха и моето заспа пред пола саат,го избањавме со плачки и сега ќе си спие. Не ти помогнав со ништо, му пуштам и јас бели звуци, го ставам во релаксатор да дремне, пробуван све и свашта,во рацр некогаш и покрај тоа што несакам само да поспие, едноставно такви ни се децата,друго не знам што да кажам
мојата филозофија е дека нема вечно да спие со мене/колица и слично. Подобро ти да намалиш нервоза него бебе дали ќе спие во креветче ичи не
6m сме и исто е, се тегне вреска а очи му паѓаат ем нишам ем плаче, спушти го плаче веќе нерви немам. И баш некат дури знам да му спискам па после ми е криво ама веќе незнам што да направам незнам дали јас грешам негде или он е таков.
Дали имаш пробано да пуштиш фен, ставиш бебе во количка и да ја возиш во потемна просторија? Син ми денски не спие во креветче само во количка. И дали и го погодуваш времето за спиење ако закасниш и 10мин се поуморни, нервозни и не спијат. Важно е да се следи колку е будна. После тие 40мин пак треба фен да пуштиш пак вози ја да презаспие.