Слично како нас сте. Прва дремка во 10,втора во 13-13.30,трета околу 17.сите дремки и се околу саат.Заспива околу20.30.-21.до кај 6-7 се буди.Еве токму сега цицаме и ќенанаме.Таа сама си го направи редот,а јас ја следам..Е сега дали е правилно или не поима немам,тераме така.
Се извинувам многу доцнам со одговоров. Јас сум задоволна од тн. тренинг од д-р Гуднајт. Важно ми беше што се научи во креветче да заспива и до денес, веќе 6 месеци спие таму. Рутината е многу важна работа кога се оди со тренинг, зашто детето така сѐ знае што следува. Вам ќе ви дадат посебна рутина и насоки во зависност од тоа што сакате да постигнете, колкаво е бебето, како заспивало досега итн. Кај нас за недела дена имаше подобрување и почна да спие повеќе, потоа со скоковите пак се измести, во смисла почна повеќе да се буди и за да го смирам му давав да цица, па се будеше 2 до 3 пати, што претходно по повеќе се будеше или стоеше буден. Откако помина скокот -9ти, се нормализира, сега веќе не цица преку ноќ, откако сам ја преспа една вечер, се одлучив да му ги скратам тие подои и да го смирувам со нишкање во раце. Ок, кај нас сега и кошмари се случуваат, му се навраќаат дневни случки, нормално е. Понекогаш го земам и кај нас во кревет, на средина и продолжува да спие. Сепак, секоја вечер за заспивање си го ставам во креветче и заспива за 10тина минути. Ако е во арни денови, малку помагам, ако е во скок, секако тука сум за утеха. Најважно е да не го оставате да плаче и да се мачи бебето, ако е многу мало. Колкаво ти е бебето или детето? И како заспива досега?
Епа штом ти јаде надвор вади го, излегувај надвор кога е време за јадење бар нека јаде. Пробај и за цицање дај и надвор. Земи шмукалчиња понуди и и ако е над 6 види со парчиња дали сама ќе сака да јаде.
Моето за некој ден ќе биде 7м и последната недела некои денови имаше 2, некои по 3 дремки. Мислам дека му е рано за 2, со оглед на тоа што до пред месец време имаше 4, некако многу брзо транзиција од 4-3-2.
И Софи му ја давам, ја фрла и пак рачиња цуца. Додека цица ќе му текне, пика прст, прекинува вакуум и се нервира што нема млеко во прстот И мојата рака сака да ја истражува и директ кон усте ја носи Души, баш утрово размислував колку брзо порасна
Истото е и кај нас, ми ја зема раката и одма во уста ја носи да ја пикне, почнува повеќе да држи играчки во раце. А со скокот како поминувате? И вие @Ava.84
Само почетокот го осетив со малку повеќе плачење. Сега сме на средина, ама искрено не е нешто страшно засега. Не спие, тоа е нормално за него и веќе се навикнав. Почна уште повеќе да се буди навечер ама дали 5 пати или 2+ веќе нема голема разлика, престанав да му бројам Од добрите работи, повеќе сака да шета, се смее и си муабети Кај вас како е? Се надевам дека нема да не’ караат за муабет на темава, ако е проблем нека префрли модератор во соодветна за скокови.
Ич не ги пратам скоковите, оти без скок полошо минеме.Не ме интересираат оти немам решение за скоковите, што ако знам пак треба да ја тешам и трпам.Сама си се тешам кога ќе плака ајде уште еден месец и полесно ќе биде. Инаку и мојата се става во усте, како кутре е само апе и рже.
