Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    1.683
    Пол:
    Женски
    Нозе не пипкај , пипкај носот , ако носот е ладен тогаш им е ладно, ако е многу топол топло им е. Најарно ми е така. Инаку и мојава е 6 месеци и по боди спие. Дигнав раце да ја покривам. Ако и е ладен носот ќе и облечам уште нешто. Реално нив со памперсот покриена им е половината.
     
    На Krofna* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Два месеци има моето, само по боди на кратки. Го покривав на почеток, ги туркаше, па не ни покривам повеќе.
    Ако е поладно го облекувам по боди на долги и чорапчиња ама многу ретко.
    Одржуваме температура со клима дома.
     
    На Krofna* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    834
    Како ги заспивате преку ден? Бебуш утре прави 3 месеци и успех е пола саат ако поспие неколку пати во текот на денот, и тоа главно во раце пошто кога и да го оставам се буди и почнува да плаче и не можам да го презаспијам. Гледам да не поминат поише од два саати како е буден, пробувам во затемнета просторија да го легнам, го туширам пред дремка, сум пробала и со количка да нишам низ дома и исто е, максимум 45 минути. А уморен е, секогаш кога наближуваат саат и 45 минути - 2 како е буден, почнува да кенка и постепено да плаче хистерично.
     
  4. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Многу ти е 2 часа за 3 месечно бебе. На 3 месеци јас го заспивав на 1 час, сега на 5м, 1,5 ретко 2 ама тогаш е преморена и не спие. И мојава не е спијач спие во раце, и кратко ама барем гледам да не се преморува.
     
    На i13dk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    • Не испраќајте повеќе мислења едно по друго, ставете сè во еден пост
    Неделите

    Лелее кога те читам вака страв ме фака дека моето е ептен голо само по боди :worried:

    Истоооо по цела ноќ само се покриваме и презаспиваме

    Значи не е единствен

    Хахаха срце мало
    Машките се склетџии

    Време ми е и мене да се откажам бар да поспиеме ако не друго

    Кенкањето е знак дека е преуморен да не требаше на таа возраст прозорот на будност да е саатипол?
    Да пробаш малце порано да го заспиваш

    Иии браво ова за носот не сум знаела :hug:

    Дефинитивно нема покривање
     
    Последна измена од модератор: 26 јули 2021
    На Kolache na mama, Oneo и Brpbrp им се допаѓа ова.
  6. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Јас прво го ставам на града, се успива и го држам 15-20мин убаво да се успие и го легнувам. Ако го легнам порано се буди за брзо. Некогаш легнувам и јас до него, дури да се успие. Спие по 2ипол-3 часа.
    Два месеци има, повеќе од сат ипол не го оставам буден.
     
    На Solen☀ и i13dk им се допаѓа ова.
  7. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.300
    Допаѓања:
    33.608
    Пол:
    Женски
    Дојдов и јас да се пожалам за дневните дремки. 2+++ сме, навечер спие 10-12ч со 1-2 станувања за цицање, ама денски луѓе е хаос. Преку ноќ ми се смени бебето и од бебе што едвај очи отвора, стана најголем неспијач. Дневно има 3-6 дремки од 10-40 минути максимум. Период на будност од 1ч до 2ч максимум, борба е додека да заспие, или се шетаме в раце или на цицка со вриштење дури го држи глас, па откако ќе заспие (со подотворени очи, денски не ги затвора очите) мора да полежи некој до него и да го држи за раче барем 15тина мин за да се разбуди веднаш или по 15 мин. :drunk:
    Мене ми е мака, јас не знам тој стварно како издржува по цел ден. А активен е, го оставам на подлога, во релаксатор (колку што седи пред да го крени цело маало), в креветче да гледа стикери на ѕидот ептен им се радува, па на земја, на меше, го шетаме секој ден на воздух барем по саат-саат и пол и не и не.
    Или е весел, гуга, вика, се смее или кенка и вришти, крајот не му се наоѓа.

    По апликацијата од утре влегуваме во трет скок, в сабота ќе му правиме крштевка, весело ќе биди. :shake: :drunk:

    Ај утешете ме дека ќе почни да спие. Барем една дремка да му е подолга.

    @Krofna* а да му ставаш плус чорапчиња? Истиот го имам, ако ептен ми е ладен му ставам чорапи.
     
    На KittyCat:), Krofna*, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.248
    Допаѓања:
    56.992
    Пол:
    Женски
    Да те утешам? :D

    5 месеци е моето, никогаш не спиел сам за дневни дремки и не знам дали планира.
    Во споредба со почетокот е подобро, има една подолга над 1 час. Другите по 45 минути, ама и по 20. Ред никаков :D Прееска баш ја гледав апликацијата, буквално секој ден своја приказна.

