И ние сме исти и незнам како да му ги намалам Плус спие по 45 мин Имам прашање колку ви се будни децата помеѓу последна дремка и ноќно спиење? Почна да не ми ја спие последната дремка изгледа е спремен за 3 дремки ако спие до 16ч ок после тоа око не склопува до 20ч Мислам дека е голем размак а?
Беба кај мене е 3ипол недели од 4 саат до 9 не е заспана ... И јас мислам дека е долг период да не спија толку саати и само цица
Мојата е 4 месеци, има дремка од 4 до 6 ипол 7 заспива во 9. Кога ќе легне 9 станува 7, некогаш знае и до 8 ипол да спие. Преку ден има 3 дремки од кои 2 се помалце од саат. Пробав да ја заспивам порано од 9 ама ми станува 12, 1 и е спремна за игра.
Кога почнуваат бебињата да врзуваат повеќе саати навечер? Ние за 7,8 дена правиме два месеци, мое бебе пие 120мл околу 20,21ч (вчера во 19) и ми спие до 2, во 2 се буди веќе две недели вака, па ми е страв дс не е многу мало да скока оброк
На два месеца иста рутина почнавме од 7ипол 8 навечер до 2,2ипол си спие и тогаш бара уште сме со истата рутина 5ипол месеци
Да пробаш со поместување на дремките, може да биде со плачки ама може ќе се навикне така. Мојата денеска стана во 8 ипол сега ја има втората дремка ( кај мене е скоро 2 часот) ќе спие до 2 ипол. И последната дремка и е кај 4-5 со тоа што ако се занесе ја будам кај 7 и после во 9 вечера и спиење до сабајле.
Ќе мораш сама да си најдеш што најдобро функционира за тебе, за бебето и за вас како фамилија. Зборував за ова и претходно на темава, за мене лично ќе ти кажам дека функционираше бејби нест, и за да го преместам бебето во креветчето додека е во него, и за да спие меѓу нас, како некоја посигурна опција. При тоа ќе напоменам дека бебето ми спие мирно на грб, барем досега немало преместување и вртење. Инаку исто како твоето, ни цуцла, ни ништо, само цицка, и тоа е сосем нормално. Откако тргнав на работа, почна да заспива со татко му, сега или со мене на цицка, или со татко му(мм лежи, бебето врз него и он го нишка и му пее). Размисли за безбедно спиење заедно(за ова ќе мораш подетално да гуглаши да се информираш), или пак додека бебето е мало, да спиете одвоено со сопругот. Начини има, само треба да најдете кој ќе ви одговара вам највеќе.
Најтенка вреќичка купив во аптеката во Ремедика.Тетра вреќичка.Кога ја земав ми ја извадија од излог, но може имаат уште или ќе донесат.Само беше малку поголема, 90 см, но ептен е убава.Други убави вреќички имаш во Тила.Јас земав една од Тила во Капитол, преубава, долга 80 см, но таму имаш различни дезени и големини и баш се за периодот што следи.Ги имам постирано во Што последно купивте за бебе, па можеш таму да ги видиш.
Koја цена ги зема и двете, да знам пошто мојава е од 53 до 68см па ќе ми треба упте една поголема и да не знаеш до кој број има ??
Од Ремедика тетра вреќичката ја земав 400 ден (беше само една димензија 90см), од таму земав уште една ама таа беше малечка 70 см и подебела, околу 600 и нешто ден беше.Од Тила таа што ја земав 1200 ден (80см, но имаш разни димензии, најмалата беше 80 см),а земав уште една од Кали (мислам дека беше 80 см), со попуст ми излезе 300 ден, а редовна цена 400 денари.
Добро, кога и како да го научам да спие повеќе навечер? Што да направам, дајте некој совет, бебе е буден повеќе и се му е интресно, си гуга, се смее, си гледа... 9 недели и 2 дена е, скок треба да му заврши, само на доење е... Да ги тагнам @Ava.84 @LivingGlam мислам и вашите не спиеја, сега како се? После 3 месеци ако е вака, се мислам за др.Гуднајт.
Денски уште спие по 30 мин максимум.Навечер спие по 3ч па цица и од 5ч пак се буди често.Ништо не сум сменила се е до бебето.