Овие баш ги имам во нив спие, одоздола ништо. Клима навечер не сум имала потреба, ама ако е жешко би пуштила само да не дува накај нас
Ноќеска во 3 станував да пуштам клима, а пред легнување ја пуштав да излади. Прозор ноќеска џабе што ќе отварам кога не иде ладно. Малата си спие цела ноќ, нема гајле, ама големата се буди овие 2 ноќи, од што ѝ е жешко не може да спие. Сега па прозорот ми е отворен и си влегува ладничко, поарно е.
Цела ноќ ми станува на 1 саат и плаче, да цица не сака. Во раце да ја нишкам да заспие ич не сака. И во лулка и си лулај, штом престане пак плачење. Топло ли и е, заби ли се, што е стварно не знам.
Изгледа ќе ја полниме темава сите деновиве Топло е не се издржува. Ќерка ми заспива со цицање жива вода се прави. После тоа спуштањето во креветче стандард одма се буни но се расонува и неможам да ја презаспијам по 2 саати. А топло ми е веќе и мене и на неа да ја нишкам, но што да правам кога не знае сама да заспие. Вчера денски имаше само 2 дремки, едната 1 саат другата 20 мин, што е премалку за неа (7 месеци). Преморена беше. Во 8 вечерта заспа, прв обид да ја ставам во креветче се буни, ако ја оставам рика како за колење. Реков готово тоа е тоа, ќе и правам cry it out да се научи да заспива сама. Се пренервирав. Нормално, не издржав и после 10 мин ја земав пак ја нишкав, па пак ја спуштив, па пак плачење… и така до 10 часот кога конечно заспа. Се разбуди во 1, цицаше, заспа одма, продолжи до 5 и од 5 до 6 беше будна. После тоа заспа и стана конечно во 7. Јас подочњаци до земја. Кај ми е крајот во 6 скок си викам кој допра следи. Можно е сега да не има фатено регресија? 7++ е
Во истите спиеме и ние @thelittle17 ние пуштаме климА 1ч пред спиење да олади скроз на најјако ние седиме во спална исто лош рсспоред кога ќе почне да се осека промена на воздух намалуваме и почнуваме со процедурите за пред спиење. Инаку вчера 27 степени во спална првпат бебе испотено во врат едвај заспа се вртеше цел саат Нема спас од горештиниве само полабаво облечено и нека дуваа тоа во спална што го имаш секако не е накај него свртено
Vidi na enci menci stranata samo tie 2 aparatcinja se. Ne se stetni jer ne se na miris tuku nekoj zvuk ispustaat sto gi brka komarcite a nie ne ja slusame taa frekfencija
Истото, 27 степени и испотен цел, ова стигнува да олади до 24 степено макс. што и мислам дека е доволно. Беше по боди само, и сабајле накак 4ч залади малце и му обеков тенки како пижамчиња. Се будеше ама не мн често, изгледа добро му беше вака оладено да е, иначе пред некој ден збесна, будење на саат време вртење, превртување... подочњаци да не зборам, не ми се ни тргнати откако е роден.
Значи сите на иста мака сме. Ќерка ми еве 5 месеци ќе прави никогаш не се расонувала навечер, цица лежејќи и спие до мене. Што и се случи вчера, најверојатно од топлото, ги отвори очите во 2 и не си легна до 4. Брмчи со устата, се кикоти Стана во 9, еве прва дремка дури во 11. После 4ти скок чудно ми е, не можам да ја научам.
5от месец беше најкатастрофа спиењето. Секој ден мислам редот си го менуваше. Ноќе се будеше по 2 часа не заспиваше. Имаше денови со по. 1 дремка од по пола саат. Ужас тој 5от скок…
ние отидовме на планина демек топло да избегнеме, и тука се потиме! па уште јас надежна, сум наполнила пола нејзин багаж бодиња по долги. и шпилхозни три дури. есен, каде си?
Исто, како излезе од 5ти почнаа будењата навечер, сношти пак се разбуди во 3 саат, до 4 се превраќаше и лазеше по спална. Моментално минува низ црвениот период после 5тиот скок (сепаративна анксиозност), можеби е до тоа ама едвај чекам да си се врати по старо. Некогаш у спиење знае и да врисне мајко мила како да ја боли нешто
Леле исто се случува, во ист период е бебуш и многу немирно спие. Понекогаш вреска во сон како да го боли нешто и си продолжува да спие. Долните кецови се набабрени како да ќе пробиваат па се мислам да не му е и од тоа. Само си повторувам, период е ќе помине.
@kanella @Tiny Love значи заедно поминуваме низ ист период Не сме во црвениот период нооо навечер се забавуваме, едвај чекам да се врати на старо баш мирно спиеше
и ние сме 5 +++ и сме во скок, мака мачиме со дневните дремки едвај 1 или 2 пати ми спие по 20 мин пола час.. па ненаспан нервозен, вечерта исто додека се успиеме 5 пати станеме, до сега овој скок највише ни влијае, миинатиот мака немавме.. веке 2 дена е облечен на куси пиджамчиња голи нози и голи раце, во спална довага до 25 степени и сме испотенки се во косичка
Како облекувате новороденче на температуриве, во многу топла просторија? Дали може да се отвара прозор ама креветчето е одма до прозор?
Слободно отварај прозор, ништо не им е. Само да не ти е отворен и у друга просторија па да има промаја. Јас ја облакам само по боди на кратки или прерамки и тенки чорапчиња пошо и се ладни ноџињата дека нема уште циркулација. Ние и клима пуштаме ама не седиме у таа соба дур да олади.