@danichap прво ми е знам се познава. Не успеав да видам дали добро диши зашто арипав вокајќи и го кренав. Ама осот залепен му беше за душекот тоа успеав да го видам. Не би требало главата да ја врти бар на страна?
Набјудувај, во принцип си го вртат они главчето по потреба лево десно. Големава сеуште спие така, со носот во душек. Едно делче само и ѕирка, за воздух земање.
Не паничи. Нормално е тоа. Другиот пат почекај да ја сврти главата само. Ако не ја врти, сврти му ја ти полека. Еднаш-два пати и ќе научи. Брзо учат
И моето спие на стомак, не се грижи. Откако сам научи да се врти на стомак, секогаш така спие. А да се сврти од стомак на грб не знае сеуште. И јас се плашев во почетокот како тебе, да не не може да дише, ама си го врти главчето на страна само. Нека си спие како му одговара. Без грижи.
И моето околу третиот месец почна на стомак да спие. Ама имаат сила веќе да свртат главче, имаат инстинкт и би требало да се сврти ако е загрозено. Мојата еднаш така спиеше со главчето надолу, ама ја оставив да видам дали ќе се сврти и се сврте кога виде дека не иде.
@RainBow @НаталиЛили има сила и ја врти главата но никогаш кога лежи на стомак. Се надевам дека сте во право. Еве ночва ќе му свиткам тетра пелени од двете страни за да не може да се сврти а дење ќе вежбаме. Фала на сите
Ќе се научи. Сега ми текна и моево во почетокот кога ке се свртеше на стомак само ја подигаше главата и ја спушташе, и така неколку пати и се на нос, не му текнуваше да ја сврти, ама со тек на време се научи. Јас ретко ко оставав на стомак да седи, бидејќи газето многу нагоре го дигаше заедно со нозете и се мислев ќе се прекрши во кичмата, па пак си се научи. Се се тоа фази кои мора да ги поминат.
Кога сме кај спиењето на стомак, малово мое е месец ипол, од кога смеам да го ставам да спие на стомак?
нема правило сама кога ќе си осетиш тогаш кога нема да ти е шубе ( а нема од што они се вртат слобидно неможи ништо лошо да биде ) и самото бебче ако сака некои има не сакаат кај мене немаше 40 дена кога а легнав ..
Мамички ние сме 3+ месеци и навечер заспиваме во 8 часот со испиено млеко и тек стануваме во 3 или 4 часот за наредно млеко, е сеа незнам дали е нормално или веќе си го фативме редот па спиеме повеќе? Ваше искуство
@Sofronko поубаво нема супер сте ,а не ко моево преку ден едвај по 45 мин. Спие а у тие 45мин се буди милион пати ,а го успивам пола саат и така по три пати во денот плус навечер а семе за некој ден 8 месеци мука невидена рацеве ми откажуваат до кога незнам
Ние сме 3недели си спие во креветче од првиот ден денски спие по 3 сати ако не го боли меше а спиеше на грбче сега го ставам на меше повеќе но спие така а главчето само си го мести и многу мрда сабајле го најдов скрос во крајот а навечер станува на 3сати само за млеко
Беблаков е 4 месеци и две недели... Ноќе си спие од дома кога си дојдовме.. Али денски дома само 3-4 пати по 30-35минути..ништо не можам ни да фатам, ни да средам нит фа испланирам нешто. Во количка надвор кај 10.30 кога ќе заспиеше му се врзуваат 2 часа.. Значи само надвор во количка, дома не... а сега со ладново кај ќе одам надвор...ме избудали значи...
Не.. На страна или на грбче... Да пробам? Еве 13.30 веќе трет пат е заспан... А инску легнува ноќе 21.00-21.30 станувс 07.30-08. Се буди за доење два до три пати максимум и тоа после 03.30-04 пред тоа не станува
Мојот е 3 недели скоро и никако не сака да спие во креветче...во раце може и по 3 саати во креветче едвај 5 мин.ова е и дење и ноќе. Што да правам ? Веќе станувам очајна и нервозна ,не спијам ич ,затоа што ми спие во раце цело време. Кажете некоја финта,дали цуцла,нешто било што
Не сака,неколку пати пробувам така да го дојам и да заспие ама не сака. Не сака на рамно,само во раце...