Zemi si letna vrekicka raat ke si. Jas zemav od okaidi top se ko tetra preklopena materijal Mojata ne, pocnav da ne ja zimam ni za cicanje. Mrda tropa so nozete vrti glava moze i ke podotvori okceto ama en se budi si tera sama. Sinoka na zaspav kaj 9.30 do 6 terase, 3+++ e
Мојава.. Од 7 и 30 или 8 зависи кога ја бањам и ја легнувам, до 9 или 9 ипол некогаш и 10 не можам да излезам од кај неа. Или ако ја оставам и заминам ако не е цврсти заспана се буди. Некогаш и да заспала може после 1 час пак да се разбуди..
Еве јас ќе ти кажам за моето како разбрав дека сака порано од 21ч. да легнува. Од 20ч. до 21ч. тој 1сат го поминуваше со цимолење и ништо не му се погодуваше. Откако почнав да го легнувам во 20ч спие цврсто до сабајле.
Мојата исто.Само што ќе пробам да станам еве ја почнува да мрда и ококорува очи.Се осеќа, слуша и одма е будна.Уште да каже ахх мамо каде?Нинџа ми нема рамен уште да почнам по таван да одам и готово спајервоман ќе бидам.Мислев на почетокот од моро рефлексот и е, ама веќе како да и е изгубен и пак се штрекнува.Не знам веќе на што не помислувам дури да и купам и хомеопатски зрнца за спиење.
Како што пишала Онео погоре, ќе ја избањав и средев за спиење, беше кенкава многу и подолго митребаше да ја успијам, со думкање со музика со шшшш… Вака ми е позбиена рутината, од 7 до 8, нема време да кенка и полесно се успива, директ од бањање во затемнета соба на града. Инаку, и вака и така во 7 сабајле стануваше, ама мене супер ми е тој саат што го добивам вака навечер.
Кога бебињав се научуваат да врзуваат дремки? Ова дневниве ептен кратки презаспување јок пред 6ти скок сме па незнам дали и тоа има врска
@firequeenn само што наполна 8 месеци скрати од 3 на 2 дремки. Сега има еднс подолга од 2 часа и една попладне од 1 час. Ноќе спие по 9-10 часа. Ако спие ноќе убаво или ако се пократки дневните дремки терај така. Додека имавме 3, 2 траеја од по 1 саат и третата околу 40 мин. Сама си премина на 2 кога ја издолжи првата дремка. @Krofna* и мојата или само по ромпер на кратки или по боди на кратки спие. Не ја покривам зошто секако се отскрива. Земав сега летна вреќичка ама мислам дека ќе ѝ е топло. Кога ќе ја фатам за ноџињата и лицето на сред ноќ топла е, значи не и студи. За дремките спонтано почна да си ги врзува, на почетокот на 6скок. Имаше неколку дена таков еден преоден период кога не спиеше убаво особено за денските дремки ама брзо се среди. Сега сме веќе на крај.
Јас прво сфатив дека касно ја легнувам (20.30-21.00) за спиење и тоа резултира во лошо спиење и дење и ноќе и лошо расположение. Навикната беше да заспива на града или со нишање, пеење и тоа со часови и без успех, вриштеше кога ја оставав во креветче, и така јас ич време немав за ништо друго. Направив распоред кога ќе станува кога ќе спие, и колку може да биде будна. Го прешалтав цицањето за после разбудување и и нудам цицање 40мин пред спиење за да не ми заспива на града. Ако треба да спие во 19.30, уште во 19.10 ја носам у собата. Затемнето е скроз, пуштено white noise ама онаа шшшшш што прави (таа најбрзо ги смирувала.. и менувам пелена таму и смирена ја ставам у кревет и и давам 15 мин да запие, а од кревет се и тргнав и таа играчката што виси зашто интересна и беше и наместо да се успива си се смееше. Ако не заспие или почне да плаче ја заспивам како што беше навикната со нишање или цицање, ама гледам тоа да е се помалку и помалку и полубудна ја ставам во креветче, за заспивањето да и биде во креветчето. За секоја дремка има ист амбиент и и давам шанса сама да заспие. Не и пеам (тоа повеќе ги расонувало) а ако и зборувам тивко зборувам. Првите 5 дена тешко беше многу, дека навикната да цица или да ја нишам, па ретко кога успевав ама за тие денови и го сменив распоредот со цицањето и почнав да го следам распоредот. Па сега за сите спиења се придржуваме по распоредот, и успеа 2 пати да заспие сама Мојата е 4мес. А и предвреме родено, за неа уште е тешко сама да заспие ама идеален период да научи. Може за поголемо бебе ќе биде возможно побрзо. Резултат после 2 недели е спиење ноќе од 19.30 - 7.30 (не се буди ноќе или ептен ретко), има три дремки, само таа на пладне ми е тешка се буди на 1 час и не презаспива сама, па тука малку се мачиме. Ама ноќе што спие сум најзадоволна и благодарна.. Е сега како ќе иде со скокови и менувањето на распоредот зашто ќе зголемува прозор на будност и дали ќе успеам да ја научам сама скорз да заспива и презаспива.. Ќе видиме понатаму. Важно засега детево ми е задоволно, наспано и расположено.