    Му држам раче, го презаспивам со доење, а некогаш мора и да станам да го нишкам за да ја врзе таа подолгата дремка. Го користам времето за и јас да одморам, а на пократките читам книги. :wasntme:

    Уште пробувам да го оставам сам, успева само на почеток на вечерно спиење, а за дремки препрепреретко.
    И искрено, мене не ми пречи вака. Ако има потреба од мене, тука сум. На почетокот мноооогу стрес ми правеше ова неспиење, само си создавав притисок дека нешто грешам зашто бебето не ми спие. Откако прифатив и почнав да го следам по знаци, далеку подобро е за двајцата. Ќе си се научи да спие, сите сме научиле. :)

    Инаку уште ми станува на 2 часа, па и почесто навечер. (facepalm)
    Цуцла нејќе. Некогаш со нишкање презаспива, ама најчесто бара да цица. Не плаче, ама и не заспива сам.
    Не го кажувам ко да се жалам, туку ко пример дека секое бебе е различно.
    Да го "тренирам" со cry it out не ми паѓа на памет.
     
    На Solen☀, kukla21, Nane26 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.965
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    И без тренинг за спиење ќе се научат кога тогаш. На некои им треба подолго на некои пократко време за да почнат да врзуваат подолго особено навечер. Секое бебе се развива со сопствено темпо, со тие тренинзи уствари не учат да спијат подолго туку да не не бараат кога се будат ноќе и сами да презаспијат. И кога ќе почнат да спијат подолго пак ќе има ноќи во кои што ќе се разбудат и ќе им треба наша помош да презаспијат. Јас бев очајна со моето се будеше еден перуод на 45 минути и цело време морав да го земам да продолжи и пак да го оставам ама помина и тоа сега има ноќи кога не се буди има ноќи кога кенка почесто некогсш и ќе се разбуди морамда го презаспивам еве синоќа од 4 до 5 ме зезаше го земам заспива го оставам се буди и се така :D секоја вечер својаа приказна ама некогаш ќе се случи и тоа да си спие цврсто цела ноќ. Период е ќе помине.:hug::hug::hug: исто и преку ден спиеше многу лошо ако имаше дремка подолга од 45 мин беше зошто на секое негово размрдување го земав и го презаспивав да се наспие како што треба зошто онака беше кошмар ненаспан. Ве гушкам сите вас што имате проблеми со лоши спијачи ама ќе помине се и ќе пораснат , се ќе заборавиме :hug:
     
    На Nane26, Ava.84, Marge и 5 други им се допаѓа ова.
  10. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam
    Ела да те гушнам :hug:
    Утре 8 месеци, дневните дремки ги преспива со мене. Почна 3ипол, 4 месец кога почна да ми одбива цице и цицаше само успана. Вака цицаше до 6ти месец. Сега си цица нормално ама ете денските дремки ги спие со мене. За одморена сум, читам и јас некоја книга или чепкам по телефон. Ручек понекогаш не постигнувам да средам, но тоа е мн ретко и не ми е многу проблем, барем таа ми е наспана.

    Јас имам друга мака :D
    Ми заспива со нишкање, никако поинаку. Не ми смета нишкањето, но ми е многу криво во количка што не сака веќе да заспива кога шетаме. Од кога почна да се врти на меше и да ја седнувам на 60 степени око не склопува детево за спиење во количка. ;(
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Се пријавувам за неспијач и за спиење само со мене.
    Ја нишкам 1 час за да заспие и да спие 20 минути или пола час.. 5 месеци јас никогаш ја немам видено сама да заспие од премореност.
    Количка само кога беше бебе до кај 2 месеци.
    Само среќа малку се средија ноќиве зашто ако потраеше уште малку ќе ме носеа во лудница. Се будеше сред ноќ и саати не спиеше :drunk:
     
    На Ava.84 и A.n.g.e.l.a.V им се допаѓа ова.
  12. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    мојава бебушка (6++) заспива строго на цице. сега дур сум на породилно ми е ок, но времево си тече и за пар месеци ќе треба да се адаптира во градинка. пробувам скоро секој ден барем за една дремка да ја успијам на друг начин, но безуспешно. кога ја галкам и ѝ пеам приспивни песнички, цела е возбудена, прета на сите страни и мисли дека ја играм. цуцла никогаш не прифати, сега веќе кога има запчиња само ја грицка наместо да ја цуца. или ја чува на страна во образ (личи на попај морнарот со луле :lol:). ни нишкање не бива затоа што ми се врти према града кога ќе почне да се успива и ако не ѝ дадам се нервира. така прави и татко ѝ кога пробува да ја успие. а не е гладна, намерно ѝ давам да цица и непосредно по станување од дремка за до наредна дремка да пробуваме успивање без цице. ахх. си се пожалив, ај може ќе има некоја мајка да сподели искуство за одвикнување затоа што знам дека ќе биде проблем тргнувањето во градинка.
     
