Фала ви девојки Јас пак со прашање. Два дена спија и се штрека на секое како уплашена да е незнам како да објаснам ама баш така плачи кемчи се тегни мавта и ќе заспија пак вчера одвај заспа од 4:30 до 12:30 имаше една дремка од 1 саат.
Niso stasno site praat taka i mojata ima takvi denovi i ja se strekav so nea ama sok im e se sega na svetov. Stom znaes nacicana e, polni peleni so mocki kaki nemas gajle
И се стабилизира да знаеш. Денски редовно има дремки на 2 часа, навечер во 8 легнува до сабајле до 8-9 спие со едно,ретко две будења за цице. Одморени сме
Се е супер полни пелени најадена е супер е со тоа... 10 дена е... Се јавив на болница ми рекоја скок било до кај 11 ден така ќе бидело само сака да јади и не спие па ќе видиме Фала ви девојки
Па откако наполни 3 ми е полесно во однос на спиењето. Не дека не спиеше, ама со плачки и вриштења во 11-12 на полноќ ми заспиваше.
Исто во 11-12 и моето, и до колку ти спиеше насабајле? Се надевам искрено, дека ќе створиме некаков ред после 3 месеци.
Сите ги чекаме тие 3 месеци и се надеваме на ред. Јас не се жалам во поглед на спиењето. Си ја преспива цела ноќ. Ама незнам што ќе правиме со држењево во раце. Кога ја зимам да цица после никако да продолжи сама да спие. Легни ја се буди земи ја спие. И така пола ноќ кај мене спие.
Аа не го земам во раце јас, грб ме боли, кичма, ма све ме боли, а и тежок ми е, преку цел ден сака во раце, остај го плаче, сега почна да распознава играчки и му пуштам вртелешка на креветче и ќути слуша и гледа, многу е смешен. Се учиме и за во креветче пополека, да не спие веќе со нас, и добро ни оди.
Добро само моето ли малце спие? Стварно сум ненаспана. Легнува во 9 станува како темпиран во 3 и после тоа цица и се буди на секој саат. Преку ден максимум спие 3 пати по 50 минути или 30 минути . Во количка надвор спие само 1 саат. Иначе од 2 месец па се до 4 месеци спиеше од 9 до 6 саат сабајле без да се разбуди. Сега веќе не е така . 4+ сме иначе.
Не си сама верувај, синчето на 5ти ќе прави 2 месеци, од сабајле од 7ипол 8 кога ќе се рсзбуди преку ден дремнува неколку пати по 20,30,40 мин,макс саат у количка надвор, и така до вечер до 7 саат, кога од што му се спие е нерва жива и не знае што да направи. И заради тоа спиење односно не спиење го бањам многу касно,9 ,9ипол некогаш, може грешам ама ако не поспие неможам да го избањам, и после се бориме до 10, 10 ипол да заспие,плус навечер уште се буди за јадење,и така се вртиме во еден магичен ненанспан за мене круг.
Мислам дека твоето е мало уште . И ние бевме такви до 2 месец па после почна да си спие како што треба И таман се израдував дека си спие и дека сум наспана си се смени пред да влезе во 4 месец. Се надевам барем дека твоето ќе спие
Моето и твоето бебе не може да бидат исто,нели. Не го споредувај бебе со другите и да мора баш истиот ред да го спазите, но знај дека кога ќе се смират грчевите бебето помирно ќе ти спие и ќе почне да сврзува повеќе саати. И без нервози
Спиеше по 20 минути три пати во 4+ месец и навечер на секој саат се будеше до 7+. Сега е 7++ и спие цела вечер без будење и дневни дремки му се собираат околу 3-4 часа. Да не кажам дека сега почнав да живеам по малце .
Така е, знам. Ама си правам и јас филмови, некогаш спие и сврзува по 3-4 саати, а некогаш како ноќеска, се будеше на саат време, дали дека го оставам да се учи во креветче, не го земам ич со нас на спална, и плус во втор скок е, па плус и грчеви, 3 во 1! Денеска сум ненаспана.
Епа супер.. Сакав да знам дали собира и поголемо бебе зашто моево е 2 месеци да не остане не искористено ако нарачам. Јас што го гледав беше 90 со 50 и твоето е толкаво?
Да. И јас гледав за поголемо бебе... На амазон најдов уште поголеми и поевтини, проблемот беше што душечето одоздола беше меко и беа преголеми, тешки за пренесување, така да немаше да ми бркаат работа.