Зависи колкава е температурата во собата каде што спие бебе. Мене ми е 20 степени, спие со боди на кратки ракави, пижами на долги памучни и боса. Покриена е со тенко ќебенце. Иначе е 6++.
Мајки ве молам за совет, ќе спобудалам. Ќерка ми спие само во раце (јас сум крива знам) е сега со жешково значи утоп се прави. Цела недела пробувам во количка, ја нишкам на нозе на перница но залудно, плачи се зајдува и пак во раце. За навечер исто, во раце се успива но ја оставам и спие сама но најголемиот проблем ми е за денските дремки. Чаре?
Моево такво беше, период е. Околу 4 месеци тука кулминираше ситуацијата. Особено последната дремка, се во раце беше. Другите дремки знаеше и доле да дремне по 10 минути пред да викне. Година и пол е сега, заспиваше во раце до пред недела дена, сега гледам заспива сам (со мене во кревет нормално). И мене драматично ми изгледаше ова со спиењево, ама расте и ќе помине. После ќе ти фали да е толку приврзано за тебе . Сега може и да пробам да го ставам во креветче сам, се си бидува кога е бебенцето спремно, ама не знам дали јас сакам . Некако ми е убаво да се гушкаме
6+++ е, ако ја спуштам преку ден одма се буди. Само навечер си тера. Знам дека ќе ми фали, но се поти многу страв ми е да не се разболи. Тоа најмногу ме мачи
Нема чаре Скрос исто е и кај нас. 3 месеци е. Јас си се помирив и веќе не се ни обидувам да ја легнам. Се прилагодувам, се средувам додека е будна и после и двете одмараме.
И јас така како тебе ама последниве недели ќе ја заспијам и ќе ја легнам на спална, ќе закенка зошто мисли дека ја напуштам, ќе легнам до неа и одма на града ќе ја ставам, ќе се доиме легнати двете додека не заспие. Пробај така, моментално спие саат ипол, таман и јас одмарам со неа.
Сега ми текнува, јас исто се секирав. Мојов и кога спиеше во креветче се потеше кај главата цело вирче правеше. И жива вода беше.. Не ми настина од тоа, го бришев колку можам, исто почнав и тенко перниче да му ставам па кога ќе го испоти ќе го превртев или тргнев..
Тетра пелена под главче, серија, кафе и уживај. Не настинуваат од потење барем кај мене никогаш не настинала така.
Мајки 4++ сме, кога ви заспиваат бебиња за ноќно спиење? ние сме со 4 дремки, наутро спие до 9, но навечер колку и да се трудам да ја легнам порано на пр во 7 часот секогаш си го смета како дремка и за 1 час е станата, па за ноќно спиење ми заспива кај 21:30-22:00(се буди нормално за 2 до 3 цицања но повторно заспива, со исклучок на последниве 2,3 дена) ,некако ми е касно за бебе, каде грешам и некој совет ако може
Мене баш ми е ок 9 саат , па навечер сега е убаво за шетање ,денски ќе стане и претопло дур се вратиш и го средиш се ,ете 9 саат е. А и маж ми кога ќе го види бебето ако заспие во 7
Очајно ми треба било каков совет! Не сум спиена со месеци, откако е роден, нема никаков ред, не сака да му направиш, вришти ако го задржувам буден денски неколку часа, значи спие пола саат и ете го станат, навечер се успиваме од 9ч па се до 12ч, таман ќе заспие ете го се разбудил, после 12ч спие и сврзува 2 до 3 часа макс. Се буди и не бара за цицање, туку ете така си дреме, се смее, си гуга, некогаш плаче, секогаш е различен. Дајте некаков совет што да сменам, колку дневни дремки треба да има на 3 месеци, по колку време да траат, прозор на будност колку? Ќе се швркнам од неспиење веќе, не се трпи ова стварно! Бели звуци не помагаат, думкање и шшкање додека да го заспиеш и толку. Значи со рутина за бањање и за облекување пижами е, во исто време секогаш, и пак е џабе, ништо не допира до синко.
19 месеци сме без сон, преку ден спие само пола саат навечер се биди по безброј пати. Од 9 30 спие до сега само три пати стана. Ние сме помирени такво ни е детето.
4 дремки треба да има на оваа возраст, најмногу 2 часа прозор на будност. Заспивај го во тивка и темна просторија, не му збори само пеј му тувко или ш’шкај. Ако промашиш прозор на будност станува нервозно кенкаво. Е сега може и во скок да е околу 3 месеци 3от скок беше, па брзо потоа и 4от доѓа. Ако спие помалку од 40 мин пробај да го презаспиеш. Една од причините за честото ноќно будење е преморувањето преку ден. А ако се остави подолго од прозорот на будност веќе станува преморено.