Сум пробала со цртани,не бива.На двапати кога шетаме а е време за кашичка ми има јадено.Дома на тераса не јаде.Крвна слика правевме минатиот месец беше во ред. Наутро давам овошна,најчесто се купечки бидејќи домашни никако не сака.Купечките ги мешам со гриз на Хипп,или со палента,со бисквитната добра ноќ за да ја држе.Сакам и повеќе видови житарки на Хипп да ги земам и од нив да мешам. За ручек компир и батат обавезно ставам во зеленчуковата. Израснав едно дете со кашички домашни,со топ крвна слика,не знам што беше антибиотик до 3год.Оваа сега незнам...како прво да ми е,како да незнам каши да правам.Какви испитувања да правам?
Да се дешава некогаш да дојде до оградиците и тогаш приплакува ама морам да ја земам да ја нишнам во раце, бидејќи цуцла не фаќа за да презаспие. @Love86 со шмукалчиња да даваш си пробала?
ќе го земам и оваа шише,ќе пробувам пак..ама млеко знам нема да прифати АД..битно шише да фати. Минатиот месец беше во ред крвната слика,овој месец ќе правиме пак.
@Lovebug01 да,јадеше кога воведував вкусови и баш и земав ..незнам сега шо и се случува.Оваа трае веќе две недели и повеќе одбивањето каши
И кај мене се врти ама на десна за спиење. И како стрекла од часовник низ креветчето да не знаеш кај му се ноџиња кај главче. И мене ми е страв за на меше да не се сврти. И еве 2 дена по ред пред 5 ми станува и презаспивање со доење не, ептен во лулка. @kanella се удира кај мене вртејќи се, се ми е страв да не се повреди. И мојата нема шанси сама презаспивање, ни цуцла сакаме, ни ништо.
многу паника без потреба. Бебето ти е 6 месеци. Дај му време!! Првото било јадач, ова не е. Помири се и терај. Еве ја големата, 3.5 има и се на гурање јаде. Антибиотик не пиела. Нема врска тоа со јадењето. Видов во еден пост јадењето си го врзала со антибиотик. Колку јаде, толку Најди што сака и тоа ќе го ставаш во секоја комбинација. Ќе пројаде.
Не го врзувам антибиотикот со јадењето,не си ме сватила.Зборот ми беше дека јадеше убаво домашни кашички,плус си цицаше,крвнс слика топ и ни еднаш се немаше разболено до 3год.за да пие антибиотик. Оваа со нејадењево и кс ќе и ослабне,ниту пак напредува,а плус будна не цица.Можеби кревам паника,ама сепак не сте на моето да знаете која мака е.Благодарам на советите Тоа е..ќе тераме
@Love86 во Еурофарм имаш шмукалчиња за повеќекратна употреба пробај и со нив. Пробај различна конзистенција види дали сака потечно или погусто. Во краен случај би ти препорачала да се консултираш со @majkatakata на инстаграм и да пробаш со BLW. На 6++ мислам дека веќе можеш да воведеш и јогурт и кисело млеко. Сигурно ќе пројаде, нема вечно гладна да седи.
Кога ви преминаа бебињата од 4 на 3 дремки и како? Почна да се буни многу на последните две... плаче за спиење и се бори, па дремнува 15-20. Последната ја скокна неколку пати па заспа директно кон 17.30. Само што заспа по саат и пол нишкање и кенкање. Не знам дали ќе си го смета ко дремка или ќе се разбуди само за цицање па ќе продолжи. Лотарија Кога да знам дека е спремен за 3, па да се потрудиме подобро да ги распределиме?
Мојата 4 месец и 5 имаше по 3 дремки, уште малце ќе биде 6 месеци ама веќе намали на 2 со тоа што си легнува во 7 ипол.
Мојата кога почна 4ти месец скрати на 3 дремки....еве ќе направи 5 за некој ден и строго ги почитува дремките. А заспива во 21 се буди во 7,точна е секој ден.
Значи дефинитвно е спремен за 3, го осетив деновиве. Последната му беше 15 минутки, па едвај издржа саат откако се разбуди. Претпоставувам дека самиот ќе си среди распоред, само ќе се потрудам да го занимавам подолго да остане буден по дремките. Денес два пати излеговме и издржа два саати измеѓу, со последните две ја утнавме работата @macka91 и @DELFINA81,самите бебиња си направија ред кај вас? Фала ви
Ќе пројаде знам...и треба мош време.А шо убаво тргна со пробување вкусови.. Со полни 7 ќе воведам кисело млекце и јогурт.Сега ќе пробам телешко и пилешко да воведам
Моето плука зеленчук и плаче не јаде. Ама во овошје ужива. Види пробај и банана со круша, тоа ти е слатка комбинција и полека додека се навикне бебче, ќе зајаде.
Кај мене самата си направи ред и потоа ја следев, немаше отстапка и од моја страна. Во 15 до 8 и спремав млеко и заспиваше, следна 12 и потоа 2. Сега со едната дремка што ми ја скрати пробувам да влеземе во ритам ама гледам дека едната дремка сега и е околу 10, а следната во 1. Во 7 ипол најкасно 8 заспива станува измеѓу 6-7
Ние сега правиме 5 месеци и уште имаме 4 дремки по 30минути…значи како аларм да има..во периодот од 25-35 мин тоа е станато…ама касно легнува и касно станува…ако заспие во 21:30 него тоа му е дремка…за пола сат се буди и заспива во 23-23:30…а ако заспие во 22 знае да стане за пола сат, да е буден пола сат и да продолжи…ама сега засега искрено не ми смета касното легнување, лето е, знаеме и во 9 уште да шетаме покрај езеро па така засега погодено ни е..а и спие цела вечер…некогаш станува во 4 за млеко, некогаш во 6, а некогаш до 9 сабајле не бара..ич не се жалам
Приметувам и мојата последниве денови по два саати седи будна па сега сметам има по 3 дремки. Изгледа ни пораснаа бебковците и се пољубопитни се . Дали твоето лигави многу?Мојава утоп се прави и се сака нешто да гриза,најслатки и се рацете.