Мојата ептен шетачка стана . Преска стана од спиење и плачи нешто , што да правам цице, нее вришти, ја зеде свекор ми почна да ја шета ќути.Ја зедовме излеговме со колата почна да си гука од радост дека шета.А ја пак си викам кај ќе одиме кога ќе рикне сега гладна,ама не за шетање е прва. За спиењето и мојата е хаос, навечер само мрда , ќе ги дигне нозете и рита ќебе.На 5 мин се буди.Ако врзи 2ч е супер.Штом ќе дојде 5ч си оди по веце и почнува да си гука.А јас сум ваква,ама морам да менам пелена.Денски како аларм е точно на 30 мин си се буди свежа како 2ч да спиела.
И јас се приклучувам на неспиење и скок 4 Мислам откако е во скок никако не спие ни преку ден, со нишање со се и пак 15 минути.. Мислам додека ја заспијам повеќе време ми треба отколку што спие цело време се тегне, вика, плаче зашто не сака да спие а преморена е.. За ставањето во уста мојава уште од 2 ипол месеци почна да ги става рацете во уста и да се лигави.. А сега ја зема мојава рака и сака во уста да ја стави а зашто не ја оставам јас и се лути, вика, се нервира.. Ако ја легнам на кревет се околу неа што има го зграпчува и право во уста
Блазе си вас.. Мојава кола да не види, количка никако.. Значи само што ќе ја ставиме во кола почнува да плаче, да кенка, ниту спие, ниту седи па морам цел пат да ја занимавам со играчки, со пеење, па се што ќе ми се најде околу мене значи ни секунда не сака да седи.. Во колица надвор цело време сака да ја нишам инаку не сака и така едвај издржува.. Сега топло ако сме внатре во продавница ја земаме во раце.. Иначе дома кога се враќаме само што ќе виде дека сме дома се радува.. Имал некој слична ситуација? Како да го научам да седи во колица и кола?
Za vo kola t.e. vo transporter pojacaj klimata mnogu toplat tie. Mojata ne saka vristi koa ke i se vzesti, a pred nekoj den vo remedika dur cekavme ja vozikav vo transporterot i zaspa ama tamu super klimatizirano e
Исто е од мала не сака и сега.. Барем кога беше помала ја ставав заспана и си спиеше ама сега никаку не сака Оф леле, па ја се си мислев поголема ќе разбира повеќе и ќе сака ..
Ние дома (Германија) го имавме истиот проблем .Не сакаше во транспортер,а не смеам во раце.Тука во Мк ми е во раце во колата оти мал град, затоа е мирна.Инаку големата ич не сакаше во количка до 8 месеци, после почнав полека да ја учам по малку по малку, штом за ќе излеземе, ако заплакаше ја земав во раце и си одевме .
Не сака ни корпа ни транспортер.. Па се надевам поголема ќе сака во количка за да гледа напред.. Зашто моево не сака легнато сака да си биде исправено и да гледа се наоколу
Исто несака воопшто да е легната, @girl__20 , и јас се тешам дека кога ќе почне да седи ќе сака во количка поинтересно ќе и биде. Ноќеска прв пат само два пати се разбуди во 2 и во 5. Не ми се веруваше, ама затоа градите темпирана бомба беа. Инаку сум приметила околу скоковите повеќе ми спие дење. Еве ја денес од 10 заспана уште не е станата. Уште една дремка ќе има до после и толку за денес, ќе поминеме со 2 дремки. Инаку вообичаено имаме по 3 дремки по 2часа, ако некоја дремка и била пократка па тогаш има 4, ама тоа е многу ретко.
Кај нас е малце подобар овие неколку дена, си спие добро навечер, и денски дремки има на секој саат ипол-два максимум. Ама кога ќе почне скокот се плашам дека пак ќе се врати по старо, со будење на саат ипол два, ама тоа е. Исто, гуга, се смее на глас, се радува на познати ликови, држи играчки во раче по малку, сака да се шета да, и сака во кола. Скоковите одма се познаваат кај нас, се се мења, како друго бебе е. Знам дека ништо не можам да сменам, само трпение и тоа е тоа, ќе помине како грчевите, па сега ќе почнат забите уште малку, и така се нешто има.