Убаво ја врти главата, ама самата слика ми е страшна. Изгледа ќе треба да се навикнам на ова негово ново спиење
Бебето е 8 и пол месеци и има 3 дневни дремки? Многу ли е? По колку дремки имаа вашите на оваа возраст? @Kolache na mama @kanella
7++++ е моето, од скоро има 2 дремки. Но, ако се мислиш за кратење на дремки, ич не сум за тоа, следи бебе. Дали е кенкаво, дали ноќта не може да ја преспие или ептен касно заспива. Ми фали времето кога имаше 3 дремки.
За една недела полни 8 месеци. Има 3 дремки но многу се буни на последната, едвај ја успивам. Вчера на пример имаше 2 дремки, денес пак 3. Душата ќе ми излезе дури пројде од 3 на 2.
И мојатс имаше 3 на 8 месеци, тек сега пред да наполни 10месеци ги намали на 2,ама затоа цело време си спие навечер со 1 будење. Јас па имам проблем што касно ми заспива а станува во 8, бар кај 21 да заспива, а не ко сега во 22. Муабетот ми беше следи си бебе, сосема нормално да има 3 дремки таа возраст
И ние сме 7+++ имаме 3 дремки НО веќе трета ептен тешко заспива и е кратка ако по случајност се успие навечер тешко заспива. Има вечери кога ми се буди често и е наспан затоа мислам дека му се многу ама викам на наполни 8 па ќе пробам да ги намалиме на 2
Ние 10+ сме и сега сме само на 1 дремка. Не сум кратела ништо сам си ги скрати. На 8 месеци имаше 2 дремки. Ако не му пречи на ноќно спиење не менувај ништо.
Здраво мајки, ми треба совет и да споделите некое искуство...Од бебе што си спиеше супер сега се буди на секој саат навечер и тоа со вриштење викање, затворени очињата ама плаче ли плаче... Сега на 30ти ќе полни 4 месеци... Скок ли е? Регресија во спиење ли е? Период ли е? Јас појма неам што е
Во што облечени ви спијат бебињата? Ние сме 7++++ и само по боди Ако пробам да го покријам со тетра се буди истата секунда ако по некоја случајност не осети поише од пола саат неседи покриен, ќе го пипнам навечер нозете му се камен, страв ми е да не го настинам
Сигурно ти е скок и моево 4 скок на 4 месеци многу лошо го помина. По цел ноќ не сакаше да спие се будеше постојано некогаш плачеше, некогаш си седеше со саати. Исто и преку ден не сакаше да спие. Сега кај мене друг проблем. Ја земав на спална до мене да спие и сега не сака во креветче се буди. А до мене си спие
Оф, најголемата мака ми е ова и секој ден различно. Некогаш уште го ставам во вреќичка, некогаш по пижамки, некогаш по кратки, зависно од температурата дома. И јас како тебе цела ноќ го проверувам, а исто е склетџија, штом го покријам, одма се буди. Ама во главно јас се водам по температурата, секогаш гледам навечер колку ќе падне во текот на ноќта и плус следам дома колку е, ако е пример 27, ќе го оставам по пижамки надолу, боди по кратки нагоре, бос, ако е пониска, плус нешто ќе му облечам...немам поим што правам, само се молам да не го настинам
Само по боди е цело време. Преку ден не го покривам, навечер со тенка тетра само кај половината, но за 10 мин. ја трга и така си продолжува.
Мојава е 1+++ само по боди по кратки спие. Исто нејќе да е покриена ама некогаш успевам да ја покријам со тетра од половина надоле. Ама жешко ни е дома, и јас спијам по гаќи и маица непокриена па си викам чим мене ми е ок и неа и е кога е посвежо ја облакам по боди до долги или шпикозни.
Машко е и не го покривај ако не сака. Мојов спие по боди на прерамки и евентуално доле некој кратки(али поретко) со пуштена клима на 25-26 степена. Никогаш не сум го покривала дури ни во зима не го облакав премногу зошто е склетџија.Освен ако дојде кај мене во кревет и со моја фротирка да се покрие и после се тркала кај него во креветче и се одскрива
Исто, спие по боди по кратки, ако ја покриеш дига нозе и се буди. И јас исто спијам со кратки непокриена, па мене кога ќе ми застуди и облакам долни пижамчиња. Стопати пробав да ја покријам само ќе се разбуди или ќе ја избутка тетрата и така по цела ноќ и се откажав.