и мајките имаат право да ‘прчат нозе’ т.с јас тоа го викам одмарање.Дека е период не е.Еве ке видиш.Мојата е три години и како расте она за мене останува помалце време.Затоа што сега сака повеќе време да минува надвор,да се дружи,сака да игра со мене на земја,сака да и читам.Јас лично за 40 мин додека бебето спие неможам да исчистам.Затоа што 40 мин не ми се доволни за средам стан од 70 квадрати.Не е само фатив ради реда.Ако се чисти се чисти саглам еднаш неделно и тоа е тоа.А во меѓувреме само основното ке фатам.Затоа што сакам и да излезам,и да седнам на кафе некаде,и филм да си пуштам,и весник да читам.И имам право на тоа иако сум мајка де
Ние сме 3 месеца и две недели. Го бањам околу 19h-20h, млекото и запива. Се буди во 2h и 5h за јадење и во последно време околу 6:30-7h се разбудува. Преку ден спие повеќе пати, уште немаме некој посебен ред. Макс 3 часа преку ден е буден и преспива. На сабајле и поручек по саат и пол отприлика, а периодот од 12h до 17h најчесто знае да го поврзе со спиење. Во врска со заспивањето, сметам дека многу е важно бебето да биде “девет во кревет”. Имам забележано дека тогаш ми спие најцврсто и е во длабок сон. Откако еднаш ќе се разбуди, му иде како преспивање дека знае да се врти и мрда повеќе. Бебињата учат брзо, им треба рутина за да ја следат. Рутината пред спиење е најважна уште од првите денови на бебчето, за да разликува ден од ноќ. Кога веќе доаѓа 17h, сите игри со бебето, шетање низ соба и зборување постепено треба да се намалуваат. После бањање во спалната се облекуваме и се гасат светлата додека јаде. Нема телевизори, нема муабети веќе. Се има случувано и до 22:30 да не заспие ама нема попуштање. Во такви случаи, наредниот ден го држам повеќе буден пред бањање. Имам видено случаи каде што таткото со бебето гледа кошарка во 2 часот навечер. “Не сака да спие” ми викаа. Не е прашање што сака и не сака, туку што треба и мора. Рутината на спиење мора од мало да се навикне, дека како расте ќе биде потешко.
Ќе ти кажам една работа. Бебињата не се работи, па како сакаме ние така. Јас мојата се трудев да ја успивам во девет и ќе се разбудеше за 15 минути и ќе се растревожеше зашто јас со сила ја успивав и после до 2 по полноќ си седевме. Плус, доволна е само една настинка и да се наруши редот. Така што бидете среќни што ви спијат децата.
@Black girl не реков дека бебињата се работи, ниту пак дека не сум среќна што бебето ми спие. Само ја споделив рутината и некој совет што можеш да го прочиташ или да го прескокнеш. Свесна сум дека секое бебе е различно.
Па зарем има некоја мајка која не сака да и заспие бебето/детето во 21:00 и да и стане забајле во 07:00, а во текот на ноќта да се разбиди 2-3 пати за цицање и да си презаспие? Сите знаеме кога е најубаво време за спиење. Кога ќе заспие бебето порано мајката може саат-два да погледа ТВ, или да фати некоја работа по дома, или да му посвети внимание на сопругот. Не велам дека нема исклучоци ама верувам дека 90% од мајките го сакаат редот што го напиша @Annath Оваа е мојата најболна тема во првите 2 години од раѓањето на малата. Ќе ја заспиев со триста маки во 21:00-22:00 и она ќе спиеше до 00:00 на полноќ и си стануваше наспана освежена за игра до 03:00-04:00 сабајле. Мислите дека мајките не пробале се и сешто да ги презаспијат бебињата со цицање, да не палат светло, игнорирање и целочасовно нишање. Мајките се одморени и расположени и си викаат супер што ми се расони бебето сега ќе си играме. Треба ние максимално да се трудиме да му го воведеме редот "девет во кревет" ама тоа ќе си покаже кога ќе го прифати. Мојата го прифати на 2 год. кога тргна во градинка.
До родителите е, како ќе ги научите децата од раѓање, така ќе биде. Не сакаат да спијат, оти дење премногу спијат, поточно ноќта им е заменета со ден. Со првото дете ми беше потешко да ја воспоставам рутината, оти имаше грчеви, и постоеше опасност да ја замени ноќта со ден, но јас не дозволив да се случи тоа. Како што спомна членката погоре, приквечер почнуваме со стишување на денските активности, и припрема за ноќта, односно ноќен одмор. Стишување звуци, гасење светла и бањање за подобар сон. Цицање/млеко во спална соба и потполна тишина. Не шетање, не во раце, само на кревет. Летно време спуштање ролетни/темни завеси, никако шетање до доцна надвор (со изговор дека ќе спие во количка). И секој ден, ама буквално секој ден иста рутина, денските дремки да бидат скоро секогаш во исто време, со минимални осцилации. Моиве ич не се спанковци, ни двајцата, ама ноќе спијат. Да, се будат, и големиот се буди, станува за вода, мочкање, ама брзо презаспива. И кога не им се спиело, не дозволував да ми диктираат што да правиме ако е време за спиење. Легнато до мене, воопшто не дозволувам движење и станување, сега како што е поголемо моево и побесно е, се нервира, ама на крај заспива. Биоритамот се учи од раѓање, а не подоцна. И јас ќе речам дека сите деца не се исти, точно, има спијачи и неспијачи, наше е да го одредиме времето за спиење.
