Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    Ве читкам сите и ви се восхитувам. Воздивнувам и се прашувам што беше тоа сон?!:^)
    Два часа започнаа да ми бидат доволни и да се чувствувам како нова. Ако се запие и пет минути повеќе од два часа, веднаш станувам да проверам што е работава. Луда работа.
    Овој маминиов син како е приврзан за мама, не знам што ќе правиме понатаму со него. Сега само ми остана утехата дека кога ќе престане да цица, дека ќе поспие малку повеќе, друго ништо не ми преостанува. Не дека е гладен па станува преку ноќ на два часа, едноставно да провери дали е тука мајка му. Ме гушка, ме фаќа за града и пие неколку голтки млеко и веќе е во сон, па пак по еден до два часа. Така цела ноќ...
    Уживајте си мамички кога ви спијат бебушките, тоа ќе ви кажам. За тоа време, јас малку ќе се помачам :D.

    И да ве прашам.
    Малку ме фаќа страв кога ќе го одбијам од доење. Од искуства што велите, ќе биде тешко или? Некако е многу приврзан и навистина тука ми е дилемата за спиењето?
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.374
    Допаѓања:
    24.351
    И јас стравувам од истото. Како крлеж е за мене. Дури и кога му давам кашички спас бара во цицањето.
     
  3. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    411
    Како спијат вашите бебиња синчето мое одкако е роден спија само на грбче цела нојк не се првртува ни на страна исклучиво само на грбче што некогаш дури ми е чудно
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.770
    Допаѓања:
    255.821
    Пол:
    Женски
    Мојата на страна спие но самата во текот на нокта се врти на грб.
     
    На ubavka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    39.845
    Пол:
    Женски
    Бебушка моја од три недели спие на стомаче и си го врти главчето лево-десно, малку чудно ама што да правам кога во спиењето на мама се метнала :D
     
  6. bambusce

    bambusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    591
    Синчето мое спие на грб иако првиот месец сакаше и на стомак да спие ама веке не.До пред еден месец си спиеше супер стануваше 1-2 во текот на вечерта ама сега приказната е друга.Станува на секој саат а последните 3 дена се буди накај 3 часот па си седи саат-два како да спиел 10 саати, се смее, си гуга па едвај се успиваме после пак.Пробав да го заспивам покасно ама џабе ако не е во 3 часот тогаш ке е во 5 најкасно 6 станат.Се надевам дека е фаза и дека ке се врати во нормала.
     
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    25.505
    Јас сум главна на темата |(
    Знам дека не е многу забавно да читаш еден те исти лик како кука по форумот дека детето не му спие, ама јас верувајте морам да се пожалам овде... и потајно се надевам дека со некој совет ќе ми помгне било кој како да го надминеме немирново спиење на моето бебе.
    Се тешев дека се периди, ама сфатив дека ние цели 8 месеци имаме проблем со спиењето и заспивањето. Една недела ќе сме добри и поцврсто ќе спиеме, и како по казна наредните 5 недели ќе се будиме на секој пола саат.
    Не сврзува подолг сон од 1 час (максимум), па тоа е полошо и од времето кога беше новороденче.
    Да не и е топло, да не и е ладно...облекувам и расоблекувам по 100 пати... Па да не е гладна, па можеби е прејадена...Скок во равој (да бе 8 месеци она е во скок во развој), па заби да не ја мачат (стандард изговор за сите бебиња што не спијат) и се така до бесконечност. Се уморив... и не сфатив каде грешам.
    Се буди за 1 час, ја земам во раце и веднаш продолжува да спие, ја враќам после 5 мин во креветот, за пола час пак ми се буди. И цела вечер до сабајле тоа правиме, се нанкаме |-)
    Имам впечаток дека сака да ми спие во раце, и не ми е јасно од каде таа навика :^). П јас никогаш ја немам држено заспиена во раце, секогаш ја оставам во креветчето...а ете бебето ми води инат и сака по цели вечери да ја нишкам во рацете. Па јас не сум на батерии, и мене ми треба сон.
    Луѓе кажете чаре, не ја бидува вака работава. Што да правам?
    Можеби смешно е, но јас најсериозно сум изнервирена... :envy:
     
  8. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    Мала утеха, не си сама. Дури сега ја заспав ќерка ми:yawn:
     
  9. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Ete i nie samo sto se zaspavme pred 30min.so teski maki:@ i ne samo toa,ke staneme edno 5-6 pati minimum do sabajle.Snegulce isti slucaj sme,takvi bevme ko bebe,takvi si ostanavme(20 meseci sme). Jas se pomiriv so sudbinata veke...
     
  10. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    25.505
    @anina Значи и вие сте ноќни птици!!! Ама барем спие ли цврсто твоето бебуле откако ќе заспие? Јас мислам би издржала да седам и до 3 сабајле само да сум сигурна дека кога ќе заспие ќе одморам и јас како човек 5-6 саати. Ми фали сон, а ненаспиена за никаде сум.

    @katalina Се молам да не сме таков случај... Потајно се надевам дека до годинката ќе направиме некаков ред на спиењето. До тогаш се наоружувам со трпение.
     
