Друшки хелп! Беба е 7 недели,многу немирно спие,ова е ужас,како клинци да има на душекот,се крева со тело,глава,нозе,раце како опседната од демони не можсм око да склопам ноќе,таа си спие амс мрда цело време и јас на штрек,давајте совет ве молсм,освен повивање тоа е неможно во топлово сега.
Period e ke pomine moze se gasovi/grcevi ili onoj reflexot koa gi maftaat racinjata.i se.plasat. mojata i vristese i placese vo son mislis kojznae kakov kosmar ima. Zemi ja do tebe jas taka pravev gusni ja da te oseka ke spie pomirno i glavniot sovet so bebinjata e - pocekaj ke.pomine
Ве читам и се чудам како ви спијат бебињата по 2, 3 саати денски... Моево нема уште 3 месеци а преку ден ич не ми спие. Заспива навечер околу 20,21ч, станува 7,8ч, неколку пати се буди за цицање и тоа е. И денски на сила два пати по пола саат ако заспие. Само да одиме негде и во кола да спие друго решение не гледам
Исти бевме и ние и сите ми викаа после 3месец ќе се среди за една недела 7 ќе наполни исто е! Спиењето е жива катастрофа поготово денските дремки
Е сега ме утеши Барем ноќе што спие така да си остане. Не можам да сфатам толку мало бебе да не спие преку ден
Исто и моето така правеше додека имаше грчеви тој период. Значи еден дел од ноќта после 4ч обично спиеше многу немирно, преташе со раце, нозе, испушташе некои звуци. Одкако престана да има грчеви почна мирно да спие.
Се пријавувам и јас со лоши денски дремки од 3ти месец наваму денските дремки се секој ден различно време, со различен интервал. Но еве до ден денес секогаш го запазувам прозорот на будност, никогаш не ја оставам да се премори. Некогаш морам со пуштен фен да ја заспијам, но штом заспие го гасам и тера со спиење. Навечер нема мака за сеа со спиење, само што сама си го направи редот да заспива 19.30-20.00, а мене тоа ми е рано,особено летово затоа што овде се стемнува тек 23.00 Туку вака, Дали имате рутина, за денско/ноќно спиење и колку се придржувате до истата? Дали отстапувате, и во кои ситуации? Се навикна детево да заспива во затемнета просторија, па многу тешко и е да заспие на дневна светлина. Се успива понекогаш во количка кога шетаме, во транспортер никогаш. Не сме биле на шетање многу со кола затоа што прееемногу плаче во транспортер и секое излегување гледам да е меѓу дремки. За ноќното спиење рутината е оваа: бањање, облакање пижами, пригушено светло во спална, читање книга, пеење цицање и спиење. Горе доле тоа е секоја вечер. 6 ипол месеци е бебево, до сеа два пати сме се виделе со пријатели, не излегуваме многу на подалечни релации само да не и се наруши рутината на малата. Кога сме излезени брзам цело време да стигнам дома да ја успијам. Од една страна ми е супер што си заспива рано, ќе средам низ дома, се тушираам раат, одмарам после. Но од друга страна социјалниот живот сведен на 10%, па ќе треба некој ден да се патува со кола/авион, па роденден, именден итн... Јас ли премногу му се тресам на бебево за спиењево, еве не знам...
Еве само што прашав во друга тема за ова… значи истово, само што околу 5 наутро не фаќа. Ја дојам околу 3-3ипол и си рачунам дека во 6 треба да си стане, ама она во 5 почнува со вртење и кенкање…
Ќе чекам тоа е,најверојатно се послаби грчеви што ја мачат а не доволно јаки да ја разбудат,претка со нозете и се испрдува некогаш. До кога траеа кај вас?
Па некаде до кај 2 месеци и недела, две. Кога и се смирија грчевите што ги имаше преку ден престана и така да спие. Претпоставувам и јас дека имала грчеви со помал интензитет што не ја буделе
Добра си, моето спие од 6 до 6 зимно време, летно од 7 до 6 ипол. Мојот социјален ноќен живот е 0, ама се научив, пројдовме година дена со коронава, веќе 2 години направи. Се прилагодив на темпото и топ ми е, со пријатели се гледаме денски/викенди, сите се со деца и сите си доѓаат рано дома.
Моето бебе од 8 месеци е со две дремки. Многу лесно премина од 3 на 2 исто сме и ние, легнува во 8 макс и спие до 6ипол-7 сабајле. Сите ми збореа леле што ќе видите од летото, нема да можете да се прошетате, тогаш навечер заладува ама многу ми одговара редот што си го направи. Спие, а ние седиме, гледаме филм. Подобро вака отколку да ми легнува во 11-12 и да се нервирам
Ќе помине опушти се. И ќерка ми тој период исто така спиеше но не се будеше и се навикнав престанав да се будам и јас на секое нејзино мрдање. Пробав менував страни во креветчето, дури еднаш и на меше ја легнав-мирно спиеше така ама ми беше страв да ја оставам.
Иста бев и јас мноогу се тресев за редотт на бебето и да сум дома трчав и се. Ама како минуваше времето само гледам ноќното спиењеда му е пола саат плус минус од оланираното секиј ден. Зошто оремногу стрњс е за тебе цело време тоа да планираш. Почну навикнувај го бебенцето и на дневна и секако или направи и затемнето во количката јас му спуштам тоа како тенда што му е ама нашата има голема па го преклопува скоро цел и мне му иде светлина директ во очи си заспива. Во количка надвор без проблем заспива не му сметаат ни звуци ништо а дома мора white noise, инаку на шушкање се буди интересна работа . Опушти се и следи го бебенцето ќе биде добро.
Сама си премина на 3, имаме 2 од по пола саат, и една околу 2ч. Со 2/3 будења во оваа дремка, се буди, плаче си трла очиња, ја презаспивам, па се буди да цица, цица и спие... 5 месеци ќе полни во петок.
Иста е и мојата, сака да шета. Дома кога влеземе плаче, а во колата/количката пее, гука, се смешка... За цицање нема шанси ако не е гладна, само што види градите плаче . Навечер по 2/3 пати се успиваме, прави кругови низ креветче. Ама затоа едната дневна дремка ни е 2 ч. ( ако се смета за 1 со 3/4 будења и презаспивања и цицање).
Лелееее ко јас да сум напишала све .... тотално исто исто, едвај почна и во количка да се вози, во кола во транспортер хорор, заспивање преку ден само во количка, секој ден различен ред немаме за преку ден Само пазам прозор на будност за да не се премори и се помирив со фактот дека такво е детето