    На Ava.84 и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.089
    Допаѓања:
    14.642
    Пол:
    Женски
    Охх темава...

    На вечер е супер заспива 23:30 еднаш станува да јади и заспива одма или до 8 или до 10 спие. Денски станува по 2-2:30 часа ќе се измори ќе заспие 30 мин станува играме сите салтанати се капиме заспива кај 16:30 во просек- е тука е најдолгото 2-3 часа спие а и јас со неа. Станува јадиме играме пак се со ред кај 8 излегуваме да шетаме заспива 30 мин таман кафе едно. Станува дома си одиме и заспива во 23:30 ете еден мој ден бебе 3м
     
    На minne992, Ava.84, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Касно заспива од таа возраст треба заспивањето да биде од 19-20ч
    Треба да поместите се поназад сега е лесно зашо е лето ама за некое време кога ќе фати зимо многу тешко ќе ти биде
     
    На KittyCat:) и Evy81 им се допаѓа ова.
  15. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.089
    Допаѓања:
    14.642
    Пол:
    Женски


    Се имам пробано и кога и да заспива преку ден да и поместам на вечер 23:30 заспива се има случено во 22 да заспива во 22:30 да се разбуди и да чека 23-23:30 да спија
     
  16. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    пробај да поместуваш по 15мин порано секоја вечер, може ќе стигнете барем до 21ч.
     
    На KittyCat:) му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Само како што ти пиша @rainbow_bb неможеш порано еден саат полека етапно по 15мин ако треба на 2 дена намалувај немораш во една недела нека биде намслувањето во две
     
    На KittyCat:) му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.825
    Допаѓања:
    33.797
    Пол:
    Женски
    Мајка ако ти е за утеха големата кога почна во градинка да спие престана да сака да ја луламе и сама почна да си заспива.Таа почна на 13 месеци, ама со спиење некаде почна да останува на 20 месеци и така ние лулајки ја таа скокна од рацете и си легна на земјата(оти во градинка на земја спијат).Нормално одма ептен не се откажа оти тогаш беше често болна па сакаше близина и заспиваше во раце со нишање кога беше болна.Не ми фатија цуцли ни двете:(.

    Луѓе никој не вели дека нема да се научат сами да спијат.Ќе се научат кое на 2 месеци, кое на 2 години.Ама верувајте тоа неспиење остава последици кај нас мајките.Еве јас откако големата престана да се буди јас развив инсомнии, не можев да презаспијам.Па одев по доктори да се среди.После ненаспана мајка=нанервозна мајка.Во фаза на тантруми и те како е битно сталоженост и смиреност.Затоа ако можете научете ги децата да ви спијат,слушајте паталец.Не сум за cry it out , ама има и поблаги тренинзи.

    Добив едни ваучари за курсеви за бебе од нашата населба како честитка за бебчето.Па сега видов има курс "Спиј,бебче , спиј".Имам и книга од пред 4 год pdf на германски исто за заспивање.Не се сеќавам дали ја прочитав за големата.Ама сега ја читам и не ми е позната.Која знае германски можам да и ја дадам.Ќе почнам со поефтини варијанти, ако не помогнат одам на Coaching.Ако научам нешто радо ќе споделам:).
     
    На Marge, IRBBB, CareTee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.089
    Допаѓања:
    14.642
    Пол:
    Женски

    Фала ви милички ќе пробам така да и намалувам по 15 мин да видиме :l:
     
    На rainbow_bb и Krofna* им се допаѓа ова.
  20. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    да, од дома ако не ја научам, во градинка ќе се научи од што мора. ама сигурно ќе биде прооооцес. секој ден ќе очекувам повици за порано да ја земам првите 2-3 недели сигурно. како сите бебиња, така и она, i guess. :)

    а иначе имам пробано поблага верзија од cry it out method, со оставање во креветче, излегување и влегување во соба на 3, па 5, па 10 минути, првиот пола саат е ок затоа што не ни плаче, туку си се занимава самата, па почнува да се буни, за на крај да стане нервозна и оп, прошло времето за дремка, па ајде цице сепак. изгледа успева само ако си упорен и бебето стигне до плачки што не би можела да го издржам.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.