Моево три пати по 30минути ( 5ипол м) ... Живци си кинам ама се помирив...ништо не можам дс сработам, да земам здив... Првово ми спиеше два пати по час ипол... А ова ѕверче многу поинаку..
6+ е синко. 3 пати преспива предпладне, поручек и приквечер. Најкасно 19.30-20ч си легнува вечерта. Иначе преспива само ако сум до него т.е. ако и јас лежам до него отспива и по 2-3ч. Ако не сум до него ( мрднам губам ) одма се буди.
Мами ние фативме некој ред за спиење ама не баш најдобар Навечер после бањање и цицање заспива најчесто кај 8ипол и спие некогаш до 11-12ч, а поретко до 1ч. Станува цица и заспива најчесто брзо и лесно. После станува кај 2-3 да цица и тука веќе не заспива лесно. Цицаме, па кенка, се нишкаме па за пола саат горе долу заспива. Ама станува за еден саат, пак кенка цица и се така, веќе после 5 имаме проблем не сака да спие, плаче, пееме се држиме и не сака тоа трае саат време можеби и два, па ќе заспие и само што ќе ја ставам во креветче одма се буди и се така до 7-8ч и најчесто веќе станувам, освен ако имам среќа да заспие па и јас да поспијам саат два, ако не, се префрламе во дневна и цица, се пресоблекуваме и слично и веќе кога ќе заспие е после 9 и јас веќе не легнувам. Во текот на денот некогаш врзува најмногу 3 саати спиење, другото е легни стани, малку е мирна додека е будна, најчесто кенка и сака во раце. Прашањето ми е дали е тоа ок, дали е некој ред, доволно спие и нормално е толку да станува или сепак може да се промени нешто? На пример да спие повеќе? ( Не можам веќе секоја ноќ истото, физички не издржувам ) Колку спијат вашите бебенца? И зошто кај 4-5 веќе не сака да заспие, плаче? Наспана е? И уште нешто, колку ви е светло во собата кај што спие? Ние имаме вклучена лампа во текот на ноќта, позади врата ставена, меѓутоа е доволно светло во собата. Не знам дали и е темно или е ок. Инаку имаме дваесетина дена
Најчесто 2 пати и тоа од 1.5 до 2 часа. Сабајле кај 10/11 ч и накај 16/17 ч уште еднаш. Ама не секогаш, се случува да спие и еднаш само во текот на денот,ама тогаш сигурно спиел 2/2.5 часа па ќе заспие ептен рано накај 19.30.
@Вереничка Мислам дека е сеуште мала да фати некој ред во спиење, и јас се обидував да и воспоставам ама таман мислев дека фати некој ред ќе сменеше се. Инаку кај 4-5 не сака да заспие затоа што е веќе наспана затоа што велиш заспива од 8.30. Јас проблем со станување толку рано немав затоа што мојата пред 10.30 11 никогаш не е легната Затоа и наутро станува покасно накај 8 што за мене е супер затоа што знам дека и да заспие таа порано нема шанси да легнам и јас толку рано па затоа вака барем на утро поспиваме. Зависно од тоа како тебе ти одговара и како сметаш дека е правилно пробај и почни полека да воспоставуваш некоја рутина. Доколку сакаш наутро да ти спие повеќе легнувај ја покасно, пробај да и одложваш капење малку покасно за пола сат-сат. Кај мене ова со заспивање после капење никогаш не функционираше после баш повеќе се расонуваше. Сепак е сеуште мала и ќе станува неколку пати во текот на ноќта, ние некаде од 3 месец почна да сврзува по 7-8 часа сон, ама затоа денски повеќе од пола час не спие За светлината јас оставам тв вклучен. Пробав со столна ламба но прејака беше светлината затоа вака со тв. Од мала ние ја учевме на бучава и светлина така да сега немсм никаков проблем заспива и во гужва и на светло. За ставањето во креветче истото се случуваше и кај нас само во раце спиеше. Мислам дека се малечки и бараат топлина и сигурност. Ние имавме мака со грчеви многу и ссмо во раце се смируваше и заспиваше. Сега деуште бара некоја сигурност ме држи за раче додека да заспие.
