Има грчеви да, само умерено, не може да кажам дека е неподнодливо. Био гаја и јас давам од 5 ден, Bebxtol Д+к1 и Еспумисан. Исто пијам многу концентриран чај од ким, па преку млекото и тој да има бенефит. Сега два дена немам пиено и забележав дека ги потенцира грчевите.
Кога ги легнувате бебињата што се 2-3 месеци? Уште се мачам со тоа кога да ја легнам, темпирам 8ипол-9 ипол. Еве денес ми спие од 6 до 8 и ќе треба од спиење на спиење… Подобро е порано или покасно да легнуваат? И дали така кога ќе завлече пднпопладневна дремка пример од 6 добро е да ја разбудам за да задржиме рутина?
Води се по прозорите на будност според возраста на бебето, мене така ми спиеше од 7 до кај 9-10, па заспиваше во 12. Успеав да направам некаков ред со бањање пред спиење, па сега ми заспива во 9. Не мора бањање, ама направи некаква рутина пред спиење, дали песнички исти, цицање...
Тоа ми беше баш прашањето, зошто јас гледам со бањање, цицање да е заспана накај 9-9ипол, ама еве денес како да ми врза од попладневна дремка од 6 до 8. Да не ја разбудев во 8 ќе тераше уште со спиење. Се двоумев дали да ја оставам да видам дали сама ќе покаже кога сака да заспива… Значи сепак е подобро да ја темпирам па макар и да ја подразбудам од тие последните попладневни дремки. Инаку сме 2+ месецо.
Тогаш од прилика и јас и сменив на 2 месеци до тогаш ја оставав да си спие колку сака. Ама најдолго спиење и беше тоа и сакав да искористам и јас да си легнувам некако со неа за да одморам, па почнав да ја будам накај 8, па накај 7 за да стигнеме некако до 9 да си легнува. Мислам 2 саати е последниот прозор на будност на таа возраст, или саат и пол
На грб цело време. Мислам дека и за мали бебиња не се препорачува спиење на стомак. Немаат толку сила да ја вртат главата, може да дојди до задушување.
Една недела ни се разлика бебињата нас. Јас ако спие до покасно го оставам не го будам, ретко е, ама го оставам. Гледам секој ден да го бањам во 20:30-21часот, па до 21:30 да е заспан. Сега лето некогаш уште 8 ипол сме надвор, па го бањам и покасно. Без разлика кога легнал, ноќта ја спие, со 3пати доење а се буди во 6часот сабајле. Дење следам да не е буден повеќе од 1час- 1 ипол час, па немам проблем до сега со спиење.
Јас од страв да не ја расипам рутината, ретко излегувам навечер. Се плашам дека ќе ми заспие во количка па ќе треба да ја будам, да ја расонам, па додека цица (20мин најмалку) и ќе дојде 10 часот… Инау во 9 -9ипол кога ја заспивам станува само еднаш за цицање околу 2-3 сабајле и следно будење е околу 6-7. Читав дека меѓу 2 и 3 месец веќе се стварала некоја рутина кај бебињата, затоа не сакам да зезнам работа сега
Се согласувам за рутината. Тој период почнав со рутина пред спиење и од 3ти месец па се до сеа 8ми месец време за спиење е 7ипол, 8 саат. И јас не шетав/м со неа навечер од истата причина.
А јас дома со него сами повеќе од пола ден и уште да не излезам навечер, ќе пукнам. о Моето па не заспива во количка. Мора да го ставам заспан и на пола пат се буди, таман до дома расонат спремен за бањање,па со цицањето заспива. Да и јас сакам да направиме рутина сега, ама за 10мин +/- не си кратам од шетањето
Јас и направив рутина помало кога беше во 7 ја бањав а сега 7 ипол или 8 додека заспие 9. За мене побрзо е подобро зашто бебе се буди многу рано во 6, ако ја легнам покасно ќе спие многу помалку часа
Само ви улетувам во мислењата, стварно ќе извините Да дополнам дека и јас пробав да ја успијам покасно неколку пати со цел да спие покасно сабајлето, но како навиена се буди во 7, па така си ја оставив да си се успива во 8, 8ипол.
стварно ко да имаат будилниче во тоа мозочето, еден период ми се будеше во 5:50, прерано за мене, па ја оставав да си лежи во креветчето бар до 6:15, ко да сум удрила два-три снуза ми се фаќаше. среќа во последно време “алармот” ѝ е навиен во 7:20
Истооо сеа малце се помести на 6:20 Знсчи има надеж може ќе му се помести уште малце а порано стануваше во 7:20 и мислев рано е, се молам да се врати тој период
Моево е 3 ипол месеци. Доста е темпераментно и на 7 недели прв пат се преврте од стомак на грбче, имаше тогаш еден период после тоа каде што нон стоп, на секое оставање се превртуваше и престана. Го препишавме тоа на случајност, бидејќи беше премал за да го прави тоа со намера. Е сега веќе се врти од грбче на стомак од пред две недели, држи главче убаво, кога ќе се сврти одма се крева на рачиња, се врти лево десно. Утрово ми кенкаше и станав да го земам, додека се свртев он беше свртен на стомак и заспан и продолжи да спие така. Многу ми беше страшна самата слика, бидејќи е премал. Од тогаш кога се вртеше од стомаче на грб, нема пробано и не ми изгледа дека ќе проба, нема воопшто интерес да лежи на грбче и јас не знам дали е он способен ако спие така на стомаче, да се врати назад на грбче. Можам ли нешто да направам за да ги спречам тоа вртење уште сега во текот на ноќта?
Штом почнал тоа е нема стопирање ако ја мести убаво главата нема место за паника нека си спие како му е убаво