Веројатно има грчеви, па бара сигурност во тебе и затоа сака во раце да ти спие. Даваш ли нешто против грчевите?
Синко од раѓање спие во креветче,и навечер и преку ден. Не го доев од Х причина. Сега сме веќе годинка и последниве денови не де дели од мене како лепак е. Се буди на сред ноќ со плачење додека не го земам до мене па се пика во мене ме гушка. Не дека не ми е убаво но повеќе пазам и се будам на секое негово движење.
Мојата спие по 7-8 саати.. .. Си мислам да не е многу време без јадење ама имам пробано да и дадам нејки уста да отвори, па се тешам ако е гладна ќе ја пушти сирената
I kaj mene e taka eve nokeska posledno jadese vo 12h i tek sabajle vo 7:30h stana za pak da jade..jas ne ja budam si spijam koga ke pobara togas
Мамички нормално ли е по цел ден и ноќ да спие бебето. Синоќа заспа во 9 стана во 3 јадеше пак заспа па стана во 6 јадеше беше будна до 8 и од тогаш само спие и јаде ич не седи будна и вчера беше така. Зар е можно толку да спијат?
Имам приметено кога го облечам бебчево повеќе, повеќе спие, т.е. цел ден скоро, ама јас тогаш од страв дека ѝ е ладно многу ја облекував. Кутрата она од топло спиела цел ден.Сега ја облекувам помалку и не ми спие толку. Можеби и нема врска ова, ама така имам приметено.
мојот рушеше рекорди во спиење. некогаш едвај 3-4 часа буден во цел ден ќе останеше. Нит жолтца нит ништо, такво си беше бебето . сега на годинка спие 12 навечер со две млека и 3 часа преку ден.
Мами колку ви спијат бебињата навечер и колку преспиваат преку ден на два месеци? Знам кога беше помало се жалев ич не преспива...а сега скоро цел ден го спие а и навечер исто...страв ми е дека тоа е многу спиење...буден е максимум 7 ретко 9 саати во 24.... @eli25 @orhideea @Belabelinakinder тука негде ни се бебињата...споделете искуство? Секако може да пишат и мамичките чии бебенца веќе потпораснале... Се плашам...дека нели место да станува заинтересиран за околината мојот спие
@Igle секој ден различно. навечер заспива во 9 , се буди околу 12-1, па околу 4-5 Презаспива со многу маки, до 7 . Денес пр.преку ден не спиеше ич,ич. Сега дури задпа 8ипол. Вчера го шетавме многу и спиеше цел ден. Во принцип преку ден спие многу слабо а навечер станува 2пати за јадење.
Некогаш спие скоро цел ден еве денес само 3сати ако е спиен а од 5 е станат а навечер дека го хранам на секој 2сати не се буди скоро цела ноќ ама знае некогаш од 4 до 7 да не заспие а кога беше со повеќе храна си стануваше на секој 3 сати. Ако ти напредува нема за што да се грижиш
Мојава навечер заспива 11 ипол некогаш и 12. Што се не пробав порано да заспива ама џабе. Најчесто станува за цицање околу 4, па кај 7, 10 и во 12 конечно се буди. После тоа скоро и да не спие. Дремнува 2/3пати по 15 мин.
Исто и мојата ако е заспана пред 12 е премија за мене. И јас секако пробав преку ден да ја играм да ја држам будна ама сами очите и се затвараат. Инаку @Igle малата моја е 3 месеци, и од 2 месец некаде почна со ова темпо на заспивање толку касно, ама кога ќе заспие спие по 8 часа без да се разбуди. Преку ден заспива појќе пати ама по пола час спие, освен кога е в количка надвор тогаш скоро цело време спие.