Знам дека е малечка уште за некаква рутина, или за ред, но си реков ако можам малку да и го променам ритамот на спиење, за да можам и јас да поспијам вака уморна и ненаспана и на неа не и помагам. Навечер она рано ми заспива, тоа како да го променам? Не можам да ја држам будна, ќе биде кенкава ќе плаче. Се бањаме кај 8, 8 ипол и давам да цица и заспива. Но се случило и да не сака да заспие до 10 и пак се буди 12-1ч. Колку подоцна да ја бањам, сепак не е лето. А сега кога ќе залади мислам и дека скроз ќе го преместиме бањањето за преку ден. Јас би сакала да заспива покасно 11, 12ч и онака и ние не спиеме тогаш, ама како?
Ако ти заспива одма после капење пробај да ја капиш порано пр. Накај 6 па ако заспие да и дојде како дремка до кај 8. Потоа будна и со следното цицање спиење. Пробај можеби ќе успее.
@Вереничка кај мене е 2+месеци,јас ја бањам преку ден а навечер ми заспива кај 11 ама до 11 е светло во соба тв ми работи,си зборуваме гласно е кај 11 и давам млеко мењам пелена ја ставам во вреќица за спиење и ја успивам во количката не во раци(ја возам напред-назад) од кога ќе заспие ја префрлам во спална во креветче и таму ми е поладно не грееме гасам ламба и спие цела ноќ се буди во 6 за млеко и продолжува до 9 ..нас таа ни е рутината и така тераме и со првото и сега со второво детенце
Како бе бебе да заспива во 23-24 часот? Колку што разбрав заспива накај 21 часот, тоа е идеално, зимно време дури и порано, накај 20 часот. Нема љутиш, ама сега треба да се гледат потребите на бебето, нема ние како сакаме туку како е најдобро за него. Ако си изморена штом заспие тоа, легни си и ти. И со будењето ноќе пак имаш време до сабајле до 5 да се наспиеш. Преку ден исто, штом спие тоа, одмарај и ти, одморот е многу битен за млекото.
Ако го прашаш мм ќе ти каже дека ако треба за детето цел ден и цела ноќ ќе стојам на една нога и ќе го држам. И дека нема ни да јадам ни да пијам. Не ми беше тоа поентата. И плус ова беше идеја на мм како да ја држиме будна до подоцна и после да спие во текот на ноќта повеќе. Знам срцка дека она е најважна и нејзините потреби, и дека ни месец не поминал, а јас велам дека не можам. Но вака навечер заспива во 8 ипол, мене ми е рано за спиење, или завршувам работа некоја. Пеглам, перам, пуштам машини алишта, садови, средувам нешто, јадам или се бањам. Легнувам кај 10-11ч и саат два додека стане. После се буди на два саати или на пола саат саат, а кај 4-5 буквално секоја ноќ/сабајле, не сака веќе да спие, плаче, и сака само во раце и да шетаме. Не сака ни да седам. Само да се движам. Грбот ме боли, раце и очите ми паѓаат, физички не сум способна, а би ја гледала додека спие да можам И тоа трае и трае . . Сакав да прашам дали е во ред тоа, или јас правам нешто погрешно? Инаку знам дека времето кога она навечер заспива е идеалното.
Најубавиот и најцврст сон бебињата го имаат до полноќ, затоа треба рано да си легнуваат. Потоа како напредува ноќта квалитетот се менува, односно се намалува. Затоа се препорачува рано легнување и кога не се преморени. Период е. Верувај покасно да легнува може и полошо да биде, преморена повеќе ќе се буди. Кога се толку мали брзо им се менуваат фазите, ќе смени, ќе и треба нешто друго, а ти ќе се прилагодуваш. Ќе помине, ќе издржиш, иако сега ти се чини нема да помине, ама ќе летне.