Во однос на заспивање, не сум имала никогаш проблеми со двете деца. Едноставно ги легнував во кревет, гасев ламба и испаѓав од соба. Думкање или случно ми е најискрено непознато. Такви биле децата. Автоматски се вртеле на страна и потерувале. Првата се будеше во текот на ноќта за цицање, по повеќе пати, додека беше мала. Но со воведување на вечерата и тоа го снема. Си ја преспиваше ноќта. Исклучок заби кога вадеше, кога тргна градинка или настинка. Ова како вонредни ситуации за будење. Но дење беше неспијач. Се случуваше уште од бебе цел божји ден ниту минита да не ми спие. Максимумот беше 1-2 на ден 15-30 минути. Кога со тие кога без тие. Така и си продолжи. Неспијач дење но навечер помеѓу 20-21 ја легнувам и си спие до сабајле. Малото исто, дење не ми е некој спијач. 2 пати по 30-60 минути, но со исклучок на период на вадење заби преспива ноќ. Од 2-3 месец некаде така тера. Јас не направив ништо посебно. Како што кажав, денски не ми спијат многу, плус скоро секогаш одиме на свеж воздух, ако ништо друго на тераса, и навечер пртпоставувам се уморни. Ритамот ден-ноќ само го воспоставија без јас нешто посебно да правам.
мисл дека грешка разбра јас не посочив никој овде дека тоа прави кажав општо што се дешава кај некои што ги има такви .. а ако оставаме запоставено не смета само на нас туку и на бебе и не е кон никој насочено ова туку општо што се случува реални да сме има мн што си прават тоа знаеш како јас не сакав никој да ве осудам ни најмалце баш затоа и наведов тоа си е мој став дека најбитно ми е да средам се и бебе се друго е на второ место може ми е претерано тоа што премногу сакам се под конец аа верувај и тоа како темпераментна е крофнава моја пред очи да сум и в раце беме голем дел па сум успеала секоаш се чистење детално да еднаш неделно ако не успеамна едната дремка стопирам со неа па одам на другата продолжувам а ноќе у никој случај не дозволувам се разб гугала па ајде смеење се е ред и не би рекла дека поголеми од 2 3 па натаму мн по тешко е оке има некои исклучоци али од мое искуство и на блиски после 2 год е олеснување се заигрува занимават сами итн се зависи до самите родители како ги навикнуваат ние нив ги учиме тие учат од нас не ние од нив .. како и дае темава брца кај многу затоа што и тешкотии и леснотии имаме сите а сите сакаме мир затоа галете гушкајте и малце труд секоаш резутира со добро и уживајте у младоста..
Искрено ред да ставиш е малку невозможно. Мислам оти нема која не се трудела. Малото само си фати ред за навечер. Преку ден не. Ама има и денови кога не оди по тој ред. Менуваат, растат. Моево, кога спие преку ден повеќе, спие и навечер. Кога не спие, не спие ни навечер Обратно како треба. Преку ден спие во раце моментално. Се нишкаме , или заспива со галење по главче или цицање. Не нишкам класично де, туку си го земам и шетам низ соба. Навечер се бањаме 20-21ч. Потоа цица и обично брзо заспива. Се буди 2 пати за јадење. Едниот од тие 2 пати е буден околу саат , саат ипол-гука, се смее. Другиот пат заспива дури цица. Ако стварно не бива, го легнувам до мене , ќе се залепи сам со главчето до мене и одма заспива.Галениче Некогаш си заспива сам. Станува околу 5, сабајле, буден е до 7 ќе цица и си презаспива пак на спална. Навечер си спие во креветчето. Така е најдобро.
Мамички колку ви е темно/светло во собата кај што спие бебето навечер? Не знам колку треба да е осветлена. Мм цело време ми вика дека му е темно на бебчето и затоа не спие/ плаче што мислам дека е нон сенс. Ама сепак не знам дали е таман. Имаме лампа во еден ќош од собата и е посветло од на пример вклучен тв. Според мене е релативно осветлено Како е правилно?
@Вереничка не ти треба повеќе светлина ќе му смета на очињата, доволно е пригушено светло баш како што кажа ламба во некој ќош. На почетокот користев некој период ламба потоа во темно, поубаво спијат.
Од кога се вративме од болница спие во креветче. Сега сме 4 месеци и преку ден спие на два саати по 30-40 мин. Навечер заспива накај 10 и во текот на ноќта се буди само еднаш накај 3 или 4 часот. Стануваме во 8 сабајле.