  11. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    @snegulkata ќерка ми заспива во 1или 2 по полноќ ама кога ќе заспие нема поместување до 11 сабајле. Мене ме убива тоа што син ми заспива порано и порано станува па мене ми се фаќаат само 4-5 саати сон. Сакам да ги навикнам да легнуаат во исто време ама не ми успева.
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.621
    Пробај да не ја креваш кога ќе се подразбуди, туку во креветчето, додека е во полусон, занишкај ја малце додека да презаспие. Повеќе пати така, и ќе сфати дека во текот на ноќта нема кревање во раце на секое заплакување....ваљда :D

    До сега сигурно и сама научи дека скоро никогаш не е како сакаме ние, ама сепак надеж има дека со упорен и доследен тренинг нешто може да се промени. Бањај ја секогаш во исто време, пример околу 21, и после цицање, полузаспана, стави ја во креветче. Кога ќе се побуни, не ја креваш туку ја нишкаш легната. Оваа рутина следи ја БЕЗ ИСКЛУЧОК минимум 2-3 недели ако сакаш да видиш некаква промена....не потклекнувај, може на почетокот ќе треба сепак да ја кренеш во раце за да ја смириш, ама гледај тие дејствија да се проретчуваат како ќе одминуваат деновите.

    Не знам што и дали и даваш друго за вечера освен цицање, ама баш види дали во тој состав има шеќери. Исфрли навечер после 18 се' што може да и' крева енергија или отежнува на меше...давај и чисти житарки со мајчино или АД, и ако имате воведено тестенини, можеш и тоа, баш некни прочитав дека се добри за сон, па ги препорачуваат пред спиење.

    Знам дека е тешко, и нормално е да си изнервирана, зошто, измеѓу другото, во вакви моменти се чувствуваме безнадежно и без контрола, ама имај позитивна мисла, биди цврста, зошто допрва ти доаѓаат предизвиците, и наоружај се со трпение. Ништо не е вечно, кад тад ќе смени :lol:

    И да, ако сте во фаза на вадење заби, огромни се шансите од тоа да и' е маката....се надоврзуваат фазите и ти изгледа ко една цело време, за жал, ама тоа кутро човече низ кој знае што се' не поминало до сега, а не знае да каже :)
     
    На bittersweet, snegulkata и Glasna им се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    19.695
    Пол:
    Женски
    Malava nekogas spie mirno,primer ja legnuvam 22i spie do 07/08c bes razbuduvanje.
    Ama ima i denovi i noki koga e sosema dr rabota.
    Poslednive veceri ja legnuvam 22c i zaspiva sat dva i potoa place i nikako da zaspie,pa mora da stanime i da igrame do 02c.
    Neznam dali se raboti za skok vo razvoj bidejki e nekolku dena pred godinka da pravi ili samo eden period onaka.

    Eve vecer ja legnav vo 21:30 i sega mama e do nea i ja niska vo krevetce a ona spie.
    Koga ja niskam okolu sat vreme i potoa spie mirno do nautro(se razbudi pred mala ja barase cuclata i zapa) se nadevam ke spie mirno i ke go fati ritamot sto spie od 22 do 08/09 nautro :)
     
  14. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    Кај нас се е на куп, и настинка и заби вади, и тоа што тргнав на работа....офка во сон на пола саат до саат и ако не ја ставам да цица се расонува. А бе цела сум укочена. Ама второ дете ми е па знам дека тоа е, што и да правиме џабе е.
    Се тешам дека пак ќе се врати по старо.
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.770
    Допаѓања:
    255.821
    Пол:
    Женски
    Јас пред 4 дена заминав ск и ја оставив малата на 4 часа.Од тогаш навечер се буди на секои 45-60 мин.Бара цице но не цица постојано туку така заспива и плус рачето едно секогаш и е на града кај мене :)
    Душичка изгледа се плаши да не ја оставам пак.
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    39.845
    Пол:
    Женски
    И мојава до 1 по полноќ нема шанси да заспие, и до 2 часот уште 2-3 пати ќе се разбуди е после тоа до 9:30 спие со неколку пати станување за цицање. Напорно ми е ама никако не можам порано да ја научам да заспива.
     
  17. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    Можно е, а замисли колку поголеми толку посвесни се. Јас откако ќе се вратам од работа имам мајмунче на вратот, не ме пушта, во никој не оди.
     
    На snegulkata, zuto, TIGARCE86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    25.505
    @Moira Ти благодарам на одвоеното време и советите, се надевам ќе ни помогнат :) !
    Синоќа го пробав твојот совет да не ја кревам кога ќе се подразбуди... Едно 5-6 пати се будеше во рок од 3 часа, 3 пати успеав да ја занесам со нишкање, но во другите 2 случаи немаше шанси да престане дури не ја зедов во себе. Не понудив цице,не е гладна 100% и само ми се ,,гали,, на цицето а 3 часот сабајле не ни е време за галење .
    Инаку се бањаме во исто време, внимавем што јадеме навечер, правиме напори да заспие со тапкање по газето...ама досега сЕ се тоа напори кои не придонесуваат помирен сон кај моето лигавешче!
    Уште еднаш ти благодарам на советите... Убав ден!!!
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.374
    Допаѓања:
    24.351
    Ај јас ќе кажам за една поинаква навика на син ми. Тој спие со нозете врз мене и обожава да му се откриени. Дури и спиејќи се открива цело време и само така се смирува, ако не, се врти цела ноќ па дури и се буди. Инаку не ми е претопло дома навечер, а син ми спие бос.
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    25.505
    Ова дури и слатко би требало да изгледа :lol: Нозете врз мамичка :P
    Море ако ти спие цврсто остај детето нека си ужива. Јас би ја оставила да спие па дури и нозете врз мојата фаца да и се,само таа да спие мирно!!!
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.