А јас пак се на цице ја заспивам или со транспортерот на тепих ја бутам. Мојата не сака во раце да ја успивам се дере, пиште . Ќе пробам да ја доам порано , а после тоа да ја оставам сама да си спие и на своето кревече.Фала ти за убавите совети.Ако има подобрување ќе ти се пофалам.
Денските дремки како ви се и по колку траат, некогаш ноќното спиење го гледаат како дремка и затоа се будат. Моето е 10++ и некогаш има една од 2 часа, а некогаш една од саат време и другата пола саат али вечерното спиење си го знае кога му е. Пробај направи му рутина да видиш дали е такво бебе или да го оставиш сам кога би му се приспало па тогаш да го успиеш зошто има некои бебиња не сакаат секојдневна рутина во исто време да спијат и јадат и да пробуваш да им го наметнеш нервоза им ствара. И се зависи и од тоа дали му е ладно или топло дали е научено од кога ќе го легнеш да лежиш или да си и ти во иста соба со него или го заспиваш и се тргаш. Јас моето го успивам кога он мисли дека требада си легне и го ставам во креветче и излагам од соба и си заспива цврсто. Многу фактори влијаат за успивањето.
Кога преод од 3 на 2 дремки и како најлесно? Моето е 9+++ и сеуште е со 3 дремки, со будност од 2.5ч од прилика, но забележувам дека тешко ја успивам веќе. И некој со 2 дремки да сподели од прилика распоред.
Исто 9+++ Две дремки има од 8ми месец со тоа што сега седи повеќе будна отколку кога премина на 2 Станува од прилика 6:30 Дремка 10:30-11 до 12-12:45 Дремка 4-4:30-5:30-6 Ова сега почна инаку на 8мес по 3 часа седеше будна кога премина Дремка 10 до 11часот и 2;30 до 4 и вечерно 7:30. Сега како што станува покасно од втора дремка и се помести ноќното накај 8:30-9
На 9м почна со две дремки некогаш беа две некогаш три, сега е 11+++ и има 2дремки сеуште, мада што некои денови има и 3 ако се разбудил порано од стандардното и е ненасоан па му се приспива после саатипол два оф кога стане
Зависи од возраста на бебето.Треба барем да е 1 час или 1 и пол една дремка и после другата 1 час али втората да не е подолга од првата .
Мајки давајте совет. Полудев. И се спие плаче со замижани очиња, научна е да заспие со цицање на кревет, ама сега миже и и се спие и плаче вреска не може да се доуспие.Давајте совет, полудев и збудалев немам сила ни време за ништо друго. Како да заспие детево, очигледно му се спие миже и трла очиња ама никако неможе да заспие. Ве молам некој совет 6++сме
Ако не е какана може е од тоа. Тоа беше прееска причината кај нас. Пробиотик, во релаксатор се искака , бањање и одма заспа и порано од обично.
Значи а чукне 15.00h дете почнува веќе да хистерише. Душата ми ја извади верувајте ова трае веќе 15 дена, секоја поручек, а дојде време за дремката она мислиш ѓаволи ја нападнале. Сака да цица, ама да шетам низ собата и добро ќе плаче, ќе плаче ќе заспие. И сега најлошото таман ќе ја спуштам на кревет лелел тоа мислиш ја тепа некој и ајдеее пак одново истото. Пробав и ја истуширав и се се се, ама пак исто само во раце спие, а само тој период е таква незнам што и се случува, ноќта за спиење нема мака јаде, ја оставам во креветчето ја лулам и си заспива. Што и се дешава дента појма немам, ама на овие температури не само она и ја сум жива вода од што сака во раце Да се надеваме дека нема да ја држи уште многу оваа попладневна хистерија А и денес си славиме 3 полни месеци. Лета времето, дур да трепнеш пораснале