Тргнав на работа пред некое време. преку ден се супер со баба му. спие јаде си игра. ама навечер е хорор. И порано се будеше ама од кога тргнав на работа се влоши ситуацијата. Дека сум уморна го ставам до мене и веќе не знам по колку пати се буди и си цица. Порано по 2/3 пати цицаше преку нок сега не можам ни да бројам. Ама преуморна сум, немам сила да го нишкам цела вечер. Кажете ми какво е вашето искуство. Дали дур да се навикне на променава е ова и колку ке биде тешко да го вратам во креветче. До кај 11 12 спие во креветче после го зимам до мене. Убав викенд мамички
Исто и јас со маливе , на почеток мака мачев со грчеви ( кај двете деца ) но потоа сами си фатија ред . Секако јас гледав се што правев да биде горе-долу исто како предходниот ден , меѓутоа , и сами си барале своето кога ќе дојде време . Навечер се будеа различно . Синот 3 пати за млеко а ќерката 1-2 пати . Сега се веќе големки . Синко си спие цела ноќ , не ми се буди ниту за во тоалет . Оди пред спиење и наутро од кревет правац тоалет , има 3 години и 8 месеци . Ќерката е малку потешка , со тоа што на 1 година и 7 месеци се буди ноќе , не за јадење , туку за да си легне до нас . Колку се штрекав пред некој месец кога почна сама да оди , кога ќе слушнам чекори сред ноќ а знам дека е заклучено преку ден преспива 1 до 2 пати по 15-20 минути или пак 1 ама спиењето е подолго ( саат , саат ипол максимум ) потоа јаде , играат со бато , малку прошетка , навечер околу 9 бањање , млеко и кревет . Синот знае до 10 навечер да е буден , меѓутоа е веќе во кревет легнат . Исклучоци има кога вадат заби , посебно со синот бидејќи ги вадеше со 40 тт . Јас маки мачам со немирно спиење кај двајцата . Ги легнувам право ги наоѓам наопаку нозе на јастук главче на рамно
Мајкички цел ден се обидувам да пишам и никако не успевам Бебево мое ич не спие немам сила веќе, не се издржува. Три ноќи по ред не спие. Ја бањаме кај 6-7ч и давам да цица и ја успивам. Претходно за пола саат горе доле ќа ја заспијам, кога 7ипол кога 8ч веќе спиеше. Стануваше некогаш 2 па и 3ч. Цицаше и лесно презаспиваше најчесто и стануваше пак за два часа и после веќе се потешко за презаспивање. Сега одвај ја заспивам, ќе ја оставам ќе се разбуди и така до три пати може и конечно кај 9ч ќе заспие, и две ноќи се разбуди во 12ипол една во 11ч и после веќе нема спиење. Нишкај, пеј, шетај, музика, тишина, 15мин ќе спие ќе се разбуди. Пак истото, пола саат ќе стане. Па кенка па сака цице, и се така додека се раздени и 6-7ч веќе се откажувам и одиме во дневна. И ќе речеш изморена неспиена, таа пак не спие и преку ден. Цело време така по 15мин пола саат и тоа одвај два три пати со тешки маки. Зошто така? Што е проблемот? Немам веќе сила дење ноќе Немам време ништо да направам, ноќе не спијам, дење исто, претежно во раце ми е, па и кенка цело време плаче овие денови, кога треба да цица одвај дочекува да ја земам вреска, и кога цица прета мрда, пушти фати, па ќе се расплаче. Не знам што и бидна не правеше така. Зар вака ќе продолжи со неспиење? Ај една ноќ мислев стомачето да не е, има гасови, си прди ја слушам ноќеска и не се искака една ноќ, инаку обавезно еднаш е какана, ама па секоја вечер не е тоа Еве и сега одвај ја заспав. И пак прета мрда, ги крева рачињата не спие мирно и цврсто. Може ли да и е ладно или топло па од тоа да не спие? Ама ноќе, па и дење ли. . Сега седам и си мислам кога ли ќе се разбуди и пак ли истото цела ноќ
@Вереничка исти сме и ниеее како зомби сум ненаспана. Еве конечно сега заспа а се успиваме од 7ипол.сега за пола саат треба за млекце да стане и се јово на ново.. Има денови кога си заспива без нишкање со млекото (ние сме на Ад )како друго бебе. Сум приметила дека ако не ми спие дење и вечерта е истооо. Нез како издржува по 15 мин спиење и тоа в рацее..
Колку месеци има?а кога е време за млекце дали го зимаш бебуш до тебе да цица и леже и така пак одма ке си заспие.или пак малку да не му е млекце што се тегне на града.заби да не вади? Колку е темп.во соба.за спиење? Разгледај ги сите можности и ќе видиш каде е проблемот.а може и само период да е.
Која возраст се бебенцата ? Можеби вадат заби . Мојава на 5 ипол месеци извади прво забче а на 6 месеци ги имаше веќе двете од долу . Со лесно нека ви е , се надевам брзо ќе се среди