Ние фативме ред од почеток. Бањање помеѓу 8:30-9:00, цицање и спиење. Во почетокот заспиваше додека цицаше. Сега не. Во секој случај завршува со цицање го префрлам во креветче и излегувам од соба. Го слушам на бејби фон. Прокенкува неколку минути и си заспива сам. Меѓутоа редот го направивме и на тој начин што дење преспива на светло и галама, а навечер после бањање се гаси светло и се е тишина освен неговата музичка играчка за заспивање. Единствено светло во собата е едно ноќно сијаличе кое ми е поставено ниско и дава слаби зраци, а го користам повеќе за јас да можам ноќно време да го ѕиркам. Сега веќе преспива до 1 часот, а после тоа на два часа станува за цицање и си продолжува. Некогаш до 6-7-8. Ако многу се вознемири и претка само последното преспивање пред да стане се гушкаме. Е за денските преспивања немаме сеуште никаков ред. Има денови кога само два саат на рати ги преспива, некогаш само на рака преспива, а некогаш уредно преспива 3-4пати по еден час. За денските преспивања допрва ќе правиме ред.
Тоа е поентата, ние треба да се привикнеме на навиките и потребите на бебето, а не него да го привикнуваме на нашите навики. Значи ти треба да научиш да легнуваш порано, овие месеци батали и чистење и готвење и алишта... najvazni ste bebeto i ti. Maz ti neka gi vrsi domasnite raboti i kolku moze neka se grizi za beba. Na pocetokot nie funkcioniravme taka sto nokite i dodeka toj e na rabota jas se grizev za bebus, toj se naspivase, ama stom ke vlezese niz vrata toj go prevzemase, a jas imav vreme za sebe, da se sredam, istusiram, da posedam malku na net i da zgotvam nesto. Potoa go banjavme nakaj 19h-20h, cicase i zaspivase, pa do kaj 22h imavme vreme da sredime nesto po doma i normalno vreme za nas. Sekako ovaa rutina se menuva na periodi, doagat skokovi vo razvoj koga ke e uste potesko, po celi denovi mi e bil vo race i mi spiel na gradi, ama se brgu pominuva i kako rastat ke ne faka nostalgija za ovoj period.
И ние си имаме некаков ред за спиење ноќеска. Обично ја бањам меѓу 7 и 8ч. Ретко се случува после бањање да заспие веднаш. Проблемот е што касно заспива вечерта, меѓу 10 и 11 најчесто,поретко пред 10. Ноќеска се буде 2 пати, во 2 и во 5, ќе се нацица и одма заспива. Сабајле ќе се разбуде во 7, 8ч пак ќе цица и ќе спие до 10, а некогаш и до 12. Преку ден немаме некоја шема за спиење. Има денови кога спие по повеќе часа како денес, од 11 и пол до 3. А има денови и кога ептен малку спие, скоро ич преку ден. Не ми е важно колку и кога спие преку ден, битно ми е ноќеска да спие. Преку ден спие на светло, тв ретко пуштам јас, значи тивко е. А навечер додека заспие само тв е вклучен, а кога заспие го гасеме но во ходникот е вклучено светло, вратата од ходникот е затворена, па само преку стаклото иде малку светлина колку да можам да ја гледам. Јас сум отспана, сабајле околу 10 станувам со неа, а легнувам околу 12 ноќеска, додека ја успијам неа, па средам дома, јадам и толку ме фане. Месец и пол сме.
