Сега веќе не се нервирам, се навикнав дека дневните дремки му се кратки и тоа е тоа, ноќе ми заспива во период од 9 до 10, и сабајле 7ипол 8 ипол е буден што е супер.
Не спиеше ни кога се роди, ама ич не спиел до сега, еднаш само еднаш има сврзано 5 часа сон навечер, во овие 3 месеци, и толку беше! Мене ете да речеме не ми се проблем дневните дремки, нека спие и помалце, само нека врзува повеќе саати навечер, а не да се буди на 1 или 2 часа, ме барам ништо повеќе, нека сврзува 4 до 5 часа навечер, друго не мора. И јас секако имам пробано, ама така си тера, вртелешката над креветчето и пијаното, исто мн ги сака.
Епа освен да те гушнам за утеха, друго не знам. Едноставно такви ни се децата, и тоа е тоа. Ќе се носиме со тоа на најдобат можен начин.
Баш како себеси да се читам. Од што бев опседната за денските дремки на колку време па и колку да траат, само нервози си стварав и само се расправавме дома со мм за глупости, од што бев напната. Навечер спиеше ама јас НЕ, мора и денски да спие на толку и толку часа и толку време. Будала бев. Се додека не си реков батали, само знаци прати. И многу ми е полесно така. Е сеа гледам на саат за отприлика да знам кога ќе и се приспие ама и да не и се приспие не се потресувам. А менуваат 100 пати значи мислам секој месец различно е.
Премногу очекуваме од толку мали бебиња. Нема ред на 3 месеци и сосем е нормално да се буди на 2 часа навечер. Иста бев и јас, се’ пробав се’ додека не сфатив дека тоа е тоа, си се буди детето затоа што нешто му треба. Гладен е, па му се повраќа, па меше го боли, ќе се искака... ми олесна откако сфатив дека не можам да направам ништо ако му доаѓа така да се буди. Синоќа на помалку од 2 часа се будеше, тоа е. Прерано е. Не се нервирај и не се грижи. Дремнувај со него колку што е можно и ќе ти дојде сила. Мојов обично заспива кон 7 попладне па и порано и тогаш единствено врзува 2-3 часа, па си легнувам и јас тогаш. Многу читав за програми и тренинзи, но решив да оставам на него и неговите потреби. Спиењето природно ќе си дојде.
Мајки бебе во петок ќе прави 5 месеци. Веќе два месеци се мачиме со заспивање особено наутро за дремка и навечер за спиење. Се помирив со тоа дека сака нишкање и нишкам, шушкам, пеам нп, ама оно вреска плаче дур заспие, изгледа ептен тешко и е да заспие, стварно не знам. Сум пробала да ја заспијам на друг начин и не успева ништо. Цуцла не сака. Не ми е јасно зашто толку вреска и плаче а и се спие, едвај ги држи очите. Исто е секоја вечер без разлика дали има повеќе или помалку спиено денски. Не знам се чудам дали некаде грешам, дали бебе си е такво, дали е период. Има некој слично искуство совет нешто
Период е. И моето околу 5ти месец на секое заспивање плачеше, ама баш на секое врескаше, се тегнеше ко да го колам . Издржи ќе помине.
@LivingGlam Исто се буди многу често ноќе, ако е на 2 часа супер се радувам ама има ноќи на секој саат..И ако не и дадам да цица се расонува, а ако и дадам да цица си продолжува. На почетокот си викав мала е, ама сега се прашувам дали постои нешто како слабо млеко? Па не ја држи и затоа често се буди и бара да цица. Инаку супер си напредува. И како што викаш навечер од 7 кога ќе заспие само тогаш врзува 3 часа, после тоа почнува на саат, саат ипол до 2 максимум. 3 ипол месеци има.
Тоа е регресијата во спиење околу 5-6 месец. И во скок сте најверојатно. Ќе помине, издржи само не мењај рутина. И кај нас така беше долг период
Имам читано дека е нормално и мало е твоето. Не постои слабо млеко, бебињата имаат мн мал желудник, а мајчиното млеко многу лесно се вари затоа што е полесно за нивното стомаче отколку Ад пример. И за кратко време огладнуваат.
Како да се читам себеси кога бебе беше помало. Од 2ри месец до 5ти скоро заспиваше со врескање. На секоја можна дремка. Мени прозорец на будност, мени рутина, нишкај помалку, нишкај повеќе, не нишкај, стави го на кревет до тебе... и не знам додека испробав се, помина
Јас се обидувам да и поместам за покасно да заспива, ама она мене ме поместува за порано. Ќе биде журка сабајле во 5, уште пред пола саат заспа.
Ќерка ми прв пат во последниве 4 месеци се разбуди сношти во 2 по полноќ, спремна за игра. Сега е 6++, од 3 полни се будеше само за цицање и веднаш презаспиваше. Ова синоќа беше смешки, јас мижи таа смеј се. Еве сега заспа па ќе видиме како ќе биде вечерва. Многу тешко и одеше транзицијата од 4 на 3 дремки и сега никако да заспие покасно од 19.30, а и денските преспивања и се многу лоши
Исто и нас ни е пореметено се некако тешко ред да фатиме Ноќеска од 3 до 5 се смееше неможев да го презаспијам
Moeto radoznalo bebe od 2.5 meseci saka ispravena da ja drzime za gleda niz doma i koa i se spie i i pagaat ocinjata vristi ako ja fatis vo horizontala. Nedela dena ja niskame ispravena i stepen po stepen ja rotirame u lezecka polozba kako zaspiva....ne majtapi covece od 2meseci
Ти си добра, моето преку ден си спие, нема гајле, али затоа ќе и текне че стане накај 12 или 1 зависи кое време ќе задпие, е после драматургија, не спие до 4, 5 сабајле, абе се пробав, во количка, шшкање, ептен да и направам чајче и заспива, па и тоа потешко. Дали е скок во развој, па мења дете, само знам не сум наспиена, она ќе заспие батко и ќе стане и толку спиење за мене.
Моево е 3 ипол месеци исто додека заспие душа ми вади за дневните дремки да и траат 30 минути.. Подолго време ја заспивам отколку што таа спие.. Навечер 2 саати ја заспивамсо нишкање таа вришти и пишти и кога ќе ја оставам се разбудува.. Цицла не фаќа ни пеење ни шушкање ништо.. Само бели звуци сака ама и тоа не помага додека не се смири сама..
Разгалени бебки. Мојов по најново цица строго ако стојам, по можност да движам и да му пеам. Арно навечер што поспива инаку не знам како ќе издржам. Можам да замислам па тебе со уште едно поголемо, шо исто така си сака време и внимание. Ама нека се живи и здрави, сѐ ќе издржиме за нив.
Истото ни се дешаваше. Мислам дека од 4 и пол до 6 и пол месеци спиењето беше катастрофа. Тоа журките во 3 сабајле што си ги правеше она во креветче значи ме преморија иако ја оставав и си заспивав јас, па кога ќе почнеше да плаче ја земав да ја успивам. Ако пробував упорно да ја заспивам со нишкање само ќе се мачевме 2 саати. Важно светла згаснати, да нема зборење да знае дека е ноќ.