Здраво мамички..Имам бебе 5месечно и мака си имам со спиењето никако не заспива во доење заспива значи цуцла не ми фаќа а градата си ја има цуцлс, само што ќе заспие на града , ја редам во нејзиното креветче и ооп пофторно со преткање и будење се додека не ја ставам пофторно на града..ве молам за совет изморена сум на секои пола час или 15 да ја дојам неможам да се помрднам да ја остам сама да спие..вемолам искусни мамички за совет, бидеќи ми е прво незнам како да постапам, дали да продолжам со исто се додека не се одвикне сама, или да сменам режим ?
Мајки ние искочивме од 4тиот скок ама бебе веке 4-5 дена навечер или се буди на 2часа или ќе си стане накај 1 и седи до 3ипол, ова е регресијата или го мачи нешто?
И ние сме исто, моето не сакаше никако во кревет, цуцла не фати по цел ден и ноќ на цице, бев преморена од неспиење, решението ми беше бебето да спие со нас и го дојам во лежечка положба кога и да бара(а бара по цела вечер, ме користи како цуцла) , така и тоа наспано а и јас. Уште сме 3 месеци се надевам накај 6,7 месеци ќе можеме некој ред да створиме.Ми стана полесно кога прифатив дека имам такво бебе,т.е престанав да испробувам секакви начини да спие само а јас по цела вечер будна и преместувајќи го од спална на креветче и обратно.Знам дека е далеку побезбедно во креветче но на спална бебето спие најгоре вертикално како и што треба а јас и мм стуткани хоризонтално во долниот дел мама само што ќе слушне дека бебе си мрда веднаш се мести и дава цицка, па повторно се враќаме во иста позиција и се така но верувај е мн полесно одколку да стануваш постојано.
Ми олесна малце да знаеш, а од вечерва така ќе пробам па благодарна ќе ти сум ако бар малце се осетам по одморена од станување , кревање па пак легнување
Ние сме 2 недели утре истото го правам цело време мислам е на цицка па од лежење цица сега и не ја преместувам на вечер со нас спие
Јас 5 месеци веќе навика ми стана со префрлување од креветче на града, од града во креветче...се надевам ќе смени навика и медушката моја кога ќе ја земам до мене
Се надевам ќе ти биде полесно, ете ние и за дневни дремки си лежиме заедно, мама работа не фаќа но битно бебе да е наспано и среќноедноставно такви ни се децата а искрено и не очекувам големи промени се додека не подпораснат до тогаш ќе си споделуваме искуства за барем малку да си олесниме
Исто и јас ако не ми дадам да цица при будење одма станува, а кога ќе ми дадам си продолжува со градата да си спие
Мислам дека голем удел има тоа што не фаќаат цуцла, за да се одмориш кога и да спие бебето носи го на спална легни и одмори и ти, незнам како е твоето но мојата згора на се и ништо не ја интересира од тропкалки и лежење на стомак или релаксатор и лулашки едвај 10 мин седи сама, само да ја шеташ низ соби и да разгледува добро е дека мм оди на работа скратено време па помага
Хаха исто, исто ни 1 мин не седи во легната положба само да е во раце и во движење, а спиењето не ни иде без лулање и теа со песни мераклиски
И моето така спиеше, немаше шанса без цице да заспие. Со месеци бев закована во кревет само за да спие. Не го преместувај веднаш кога ќе заспие, треба да почекаш да зацврсти. Кога ќе успееш да ја извлечеш брадавицата од устето без да се разбуди, тогаш е цврсто заспано и пробај да го преместиш. Ако не ти успее и така, ќе си лежиш до него и ќе одмараш. Брзо ќе помине тоа, не е нешто што ќе трае со години. Кога ќе прекине тоа да го прави, ќе ти фали иако сега можеби ти создава нервоза. Тоа е, или ќе го научиш на цице или со нишање ќе го научиш да заспива Моето никогаш не фати цуцла, сите ги испробав. Си го научив на цице и мислев вечност е времето што ќе му треба за да почне поинаку да заспива.
Обично 5 пати моево... сега почна на 3 часа првото едно или две будења, после на 1.5 - 2 часа. Се надевам да зголеми на 3 цело време Твоето како?
Ние 3 пати. Еднаш околу 9-10, па околу 12-1 па 4:30-5:30... не знам кога ќе почнат да врзуваат повеќе...
Моето за 3 дена полни 3 месеци, околу 9 пие млеко и спие до 5-6 сабајле, се буди еднаш и тоа мноогу ретко. Вака е околу 1 месец. Пред тоа околу 9 10 пиеше млеко, 1-2 и околу 5 пак се будеше. Станува околу 8. Големата се будеше 2 пати секоја вечер не се сеќавам убаво ама мислам беше до година.
Ох, така би било прекрасно не дека и вака сум за жалење, ама би сакала да почне да си спие мирно повеќе саати
И кај нас слично, 2 месеци сме точно. Првото спиење врзува убаво 3/4 часа, е после почнува журката. Знае на секој саат, пола саат, два саати, различно секогаш. Инаку и ние само со цице заспива, многу често ме користи како цуцла. Успивањето знае и саат време да ни трае, додека убаво зацврсти па да можам да ја преместам во креветче. И обавезно пола ноќ ја спие со мене. Се надевам ќе се подобриме како растеме.
И мојата почнаа 4ти месец а веќе два месеца си заспива во 21 + -,па се до 6.30..7 часот,многу ретко се буди преку ноќ да цица,така да јас цела ноќ си спијам на раат.