искрено јас лично (мој став) не би се сложила не оправдувам во никој случај дека ако имсмр бебче сме станале нови мајки ајдее куќа нека прооде од валкано садови алишта ќе праиме кули а ние ќе си дремиме дали со пријателки дали интернети ноу за се има време ако се знае да се распореде бебе не е 24/7 будно се се постига оф прв ден сум сама маж ми раб секоа ден ретко слободен па ниеднаш не поминал ден без средување и сите домашни обврски а беба не ми била бајче си сакаше внимание раци па не спиела па плачела секакви моменти до сеа а сме си скоро 6м ретки се оние мажи реално да збориме кај што помагаат многу па ние да прчиме нози ии колку толку можи ред да му се стави на бебе ти како ќе го научиш така ќе си е зашо ако а држиме ќе сака у раце така и со спањето сум била и нервозна и ненаспана ама успеав и ред и се навечер у темно спи заспива накај 10 иаме будења едно или две од сам старт некоаш има и плачки ама све мине како растат се исчезнува она заспива јас гледам да измиам искапам па и да пеглам некои денови преку ден експресно спие по 30-40 мин 3/4 пати па све ми стана брзинско и чистење и ручек и да приседнам со др све се можи се се успева и се е период само упорност и смирено ..
@Вереничка мала е за да има некаков ред. Ние ред фативме накај 3 месец. Тогаш почна подолго да преспива денски, а навечер 8-9 часа. Мојава првите две недели го преспиваше цел ден, ја будев за цицање, пресоблекување. Денски што сѐ не правев за да се разбуди сама, ама не ми успеваше, ке се разбудеше, цицаше и пак заспиваше. Во 22 часот кога ке речевме со мм ајде да си легнеме таа почнуваше да плаче од грчеви се тоа до 4 сабајле. Имап среќа што ти заспива рано, мој совет не се мачи да и го смениш редот, сега ке се смени времево, зима, вечер се менува часовникот супер ти е времето. Мојава во 23 заспива. Многу е , ама никако не можам да ја научам порано да заспие. @Poppins никој колку што прочитав не рече дека остава куќа запоставена или пие кафе со другарки. Тие месеци се такви, ако е бебето мирно ке фатиш ред уште од првиот ден ако е темпераментно малце потешко
Никогаш не ми било јасно како бебиња и деца заспиваат во 10-11-12, за мене е тоа нонсенс, знаејќи дека ноќниот сон пред полноќ е многу важен. И со двајцава од прв ден го имам истиот ритам, бањање околу 19:00, 19:30, цицање и кревет. Во 20:00 веќе спијат, до утрото во 06:30 или 07:00. За мене тоа е идеално време за спиење. Не оправдувам спиење до 9:00 и повеќе, можеби затоа што и јас го имам тој биоритам од раѓање и не го менувам. И ноќе да се разбудат, не дозволувам станување ни зборување ни ништо, само цицање (за малото) и тишина додека да презаспијат. И брзо презаспиваат. Малото е малку покомплицирано периодов, почесто се буди ноќе, претпоставувам заби го мачат, па затоа. Ама во глобала овој ред си го имаме од раѓање, и не го нарушувам никогаш, за никого.
@Annath Е како да ја натерам да заспие пред 9 кога не сака, едноставно не сака. Ќе се нацица и наместо одма да заспие како што прави преку ден, на неа тогаш ѝ е најинтересно, ќе си гуга, ќе си претка. Колку пати ја гушнам до мене, ѝ дадам цуцла, ама не сака дете да спие и точка. Еднаш минеше 12 кога заспа, уште што сѐ не правев да ја успијам ама безуспешно. Во раце ја нишкав (избегавам да ја нишкам во раце за да заспие), ја ставав на града, ја легнав до мене ја гушкав, на крај ѝ свртев грб оти не можев веќе ни јас. Кога и се спие, ништо не и смета, ни галама, ништо. Ама кога не и се спие, ништо не помага. Имаше период кога заспиваше околу 9, но помина тоа, сега пред 10 не памтам кога е заспала последен пат.
Не ти се погодило да не сака да спие, па затоа вака збориш. Искрено од страна да се кажува е лесно. Сите деца не се исти. Во темава сум читала и бебиња што во 3 по полноќ заспивале, порано не сакале никако. Мојата сум пробувала да ја успијам во 8 и пол, девет, ама кога не сака и тоа е. Со сила ли да ја терам? Така ми е уште понервозна и поплачлива.